Home Live Владо Јаневски објави дали ќе пее на плоштадот Скендербег во сабота –...

Владо Јаневски објави дали ќе пее на плоштадот Скендербег во сабота – пејачот ја кажа вистината

Нашиот познат пејач и автор Владо Јаневски, во една прилика гостуваше на ТВ Канал 5. Владо рече дека самиот си ги пишува своите песни, и се пошегува- поефтино е така и рече дека сега не пишува песни за други пејачи, а порано пишувал за Тоше Проески, за Каролина Гочева.

„Имаше многу инспирација, имаше многу љубов, имаше многу девојки околку мене, имав и одвишок идеи.

Некои песни коишто не беа за мене ги напишав за дригите, и сега ретроактивно ги пеам на мои концерти.

Да речеме, со Копров, за Андријана Јаневска напишавме „Твоето писмо моја библија“, и сега ја пеам на мои концерти.

Тој текст мене ми е многу драг и се каам што воопштво сум го дал на друг, ама си го пеам на концерти.

На Каролина ѝ напишав една балада и на хрватски и на македонски „Кад звезде нам се склопе“, па таа ја препеа, па некогаш и не оди на хрватски, така да дури и песни што сум ги пишувал за други, си ги пеам- „Љубовта е моја религија е пишувана за Каролина, а ама јас си ја пеам на концерти.

Јаневски раскажа дека му фалат големите концерти, и дека се надева дека на пролет ќе може да одржи некој таков на отворено, а инаку во пролетните месеци поради нов албум тој ќе биде повеќе во Хрватска.

Владо потоа рече дека има спомени за Нова година и помни многу нешта:

„Можеби не се случува нешто многу околу мене, живеам еден мирен, многу спокоен живот, не е ни од далку бруно како што луѓето замислуваат, ниту гламурозно- кој знае како си го тераат животот ова пејачиве…

Воопшто не е така. Јас барем обожавам така да живеам, мирно спокојно.

Затоа и се преселив во Гевгелија, таму ми е многу спокојно, четири брзини поспоро него во Скопје. Мислев дека ќе ми биде убаво, не знаев дека до толку ќе ми биде убаво.

Штом отидам во некој друг град на концерт, прва мисла ми е-назад во Гевгелија, не ми е назад во Скопје, и веќе во глава ми дојде по дифолт, да си вртам десно за Гевгелија.

Не толку што е потопло, толку е мирно, луѓето се кротки, тоа ми одговара.

Не дека има нешто многу пријатели, не дека некој многу бурен живот имам, ама токму она што ми треба, еден спокоен, мирен живот, којшто е спротивност од шоу бизнисот.

Значи ако шоу бизнисот е брзо, лудо, бучно, интензивно, Гевгелија е се што не е, Гевгелија е се обратно.

Мирно тивко, и токму тоа ми треба за баланс“, рече Владо и потоа раскажа како ги пишува неговите песни. Рече дека ако е дома на пијано, а ако е во движење, бара гитара за да го забележи тоа што го напишал. „Кога си во движење, тешко е да дојдеш до клавир“; рече Јаневски.

ден од нашите најпознати пејачи кои со години таре на нашето естрадно небо, и околу него секогаш се крева прашина, зборуваше за најголемите трачеви кои за него се измислени во емисијата на Жаре, Еден на еден.

Жаре вртеше тркало на кое беа напишани најинтересните трачеви кои се смислени за Владо, а тој имаше задача да ги искоментира и да каже дали ги слушнал, и во тоа Јаневски се снајде на овој начин:

-Владо Јаневски е г ej. „О, да, ова е класика трач. 90-тите години ми беше тешко кога го слушнав ова. Дечко од 30 и кусур години, многу сакам жениве да ме сакаат, многу сакам да ги мењавам.

И одеднаш, некој ме саботира. Јас ова го сфаќам како саботажа. Некој ме саботира за да ги одбие девојкиве од мене. Се случило обратно, доаѓаат да проверат бе пустите.

Колку што на мене сега ми е смешни, верувај дека им било уште посмешно на жените кои биле со мене“, рече Владо. Потоа, следниот трач што се падна беше: Владо е лечен ал ко холичар, а тој одоговори вака:

-И тоа е исто класика. Пејачите локаат, пијат за воља на вистината. Али тој стереотип, на луѓето им е полесно копи-пејст да стават на сите. Има ситуација луѓе кои ме виделе во живо, и приметуваат кога ќе ме видат вака: Вода.

После три години, пак ќе ме види негде- вода. И со години, кога и да ме види, кај мене на маса стои вода. И кога ќе сфатат, се донесува конзензус, тој Владо Јаневски ненормален, пие само вода.

И веруваме дека сите се ал ко холичри и др ог ераши, овој не е, аха, значи завршил. Он бил таму, завршил. Пошто сега е тотално на нула, значи он го претерал, и сега отишол во друга крајност, а нас не фолира. Затоа што пресисал бе, затоа“.

Следно што Владо го коментираше беше: Сите песни се крадени од руски/итаијански, англиски песни, а Владо на ова рече дека во Македонија луѓето не можат да сфатат што е кра дење, а што е обработка.

-Надвор од Македонија не игра овој трач. Овој е наша специјалност, македонска. Од Табановце нагоре или од Богородица нагоре, сите нзаат што е обработка, а што е плагијат. И кога ќе чуе иста мелодија, а друг текст, аха, овој ја обработил.

Зашто побогу, музиката циркулиура, ѕвезди си пеат туѓи песни. Витни Хјустон зема од Доли Партон песна од пред 30 години, и ѝ го пуни контото. И Доли Партон и вика: Фала душо што ми ја обработи песната.

Во мојот случај, македончето, не зборам сите, чим чуе позната песна, италијанска или руска- еј, овој кра де, ло пов. Обработка. Ама, концептот на обработка нешто не им е јасен“, искоментира Владо.

Откако се објави владината реклама дека на Мировниот фестивал, кој предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи, ќе пее и Антониа Гиговска, младата пејачка го откажа своето учество.

Имено, таа нема да настапи на музичкиот спектакал кој ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“, по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, а за истото се огласи и на својот профил на Инстаграм.

„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму, бев приморана да го откажам мојот ангажман.

Се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна“ – вака Антониа го започна своето излагање, а потоа додека дека не сака да биде дел од манифестација поврзана со политика, а објави Хаштаг.

И Владо Јаневски беше рекламиран да настапи на овои фестивал, а се појавија монтирани реклами за неговиот настап, но по реакциите на јавноста и тој се огласи на својот Фејсбук профил и напиша:

– Официјално соопштение: Владо Јаневски не настапува на прославата која се одржува на 13.08 на плоштадот Скендербег во Скопје“; пишува на официјалниот Фејсбук профил на Владо.

Previous articleГоран Алачки куќата во Владимирово ја претвори во туристички центар- лепче, пиперче и компир манџа за гостите
Next articleСмел изглед на Ирена Спировска, отворен фустан, деколте и заводлива насмевка- се опушти нашата позната водителка (ФОТО)