Home Live Јована од ,,Сител” го покажа телото повеќе од било кога, не за...

Јована од ,,Сител” го покажа телото повеќе од било кога, не за џабе ѝ рекоа ,,Алал да ти е” (ФОТО)

Убавата водителка Јована Стојменовиќ е омилена кај гледачите кај сите генрации, особено кај оние што ја следат во Утринската програма на Сител, „Ја сакам Македонија“.

За својата работа, таа зборуваше во едно интервју за Гламур.мк.

„Притисокот е голем, пред се’ поради одговорноста кон респектираниот медиум – ТВ Сител и големиот број гледачи, но, засега, успешно се справуваме со секоја непредвидена ситуација.

Се случувало да се за пали пластичен чајник на рингла и да се зачади целото студио на две минути пред почеток на студискиот дел во живо или на некого од гостите да му се слоши од трема и тоа само момент пред настап…

Но, шоуто секогаш мора да продолжи и никој да не забележи ништо пред екраните“, изјави Јована за својата работа во интервју за Гламур.мк.

Лани, кога оваа убавица прослави роденден, на социјалните мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето.

Ова е предизвик. Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот. Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована..

Јована ја знаеме како скромна и резервирана, но минатото лето водителката изненади со фотографијата што ја постави на Инстаграм. Таа уживаше во луксузен ресорт во Турција, а позираше во костим за капење покрај базен.

„Сакам да го запомнам овој момент засекогаш“, вака Јована ја опиша сликата. Убавата водителка многу ретко зборува за љубовниот живот, а фотографии од својот дечко речиси и да не споделува, освен една.

– Срам ми е да лажам, стојам зад своите постапки, но кога сакам да заштитам некого… дојди да ти шепнам – сокривам информации“, рече Јована и на тема каење и љубов додаде:

-Се каам кога некому ќе дадам втора шанса иако знам дека ќе ја прокоцка, а кога нешто знаеш, обично така бива. Мојот живот за моја голема среќа е исполнет со многу љубов, а и се уште трае…

Мојот однос со партнерот за мене толку значаен што се плашам да дозволам да биде тема која луѓето ќе ја коментираат на кафе.

Се плашам да ги пуштам луѓето внатре каде што треба да бидеме само јас и тој. Имам долга врска, вљубена сум, а врската ми е толку долга што поради тоа официјално не сме ја означиле како брак“, рече водителката.

Знаете кога ќе минат години и години, заедно живеете и делите се, вие сте во брак, иако не сте се венчале.

Можеби и ќе се венчаме, но и ако не го сториме тоа, ние сме маж и жена“, изјави Јована пред извесно време.

Јована вели дека иако на многу од нејзините колеги не им е непријатно да зборуваат за својот љубовен живот, на неа ѝ е непријатно и затоа сака да го сочува далеку од очите на јавноста.

– Мене, а верувам и на повеќето жени, еднакво како и кај господата, првиот поглед ми го привлекува физичкиот изглед. Е сега, стандардите за убавина, иако се општествено диктирани, најчесто од мнозинството, сепак се и индивидуално дефинирани од сопствените погледи и сфаќања, но и некоја биохемија во секого од нас.

Тој прв поглед е најчесто оддалеку и за да има и втор прекупотребно е да „кликнете“ со личноста, не само со ликот. Во таа смисла и физичките и умствените аспекти, но и „машкото срце“ што го спомена во првото прашање. Да бидам поконкретна, талентот е нешто што многу ме восхитува, па и привлекува генерално кај луѓето.

Кога некого доживувате како мистерија, најдобро е да го прашате – што сакаш? Ако ви е навистина важно, внимавајте како ќе го поставите ова прашање.

Во интонативна смисла, односно да не звучи дека ТАА ви здодеала или ви се смачила потрагата по одговорот на тоа едноставно прашање.

За да не дојде до таква ситуација, неопходно е да прашате навреме, не откако ќе се измачите со обиди да задоволите некого, кој постојано делува незадоволно. Проблемот помеѓу нас (мажите и жените) е што не го делиме афинитетот и потребата од вербална комуникација со која убаво би се разбрале околу сѐ.

Јована објави заносна слика во бикини од плажа на која таа претходно имаше објавено на стори дека е всушност на приватна плажа.

На фотографиите може да се види како Јована ужива во костим за капење, а нејзините долги и слаби нозе одземаат здив, па во коментари и’ напишаа: ,,Алал да ти е”, што е навистина за пофалување нејзиниот изглед, кој пред се’ е многу елегантен.

Previous articleЃоко Јовиќ ѝ посвети емотивна порака на својата сопруга Ивана и ја нарече ,,Убавица”, еве што слават (ФОТО)
Next articleСпенџарска, зошто не го покажеш дечкото во јавност: Македончето не се научи дека може да си направи ремек-дело од својот живот, па проговори за дечкото