Home Live Еве како изгледаше во моментов најпопуларната Битолчанка на најважниот ден во својот...

Еве како изгледаше во моментов најпопуларната Битолчанка на најважниот ден во својот живот

Младата пејачка Марија Груевска се омажи за своето момче Синиша Стојаноски во еден манастир во близина на Битола.

Вчера започна свадбената церемонија, која уште долго ќе се прераскажува. Како што веќе најави и самата пејачка, нејзината свадба ќе трае 3 дена, а доколку гостите сакаат и повеќе, истата ќе продолжи.

Свадбата на една од најекстравагантните натпреварувачки кои се појавија на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, пред околу 600 гости му го кажа судбоносното „да“ на долгогодишното момче Синиша Стојаноски.

Невестинскиот фустан на Марија беа инспиран од „Малата сирена“, со тоа што, корсетот на фустанот беше изработен со школки, како и чантата која ја носеше со себе.

Свадбата ја направија по сите традиционални македонски обичаи, па така го имаше традиционалното бричење на зетот, одење по невеста, склучување на граѓински и црковен брак, како и забава која ќе трае цели 3 дена.

Покрај главниот бенд кој беше задолжен за веселбата, за микрофонот се фати и Александар Јосифовски, а нејзиниот сограѓанин Виктор Апостоловски на младенците им го отпеа несудениот евровизиски хит „Супермен“.

Она што особено ги фасцинираше гостите беше огромната торта на седум ката.

Неколку недели пред свадбената веселба Марија за „Гранд онлајн“ откри дека со Синиша очекуваат околу 600 гости, па на шега прокоментира дека прославата ќе трае три дена.

Покрај роднините и пријателите на свадбената церемонија присуствуваа и многу пејачи и колеги на Марија од „Ѕвездите на Гранд“.

Како што веќе откри Марија за српските медиуми, граѓанскиот брак и црковниот, како и прославата ги направија на отворено, кај еден манастир во бизина на Битола.

Помеѓу оние 600 гости кои ги очекуваа, имаше многу пејачи, помеѓу кои беа Виктор Апостоловски, но и нејзините колеги од „Ѕвездите на Гранд“, меѓу кои и македонските натпреварувачи – Александар Јосифовски и Марио Арангеловски.

По она што можевме да го видиме на социјалните мрежи, сите се имаа фатено за микрофонот, а првиот ден од големата прослава, помина во најдобар ред.

Previous articleВоја Недељковиќ запрепастен од потегот на Саша Поповиќ: Го прашав дали знае со кого разговара
Next articleГавазова ги покажа нејзините ,,корења”: ,,Моите драги..” Ова се мајката и таткото на пејачката (ФОТО)