Home Live Гавазова ги покажа нејзините ,,корења”: ,,Моите драги..” Ова се мајката и таткото...

Гавазова ги покажа нејзините ,,корења”: ,,Моите драги..” Ова се мајката и таткото на пејачката (ФОТО)

Гавазова под левата клучна коска ги има истетовирано зборовите „Љубов, надеж, верба“, но на италијански јазик.

Како што своевремено самата откри за медиумите, оваа тетоважа ја има направено со надеж и верба дека еден ден ќе го најде својот животен сопатник, што набргу и се случи.

Покрај оваа тетоважа таа имаше и една во форма на око, која пред извесен период ја покри со друга. Пејачката има тетоважа и на својата „позадина“ – нејзиниот хороскопски знак, стрелец.

Сузана и на едни фотографии кои ги има објавено нејзиниот колега Трајче Толевски во прв план ги стави тетоважите. Имено, Толевски објавил слики од него и од многу колеги кои се собрани заедно во ресторан.

Ќерката на Гавазова, Селена, прослави роденден, а по тој повод нашата пејачка објави видео и слики како семејно слават. Сега, таа објави уште слики со својата убавица, и јавно им се заблагодари на сите, но ги спомена своите подеми и падови:

– Сте биле покрај мене низ многу подеми и падови, и сакам да знаете дека јас секогаш ќе го правам истото за вас.

Ви благодарам што го честитавте роденденот на нашата ќерка Селена. Да сте живи и здрави,ве сакаме и уште еднаш благодариме на искрените честитки!“

Сузана Гавазова, откако се омажи за Јасмин кој живееше во Шведска, и таа замина во него во оваа скандинавска земја и роди две ќерки. Потоа, и на Сузе и на Јасмин почна да им фали Балканот, па си се вратија во Македонија.

-Не можам да ја споредам Македонија со ниту една друга земја, а нема ни потреба, ја сакам затоа што е моја. Ја сакам и Босна затоа што мојот сопруг е од Босна. Ја сакам и Шведска затоа што моите ќеркички се родија во Шведска.

Не дека Шведска е лоша земја за живеење, но мене лично и на моите ќеркички ни сметаше ладната клима и студениот ветер…

А потоа почна да му смета и на Јасмин. Секогаш кога ќе си дојдевме во Македонија не сакавме да се враќаме назад, и така еден ден решивме да си останеме во Македонија“, одговори Гавазова во едно интервју.

Сузана во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни.

„Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш. Тоа публиката го чувствува. кога песната е работена со љубов“ , изјави Гавазова.

Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.

Сопругот на Сузана, Јасмин се занимава со доста платена работа, со градежништво. Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој гради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.

Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.

Сузана е позната како пејачка која на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да испее авторска песна.

Како и сите музички изведувачи, така и Сузана Гавазова не можеше до скоро да има настапи непосредно пред публика поради мерките за заштита од вирусот. Но, затоа им пееше на обожавателите преку ТВ екраните и гостуваше на телевизиски емисии.

За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.

Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака. Во текот на пандемијата, Гавазова покажа дека има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.

Гавазова пред неколку денови беше на свадба, со семејството, а на свадбата присуствуваа и нејзините родители. Гавазова и нејзините родители изгледаа прекрасно, по повод прославата.

На селфито, кое пејачката го објави, напиша: ,,Моите драги родители”. Гавазова ретко ги покажува нејзините ,,корења”, а оваа слика сигурно и’ носи многу љубов во срцето.

Previous articleЕве како изгледаше во моментов најпопуларната Битолчанка на најважниот ден во својот живот
Next articleМаја Оџаклиевска се сети на важна личност- мојот Владо, никогаш непрежален…