Home Live Маја Оџаклиевска се сети на важна личност- мојот Владо, никогаш непрежален…

Маја Оџаклиевска се сети на важна личност- мојот Владо, никогаш непрежален…

Во Фејсбук групата стари Скопјани е напишан текст за стариот скопјанец Владо Бошков кој се упокоил пред 32 години. Ова е неговата приказна која се сподели во групата:

-Вреди да се потстетиме на овој ултра градски и скопски урбан лик. Владо Бошков, познат тогаш во Скопје како Владо Волот.

По вокација доктор во Брзата помош на Скопје, а во приватниот живот каратист, планинар , хедонист, познат скопски моторциклист и глобтротер кој и долж и попреку ја имаше извозено цела Европа со неговиот ТРИУМФ, од Грција па се’ до Скандиваија.

Моторот му беше најголемото задоволство и љубов во животот, а токму тој мотор му го одзема животот.

Ако добро чинам заг ина пред средината на ’90ите години овде, во Скопје сосема бесмислено во близина на раскрсницата кај ВЕРО кај АЛУМИНА или малку подоле на раскрсницата на Патизанска кај бензиската на МАКПЕТРОЛ кај “Букурешт”, не се сеќавам баш најдобро ….

Владо ми бесе комшија, на 50 ина метри оддалечени. Живееше веднас до основното училисте “Коле Неделковски”, на самиот агол од улиците “Антоние Грубишиќ” и “Отон Жупанчиќ” а наспроти него Бени, Арбен Гоља, исто така мој школски другар од исто одделение во “Коле Неелковски”, познат скопски урбан лик и адвокат.

Владо беше ретко благородна личност, кој во себе го носеше генетскиот код како микс од неговите исто така прекрасни родители. Мајка му Миланка, професорка во средното уметничко училиште.

Татко му Методија, адвокат исто така прав господин. Со изразито бела коса и дури кога одеше на пазарче (Буњаковец) одеше уфирцан во црно одело, кравата и бела кошула.

Од ретките тогаш во Скопје кој возеше ЦИТРОЕН ДС 21 (заба), банана боја. Нате, сестра му прекрасна и убава девојка, за жал и таа почи на пред извесно време , после многу долго боледување, барем како што имам слушнато.

Работеше во сервисот на СЛОБОДА Чацак на аголот на Ленинова во кучата на Негревци. Комплетно се разликуваше од сите тогаш познати фаци од убавите времиња во Скопје.

Не го интерсираше да оди на познати скопски забави, да види и биде виден. Напротив, индивидуалец во својот живот и кој премногу придаваше на своето тело.

Се сеќавам од прозорец го гледав секоја сабота и недела некаде околу 8 часот сабајле, без разлика дали беше зима или лето, тој правец врв на Водно и веќе во 9 ипол дома беше.

Бесе вљубеник и на трчањато. Можеби малку смешно, но како што реков си водеше свој уникатен приватен живот.

На пример во зима тој со маица со кратки ракави и бермуди ќе истрчаше низ Парк па се’ некаде по кејот на Вардар до мостот кај Влае, а на враќање ќе изедеше жива плескавица во ЕЗЕРЦЕ.

Покрај сите професионални обврски што ги изврсуваше како доктор во Брзата Помош на град Скопје, тој бесе и каратист, носител на црн појас, а во исто време и тренер во карате школата Партизан 4, каде што е сега Сити молот во Карпош 4.

Најпросто речено, редок алтан од човек. Но на крај, повторно ќе спомнам, судбината му била да на свои 42-3 години отиде на оној свет…. Старите добро велат, од суднината не се бега.

Данило од Недиќа, исто така цлен на оваа група го тагирав, бидејќи Владо му беше кум, а со татко му Пејо исто така каратист со црн појас беа нераздвојни другари и комшии само на 2-30 метри.

Данило, доколку го прочитас овој текст, поздрав до тебе и татко ти Пејо. Пиши некој ред у коментар несто за Владо. Најмалку е тоа што можеме за него да сториме во негово сеќавање…… Да беше жив, сега ќе имаше некаде 70 ина години…….

*** ИСПРАВКА направена во 22:50 часот кај делот по добивање на две приватни пораки кои ме демантираа за ова, инаку блиски пријател(к)и на Нате. : …. “Нате, сестра му прекрасна и убава девојка, за зал и таа се упокои пред извесно време, после многу долго боледување, барем како што имам слушнато. ”

ТРЕБА ДА СТОИ “Нате, сестра му прекрасна и убава девојка, за зал сега веќе подолго време тешко болна.” Се извинувам за оваа моја ненамерна дезинформација која и мене така ми беше пренесено пред извесно време“, стои во текстот кој го напишал Зорив Вироз.

Овој текст на свокто Фејсбук профил го споделила Маја Оџакиевска, нашата позната пејачка која е по потекло од Скопје. Владимир бил нејзин братучед, а Маја со носталгија се сетила на него и напишала:

Братучед ми ми Владимир Бошков – Влатко, од тетка Миланка и вујко Методије, се упокои прерано на 16 јули 90 година по туѓа вина. Никогаш непрежален.

Таа траг едија го вовлекла целото семејство во кош мар. Пофални зборови течат од сите кои имаа среќа да го запознаат.

Луѓето велат дека Бог го зема најдоброто за себе, а јас мислам дека можеше и да го почека мојот ангел. Поч ивај во мир брате, и вечна ти слава,“, напиша на Фејсбук Маја.

Previous articleГавазова ги покажа нејзините ,,корења”: ,,Моите драги..” Ова се мајката и таткото на пејачката (ФОТО)
Next articleТопло ѝ е во фустан или кошула, Антониа на настап само по гpaдник (ФОТО)