Home Live Топло ѝ е во фустан или кошула, Антониа на настап само по...

Топло ѝ е во фустан или кошула, Антониа на настап само по гpaдник (ФОТО)

Антониа Гиговска, една од најпопуларните млади наши пејачки, неодамна изненади белграѓани.

Таа на својот профил на социјалните мрежи, објави две видеа, како пее на улица, односно им се придружува на улични свирачи и ја пее „Македонски девојче“.

Антониа со овој потег наликува на светските ѕвезди, кои многу често знаат да застанат на улица, да запеат или засвират.

Антониа Гиговска гостувала во шоуто на Огњен Амиџиќ во Белград, а познатиот водител како и секогаш правел шеги во негов стил и рекол: Како на македонски се вика Ромео и Јулија?

А Антониа одговорила: Ромео и Јулија. На ова, Амиџиќ и рекол, драмата на цркнути шва лери, на што сите се насмеале.

Потоа, Амиџиќ ја прашува Антониа: Како на македонски се вика слатко во тегла? А Антониа на ова одговара- компот. Што, одговара Амиџиќ? А Антониа уште еднаш одговара- компот.

Слаткото на тегла, се вика компот, зачидено прашува Амиџиќ, а Анотниа вели Да, компот.

-Јас сум девојка која што е сосема природна, секогаш насмеана, расположена, секогаш околу луѓе, ќе кажам дека и се плашам да сум сама, нејќам да сум сама“, изјавио во едно интервју нашата позната пејачка.

Имам еден круг затворен на пријатели, тројца-четворица, кои што ми се тука секогаш за мене, 24/7, имам пријатели познаници, но секогаш не излегувам од тој круг на најблиски затоа што многу пати сум погрешила дека некој ми мисли добро, а воопшто не ми мисли добро.

-Ми кажале некои луѓе дека имам некој ,,гард” пред мене, дека одам исправено, дека не зборам, затоа мислат дека сум арогантна, но сакам да ја запознаат вистинската Антониа.

На прашањето дали некогаш имала непријатни ситуации на музичката сцена, со оглед на тоа што Антониа веќе 6 години активно го работи ова, таа проговори:

-Некогаш некој знае да биде пренападен, да те исплаши, да те следи. Сум имала моменти каде што имало и тоа, ми стигале и пораки во ,,риквест” на Инстаграм каде што гледам слики од кај мене пред зграда, преку прозорот од тераса…

Имало и моменти каде што на настапи некој бил, да не кажам прегруб ама пренападен спрема мене. Одеднаш, имало ситуација, дојде и ме крена во раце и пред сите тука на сцена и малце ми беше онака чудно, но се’ е тоа искуство…

Сум немала некои толку непријатни ситуации, но ете како што кажав на почетокот следење, пишување… До пред некое време ме плашеше, сега веќе не, можеби дека не сум го очекувала, па затоа.

Со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Министерството објави дека меѓу учесниците ќе биде и македонската пејачка Антониа Гиговска.

Иако од Министерство предводено од Артан Груби, на Фејсбук прво објавија дека пејачката ќе зеде учество на прославата на Рамковниот договор на плоштадот Скендербек во Скопје, потоа ја избришаа објавата и на нејзино место беше посочено дека на концертот ќе пее Јаневски кој го откажа учеството.

Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.

– Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира…

Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – стоеше во пораката од Гиговска.

Антониа ставила стори од нејзин настап во ноќен клуб, тоест прво видео како се шминка во саоба пред настап. На видеото, Антониа е само во градник и се подготвува за настапот.

Но, потоа, се појавило уште едно стори на кое Антониа настапува, а облечена е во истито градник од претходното стори.

На Антониа изгледа дека ѝ било жешко, па за настап не ѝ требала облека и настапила само по градникот а тоа го забележиле нејзините обожаватели и ја снимале.

Previous articleМаја Оџаклиевска се сети на важна личност- мојот Владо, никогаш непрежален…
Next articleСакав животот да ми заврши: Емотивна исповед на Дино Мерлин за својот најтежок период