Home Live Елена Петреска: Mи се случувало целото тело да ми се треси, а...

Елена Петреска: Mи се случувало целото тело да ми се треси, а јас да се правам дека сè е океј

-Искрено, не би требало да е тешко (да се вработиш во институција како МОБ), ако си го имаш талентот, сите поминуваме аудиција и на таа аудиција сме оценети, меѓутоа во Македонија и секаде во светот преовладуваат оние врскички.

Јас на пример, кога отидов во опера, мојата виза беше дека сум талентирана, пејам и дека ќе си влезам нормално, како што треба. Не барав никакви врски, 4 години бев хонорарец, волонтер и кога дојде нели редовно да има оглас, јас си се пријавив на тој оглас и така се вработив.

Сите што работиме таму, сите сме селектирани за да влеземе, значи никој не е влезен заради мајка му, татко му или политика. За да влезеш таму мора да имаш глас, мора да излезеш на сцена, таму нема да ти прости публиката, ти да кажеш ,,Извини, јас со врски влегов.”

Пред 2-3 години рече дека се повлекуваш од музичката сцена…

-Не, реков дека не снимам песни во моментот, меѓутоа беше извртен, како и секогаш што знаат да се извртат некои разговори. Јас цело време пејам, за тие што не се информирани, настапи имам.

Меѓутоа, мојата изјава беше дека јас во моментов немам зашто да снимам песни, значи бев на Макфест тој период, едноставно се разочарав со некои работи и сфатив дека немам што да понудам на естрадата.

Тој муабет беше поинаку презентиран од страна на новинарите и сите почнаа да пишуваат ,,Готово, се откажа”, ми праќаа пораки, ,,Зошто се откажа?”

Им викам, луѓе јас не се откажав, јас пак ќе си пеам, јас сите овие години пејам, настапувам, никогаш не сум прекинала.

Сум прекинала кога сум раѓала деца, дури имало ситуации каде што Михаил на пример, поминале тие 40 дена, а јас сум имала закажано настапи и сум морала да одам да отпеам.

-Настапувам со Игуана Бенд на моите настапи. Имам и македонски дел во репертоарот, меѓутоа повеќето се странски, има и блуз.

-Во Прилеп сум имала доста настапи, чувствувам поготово во клубовите, каде што си близок со публиката, едни од подобрите настапи ми биле таму, не не оставала публиката да завршиме, убава енергија и секогаш ми е убаво кога пејам во Прилеп.

-Вечерта на ПивоФест пеев и сабајлето со Игор Џамбазов, бевме на една од националните телевизии во живо, требаше да раскажиме за како помина првата вечер на ПивоФест.

И баш Ване Марковски ми кажува, на Игор му е роденден, да го изненадиме, и јас одма со трчање отидов до слаткара и купив мала тортичка, купивме свеќа и со Ване се организиравме.

Игор застана, пред камерите, а цело време ме гледа, јас стојам на страна, како зашто не дојдеш и јас се кријам тука и викам ,,Многу ми е топло, морам под сенка.”

И прво почна Игор со Ване и после излегов јас да му пееме ,,Happy Birthday”. Игор е секогаш прекрасен и заслужува.

Потоа Елена проговори за проблемот со анксиозноста и нејзините почетоци:

-Тоа беше многу одамна, не ни знаев дека тоа е анксиозност. Првпат ми се случи, почнав на факутет да студирам тука во Скопје, па имав една ситуација, и таа малку се изврти во јавноста.

Сакав да доловам една животна приказна, како ми се случи да прекинам на факултет, се вратив во Прилеп. Така малку разочарување, финансиско беше во тој период и мислам дека тогаш се случи највеќе оној тригер да станам анксиозна.

Не ни знаев што е тоа, дали се гледа, дали луѓето гледаат од страна што ми се случува мене во главата, навистина бев исплашена, почнав и некои анксиозни напади да добивам и после тоа целата таа ситуација си легна.

Слушав, читав вежби за анксиозност, она дека треба да ја пречекаш и да ја испратиш без да и даваш отпор, и тоа многу ми помогна, меѓутоа после ко видот, дека лежев во болница 2 недели, тогаш мислам дека беше тој вториот тригер кај што ми се врати анксиозноста.

Меѓутоа, не знам колку беше и анксиозност, колку што беше и оние последици од ко вид, оние вртоглавици и ми се повтори несигурност во себе. Сега работам доста на себе, сега сум подобра.

Искрено, не знам дали од тоа што сум толку години на сцена, толку пати сум се тресела, а сум изгледала дека се’ е совршено, поготово за децата, треба да си многу силен.

Буквално ми се случувало целото тело да ми се треси, а јас да се правам дека се е океј, да ги заштитам, нема зашто драми да се прават пред децата и највеќе ради нив, и ради себе сакам да работам на себе и да им пренесувам убава енергија.

-За враќетото во Прилеп, татко ми не беше во Македонија и во моментов финансиски имавме ситуација каде што јас не можев да седам тука, да посетувам факултет, да плаќам кирии и сметки.

Јас го имам оној оптимизам во себе, и седев така неколку месеци, почнав да тонам во де пресија и си реков, сите сами сме одговорни за себе, и баш се сеќавам тогаш, тетин ми Слободан Данко ми позајми 280 денари, толку беше картата од Прилеп за Скопје.

И со тие 280 денари, се качив и дојдов во Скопје во станот кај што претходно живеев со цимерките и почнав со свирки, претходно за себе мислев дека ќе бидам само класичен пејач, оперски,

меѓутоа сфатив дека морам да пеам и на настапи и едноставно така почна моето кревање. Почнав да заработувам и после тоа, се средија и работите дома, можеби тоа било само една лекција во животот, изјави Елена за Репортер.

Previous articleЛила главна играорка на свадба, еве кај која наша позната пејчка игpаше со синот Филип (ФОТО)
Next articleЈелена Томашевиќ искрено проговори за болеста: Забележав еден месец по породувањето, ми отече едниот прст