Home Live Каролина Гочева целата блеска со сопругот, фустан со деколте и романтични прошетки...

Каролина Гочева целата блеска со сопругот, фустан со деколте и романтични прошетки со Михаил (ФОТО)

Каролина Гочева, нашата позната музичка ѕвезда ја сакаат сите генерации, а она што на музички план таа уште на лето го најави е нов албум со преработки на стари песни од познати македонски композитори.

-Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата“, изјави Каролина.

Следниот месец, таа ќе прослави пет години брак со уметникот Михаил Корубин, а минатата година, кога славеа четири, по тој повод беа на одмор во Турција, од кој Каролина објави некоку фотографии на Инстаграм, а една од нив покажува како сопругот ја бакнува.

„Понекогаш знам да потфатам по дома, сакам да готвам. Не сум совршена, но сакам да експериментирам и сакам да правам некои работи“ вели Гочева. Таа истакна дека иако со нејзиниот сопруг Михаил Корубин и двајцата се уметници сепак успеваат да го прилагодат времето како им одговара во едно интервју за емисијата „Екслузив“.

„Тоа се прашања кои така се поставуваат. Прво кога ќе се мажиш, па потоа кога ќе родите бебе. Се разбира дека би сакале и тоа да се случи, но животот самиот си ги планира работите“, рече Каролина во истото интервју.

– Имам и најдраги песни,и најдраги концерти, настапи, патувања… навистина имало милион случки низ годиниве…сум пеела и среќна, и тажна и болна и вознемирена…

вака на прва, најдраги ми се можеби првите концерти во МОБ, 2014та со „Македонско девојче 2“, имаше некоја посебна магија од првиот до последниот, исто, анплагдот во 2012 во Универзална, летните амфитеатри имаат исто посебна магија, сноштипеев повторно во Хераклеја после 4 години…

патувањата… за песните пак, се случувало некоја да ми се допаѓа премногу додека ја снимам, па после да не ми е повеќе толку драга, а исто и некоја отпосле да ми прирасне за срце… но без сомнеж, од оние кои најмногу ме погодуваат кога и да ги пеам ми се „Капка под небото“ и „Кој да ми запее“.

Првиот настап ми беше на новогодишна приредба организирана од пионерски дом од Битола, ја пеев „Like a prayer од Мадона и уште од тогаш бев непоправлив тремаџија, хахаха. Истава песна ја пеев неколку месеци пред тоа на „Шарам Барам“, тоа пак ми беше прво ТВ појавување.

Имав 9 години и цел ден ги малтретирав моите по дома со моите „вокални егзибиции“ и со часови ги чекав на радио песните што ми се допаѓаа за да ги снимам на касета.

Супер е Михо, главно работи… и двајцата имаме доста обврски особоено периодов. Кога сме слободни сакаме доста време да поминуваме заедно и со нашите пријатели, отсекогаш многу гледаме филмови и серии, многу сакаме да јадеме, па доста готвиме по дома, а и ги посетуваме нашите омилени кафанчиња.

Сега времето е убаво, често и излегуваме, планираме и некое патување после мојов концерт“, рече Каролина во јуни месец во Женски магазин.

Каролина не споделува многу слики на Инстаграм, особено не од сопругот, но овој пат сподели убави слики од Италија со својот Михаил.

Каролина всушност била во Апулија или Puglia, (Apulia) која е една од 20-те покраини на Италија. Се наоѓа во источниот дел на земјата.

Главен град е Бари, а други познати градови се Таранто, Фоџа, Бриндизи, Лече. Апулија е позната како „пета“ на “италијанската чизма”.

На сликите кои ги сподели, таа е во фустан со деколте, а има и слики од нејзиниот сопруг Михаил како уживаат во заедничките романтични прошетки низ Италија.

Каролина споделила и една слика од плажа.

Previous articleОрце од „Арија“ се врати во Македонија и раскажа која е вистинската причина што се преселил во Холандија со семејството
Next articleЛила главна играорка на свадба, еве кај која наша позната пејчка игpаше со синот Филип (ФОТО)