Home Live Ламбе иако му е одземен пасошот најде начин како да оди на...

Ламбе иако му е одземен пасошот најде начин како да оди на летување со семејството, и тоа на ова прекрасно место (ФОТО)

Некогашната тинејџерска музичка ѕвезда Ламбе Алабаковски, по неколку години живот во Америка, заедно со својата сопруга Магдалена и синовите Михаил и Димитриј одлучи повторно да се врати во Македонија во родната Битола, минатата година.

Еден од првиоте настапи на Ламбе откако се врати беше во Битола, на концертот посветен на Тоше Проески и Аки Ракимовски.

– Навистина после седум години, на пробата за концертот, колегите ми кажаа дека не сум заборавил да пеам, дека имам кондиција. Многу ми е мило што од Битола пак почнувам после толку време, да отпеам песни од Тоше и од Аки.

Многу е убаво кога после толку години ќе се вратиш дома, ќе се вратиш на она што си го правел и работел долго време – вели Ламбе. Во Македонија е од лани летото. Одлучи да се врати повторно дома, заедно со целото семејство.

– Тука ни е целото семејство, и од двете страни, тука не влече срцето. Не е лесно да живееш некаде каде не си раснел без оглед што си постигнал таму.

Македонија ни е наш дом, родно место, тука сме сега и здрави и живи да сме, никогаш не се знае ништо, но планот ни е да останеме тука – открива пејачот.

По седум години пауза и еден убав нов почеток, Ламбе сака да продолжи со музиката. Во план се некои песни и видеа кои се надева дека ќе се остварат до крајот на оваа година.

– Имам еден материјал што не е издаден како албум, може тоа да го реализирам, во план имам и бенд да направам, да се смири пандемијата за да можеме концерти да направиме.

Откога се преселија на американската почва, свој дом основаа во Детроит. Досега посетиле 37 земји и сите со свои убавини и специфичности, но ништо не е како дома.

Ламбе Алабаковски објави нова песна по седум години пауза, а новото музико остварување е дело на Александар Тарабунов, а текстот е на Зоран Стојановски Зонда.

Во едно од ТВ интервјуата на Ламбе во емисијата „Еден на Еден“ на Жаре, пејачот раскажуваше доста интересни работи, а и запеа заедно со неговата колешка и пријателка Елена Ристеска.

Во еден момент Жаре го праша зошто се врати, што ти фали тука. Тој рече – носталгија, колку повеќе си надвор од земјата толку повеќе ти фали Македонија. Во Америка рече работел со камиони, транспорт.

-Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна!

Веќе петта година сме со мојата сопруга Магдалена во САД, тука живееме.

Да поправам некои дезинформации дека не живееме во Флорида, ние сме во Детроит. Мои добри пријатели живеат во Флорида па ние често сме таму како и на топлите краишта од овој континент и претпоставувам дека сте помислиле живееме таму по објавените фотографии.

Работам како транспорт оператор со своја мала фирма, а сопругата е прво добра и грижлива мајка а во слободно време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер. Многу ми помогнаа нејзините на самиот почеток тука да се навикнам на промените“, рекол Ламбе во Женски магазин додека беше во САД.

Можам слободно да кажам едно дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија!“, изјавил Ламбе.

Во јуни годинава, Ламбе Алабаковски доби суд ска мерка за претпазливост – одземање на пасошот, а неговиот прит вор заврши и го пуштија на слобода. Одлуката ја донесе Кри вичниот совет на Судот во Битола.

Веста за битолскиот портал Апла.мк ја потврди адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски. Ламбе беше е осмничен за подметнување пож ар во таканаречениот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Без огледа што нема пасошо и не може да патуав во странство, Ламбе е фул ангажиран со настапи низ цела Македонија. А сега, најде начин како да одмори со семејството, и тоа во Македонија.

Ламбе објави стори со својот син, како ужива во Трпејца во Охрид. Со својот син, тој уживал во веслањето, во ова прекрасно место кое инаку го нарекуваат и македонското Сен Тропе.

Previous articleПо долго време се огласи Андреа на Инстаграм: Сè уште ги процесирам работите и уште откривам што навистина сакам
Next articleВо бела чипкана наметка на јахта, го снима синот како скија на вода, Живкица знае како се живее