Home Live Лила главна играорка на свадба, еве кај која наша позната пејчка игpаше...

Лила главна играорка на свадба, еве кај која наша позната пејчка игpаше со синот Филип (ФОТО)

Лила веќе 10 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави: – Во овие 9 сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

И не само јас туку целата јавност. Тоа е емисијата со натпреварувачот Берзат од Велебрдо.

Целата емисија беше, смешна, забавна, со многу позитивна енергија , тоа е исклучително интересен човек со многу жувотни приказни.. Од Берзат научив и нов збор „канаќисавме“!“, рече познатата водителка.

– Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.

Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност.

Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.

Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално. Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен. Проектот секогаш зависи од гледаноста, што претставува навистина голем товар да почнеш и да одработиш нешто и да знаеш дека мора да биде гледано.

Сосема е нормално во оваа работа, ако емисијата не е гледана да биде укината. Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот.

Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно. На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе.

Но, не беше отсекогаш така. На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, изјави Лила во интервју за hybrid.mk

Често знам да ги гледам квизовите од серијалот на “Deal or no Deal”, бидеќи и “Се или ништо” е дел од нив, односно е правен по нивна лиценца.

Квизот го има во многу земји, ги гледам сите бидејќи на многу места е различен концептот, со оглед на тоа дека секоја земја го адаптира на сопствениот менталитет. Учам од сите нив бидејќи сум застапник на ставот дека секогаш можеш да научиш нешто друго и многу повеќе.

Заради тоа, јас се уште работам со љубов и ќе продолжам да го правам тоа се додека имам предизвик. Имав среќа мене да ми биде доделен овој проект од мојата телевизија, Сител.

Веројатно во првиот момент кога нема да го чувствувам тоа, не е исклучена можноста да застанам зад камерите, во друга улога“, додаде таа.

На новите слики кои ги објави на Инста, Лила порача: Ајде да летаме. Таа е облечена во долна облека во виолета боја, и зад неа има авион, а Лила изгледа како авион.

Во една прилика, Лила откри како и успеава да изгледа толку добро. „Умерено јадам, јадам колку што сум гладна, и не морам јадам се што ќе видам. Јадам се, ама во помали количини, никогаш цела порција“.

Лила објави сториња како меша на свадба, и според нив таа била една од највеселите гости таму. Лила всушност објасни за чија свадба се работи во едно стори.

-Ова е Васка, дамата што во оригинал ја испеа „Едерлези“. Денес го жени синто Ален, кој со мојот Филоп се другари уште од градинка“, напиша во објавата Лила.

Васка Јанковска, жената која го испеа хитот ,,Едерлези’’ (,,Ѓурѓовден’’) во култниот филм ,,Дом за бесење’’ е инаку од Скопје. Таа долги години беше дел од бендот на Горан Бреговиќ, и стана позната по настапите низ целиот свет.

Васка во 2018 година доби признание од Сојузот на Ромите за придонес и развој на Ромската филмска уметност. Наградата и ја додели тогашниот претседате на Сојузот, сега веќе упокоениот Амди Бајрам.

Според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа живее во Скопје со синот. Многу честитки се појавија на Фејсбук по повод венчавката на нејзиниот син Ален, а среќната свекрва се пофалија на Фејсбук.

-Среќна венчавка Ален и Анита, Бог нека ве благословува со многу љубов, среќа, радост и деца и вечно заедно да остарите. Амин“, напишала таа на Фејсбук когва била венчавката на синто, а според сторињата на Лила, сега се одржала и свадбата.

На друга снимка, таа е со синот Филип и уживаат во заедничките моменти поминати на оваа весела свадба.

Previous articleКаролина Гочева целата блеска со сопругот, фустан со деколте и романтични прошетки со Михаил (ФОТО)
Next articleЕлена Петреска: Mи се случувало целото тело да ми се треси, а јас да се правам дека сè е океј