Home News Медот ќе стане луксуз? Еве колкава се очекува да биде неговата нова...

Медот ќе стане луксуз? Еве колкава се очекува да биде неговата нова цена

Сведоци сме на континуирано поскапување на цените и тоа не се случува само кај нас, туку речиси во целиот свет.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58 отсто во однос на одлуката од 11.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140%, кај дизелот зголемување во просек за 2,090%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит,

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година во земјава имало над 99.000 пчелни семејстсва, при што во полошко има скоро 36.000, а на североистокот од земјата има 23.408 пчелни семејства.

Истокот имал 10.323, југозападниот регион броел 14.097, југоистокот е со 4.827, пелагонискиот регион имал 2.807, скопскиот 1.902, а вардарскиот регион имал 6.207 пчелни семејства.

Сведоци сме на бројни поскапување од ден на ден. Пред се тоа се однесува и на прехранбени продукти и слично.

Формирањето на цената велат зависи од повеќе фактори не зависи од медарите. Климатските промени, глобалното затоплување влијае на количините на производство на квалитетен мед.

„Пчелите не идат со гориво, но ние идеме до пчеларниците со гориво така ги носиме материјалите кои од четвртти месец се качуваат најмалку 30-50% од даски до сите други потребни материјали. Пред три години еден кубик даски беа 180 евра сега е 360“, вели пчеларот Рамадани.

„Трошоците се зголемени за 60 до 100%. Кога зборуваме за горивото пчеларниците се оддалечени од нашите домови, а мораме секојдневно да патуваме за да ги посетиме.

За одржување на новите роеви потребна е шеќерна прихрана, а шеќерот е поскапен за 100%. Амбалажите се поскапени за пакување на медот“, истакна пчеларот Ванчо Кировски за ТВ21.

За пчеларите оваа година била една од најдобрите според количините на мед. Но, очигледно и според цената ако се земе предвид дека медот ќе го продаваат до 20 евра.

Ако до минатата година се продаваше за 10 евра годинава цената на медот е зголемена за 20 до 30 отсто заради економската ситуација и покачувањето на трошоците.

Па, се поставува прашањето дали и медот почнува да станува луксуз?

„Не сметам дека е скап, бидејќи една тегла нутела од 750г чини 270 ако го пресметам 1кг. нутела чини 500 денари. Мед со нутела да се споредува е кат астрофа. Медот се вади еднаш годишно, а нутела можеме да правиме кога сакаме во фабрика“, изјави пчеларот Нусмир Рамадани за ТВ 21.

„Цената на медот во зависност од економската логика на пчеларите треба да се движи минимум 600 денари, а максимим до 1200 денари“, изјави пчеларот Ванчо Кировски.

„Ние не сакаме да биде луксуз медот, сакаме да биде достапен за широка потрошувачка како превентива и како исхрана , но природата си го прави тоа“, додаде Кировски.

Previous articleГоца Божиновска ифрит лута во врска со синот: Им здосади заедничкиот живот со свекрвата
Next articleТимчо Муцунски објави колку пари биле потрошени за кафеани и патни трошоци во 2021 пред тој да стане градоначалник