Home Live Орце од „Арија“ се врати во Македонија и раскажа која е вистинската...

Орце од „Арија“ се врати во Македонија и раскажа која е вистинската причина што се преселил во Холандија со семејството

Музичарот Орце Димитровски, познат како гитарист и вокал на групата „Арија“ со сопругата Биљна и со двете ќерки живее во Амстердам. Биљана и Орце со десетгодишната Бјанка и три ипол годишната Каиа во моментов се на одмор во Охрид, како нивна летна традиција.

Сите се сеќаваме на големите хитови “Минута или две” и “Само Господ е сведок” кои пред неколку години немаше кој, а барем еднаш во себе да не ги запее. Да, станува збор за познатата македонска група “Арија”.

Својата кариера, групата ја започна како дел од едно од шоуата на Драган Вучиќ. Арија настапуваа и на фестивалите, и на многу веселби.

Орце Димитровски беше еден од нивните членови, но тој пред неколку години се пресели во Холандија, каде што се занимава со сосема друга работа.

Имено тој е ИТ инженер. Во интервју за магазинот Везлика, Орце и неговата сопруга Билјана која е вистинска убавица и е магистер по економски науки рекоа дека ја избрале Холандија како земја во која можат брзо да напредуваат.

Тие изјавија дека животот таму ги потсетува на поранешна Југославија, на убавото време кога луѓето оделе на излети, и повеќе се дружеле во природа. Уште од почетокот на нивниот брак тие биле поборници за заминување надвор од Македонија.

Орце изјави дека Холандија е земја во која има неограничени можности за луѓето од ИТ секторот, и за квалитетните кадри, успехот е загарантиран со сигурност. Рече дека му неодостасува музиката.

Сега, Орце во Женски магазин искрено зборува за својот „двоен“ живот додека бил член на групата Арија, навечер музичар, а преку ден компјутерски инженер, а Биљана за нејзината возбудлива работа која ѝ помогнала да запознае светски ѕвезди како на пример Џиџи Хадид соработуваќи меѓудругите и за познати модни компании.

– Отсекогаш и двајцата бевме поборници за живот надвор од Македонија, а при тоа сакавме да останеме во Европа, на стариот континент.

Одлучувачкиот момент најверојатно се случи кога се роди нашата прва керќа, бевме веќе 3 години во брак, и сфативме дека преселбата е неминовно нешто доколку сакаме нашето дете (деца) да расте во средина во која ние посакувавме“, рекле Орце и неговата сопруга.

Сè повеќе ми фали дружбата со гитарата и музиката. Животот на “сцена“, убавите дружби, песната, снимањата , патувањата и сите убави (и помалку убави спомени) се неодвоив дел од мене.

Од друга страна пак, иако на публиката непознато, оние што ме познаваат знаат дека мојата љубов спрема информатиката и компјутерите потекнува од мали нозе, од времето на мојата прва “Амига“, “Атари“, “Комодоре“ купени во исто време со мојата прва гитара, малата хармоника и тарабука дома.

Се сеќавам како вчера на книжарата “Култура“ пред влезот на нижото музичко училиште каде што ги купив првите книги за “Бејзик“ правејќи мали шеги за моите маалски другари како сме ја хакнале НАСА, хахаха.

После долго живеење двоен живот, дење Орце од „Касис“, „Мелон“, „Еконет“, „Стопанска Банка“ ,„3ХР“, (морам да ги поздравам, многу ми фалат) и ноќе Орце од „Арија“ (не ми фалат толку многу оти се гледаме и дружиме често),

решивме заедно со Биљана да имаме повеќе време за нашата, тогаш единствена и мала Бјанка, сега 10 годишна татина маза заедно со, уште малку 4 годишната татина и мамина маза Каиа.

Решението беше тато да престане со двојниот живот и да спие кога сите спијат за да има сила и време. Изборот беше направен. Назад на прашањето, тешко, беше многу тешко“, рекол овој музичар.

Навикнувањето не беше тешко затоа што одамна ја имав рутината на “канцелариското“ работење, раното станување (јас го сакам утрото и раното станување).

Мојата кариера ме однесе од мрежен и систем инженер, техничка поддршка и инженер за ескалации во Palo Alto Networks, до мојата сегашна позиција како консултант за Technical Customer Success Manager во Netskope. Да поедноставам, се грижам за техничкото водење и консалтинг на неколку од нашите најголеми корисници“, изјавил Димитровски.

-По првите чекори во Controlling во ЕВН, во Холандија продолжив да работам во слична насока, Business Controlling. Мојата професионална кариера во Холандија започна во комапнијата) PVH (Calvin Klein & Tommy Hilfiger) каде за прв пат вистински почувствував што е да се биде одговорен за иднината на една компанија“, изјавила неговата сопруга.

Потоа, кажале зошто си заминале од Македонија и кои нешта се убави во Холандија.

-Ја обожавам едноставноста на луѓето, пиењето на кафе во природа наместо во кафе барови, во наједноставна облека, без шминка и без никакви предрасуди од околината.

Пробувам да се сетам на нешто лошо во живеењето во Холандија и веројатно единственото нешто што би го издвоила е непристапноста до здравствените работници – специјалисти.

Најдоброто нешто се секако нашите фамилии и пријатели кои го правеа животот во Македонија многу поубав. Комуницирањето на мајчиниот јазик е исто така огромна благодет која за жал во странство не можеме често да ја почувствуваме.

Кога би зборувала за најлошо несшто од живеењето во Македонија, веројатно би допрела чувствителни теми, затоа можеби би го издвоила квалитетот на воздухот кој всушност беше и најголемата причина поради која решивме да ја напуштиме татковината“, рекле тие за Женски магазин.

Previous articleМарија Шерифовиќ во фустан, ваква не сме навикнале да ја гледаме (ФОТО)
Next articleКаролина Гочева целата блеска со сопругот, фустан со деколте и романтични прошетки со Михаил (ФОТО)