Home Live Ова е мажот на Анета Наковска, Спиро кој има ќерки, на две...

Ова е мажот на Анета Наковска, Спиро кој има ќерки, на две нешта е особено горд во животот и доста има вложено (ФОТО)

Анета Наковска е секогаш интересна за јавноста, и поради нејзините настапи во Македонија и во дијаспората, и поради приватниот живот.

Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски неколку години живееше на релација Македонија-САД.

Во Македонија, тие најмногу уживаат во семејниот дом во Охридско Велгошти. Анета од време на време знае да објави слики од својата куќа со базен во која се релаксира.

Куќата каде што живеат е целата изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен.

Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.

Камените ѕидови и прекрасниот камин прават одлична хармонија, а просторот во дневниот престој е надополнет со кожена гарнитура.

Таа и Спиро, кој е нашинец од Америка се во брак пет години, а Наковска во една прилика раскажа како се запознале. Во емисијата на нејзиниот колега и пријател, за жал сега веќе по којниот Драган Вучиќ, познатата фолк-пејачка откри интересни детали од приватноста.

–Со Спиро првпат се бакнавме во авион. По само девет дена ме побара за жена. Партнерот не само што ми дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку и директно е вклучен во креативниот дел. – раскажа Наковска.

Она што е уште поинтересно е што таа често споделува фотогтафии од ресторан „Деспина“ во нејзиното Велгошти, а споделуваат и нејзните колеги од фолк сцената како Стојне Николова на пример.

Она што се гледа на сликите е дека ресторанот е ист како нејзината куќа во Велгошти. По тоа може да се заклучи дека Наковска и нејзиниот сопруг решиле да го спојат убавото и корисното и куќата да ја претворат во ресторан со внатрешен базен.

Наковска често објавува слики како си ужива токму покрај базенот.

Се гледа дека ресторанот на Наковска по кризата со пандемијата е собиралиште на сите нејзини колеги кои веќе таму имаат настапувано, како Стојне Николова, Мишко Крстевски, Татијана Стефановска, Сања Цинцева…

Колешката Стојне Николова сними видео како опуштено се шета покрај базенот во ресторанот, и напиша:

Уште еден убав момент од преубавиот ресторан „Деспина“. Наковска пак видеото го сподели на нејзиниот профил како знак на благодарност кон колешката што ѝ го рекламира ресторанот.

Кај Спиро Крлески, сопругот на Анета може да се забележи дека на неговиот Фејсбук профил има доста слики со својата сакана, а најмногу од оние каде што заедно уживаат во америка, на плажа и во џакузи.

Но, има и други нешта на кои е тој доста горд, а тоа се неговите ќерки од кои исто така има слики на Фејсбук, а последните со помалата ќерка се од 2 август.

Спиро е исто така горд на неговата куќа во Велгошти, која ја претвори во ресторан.

И насловната слика на неговиот Фејсбук профил е токму од оваа куќа, тоест сега ресторан, и на неа точно се гледа за колку голем објект се работи и колку Спиро има вложено.

Previous articleСоња Тарчуловска се подмлади, еве како целата блеска во прегратките на Јохан (ФОТО)
Next articleМарија Шерифовиќ во фустан, ваква не сме навикнале да ја гледаме (ФОТО)