Home Live По долго време се огласи Андреа на Инстаграм: Сè уште ги процесирам...

По долго време се огласи Андреа на Инстаграм: Сè уште ги процесирам работите и уште откривам што навистина сакам

Победата на Андреа Коевска на македонскиот избор за Евросонг за многумина беше изненадување. Дури и таа вели дека сè уште не може да поверува дека песната “Circles” победи, па во мај ќе ѝ се исполни детскиот сон да пее на Евровизија во Торино.

„Никогаш не сум била поспремна во животот. Слушнав секакви коментари, ама се трудев да не ги читам негативните. На луѓето не им беше јасно како еден анонимец може да победи. И не им се лутам.

Јас дури пред една година почнав посериозно да се занимавам со музика, моите песни се на англиски и се пуштаат на светски радиостаници, ама не и кај нас, што ми е чудно”, раскажа Андреа во емисијата „Без маска” на „Репортер”.

Не крие дека песната што ја направија заедно со Александар Масевски е за нејзина поранешна љубовна врска што многу ја повредила. „Ми требаше една и пол година да се опоравам, но музиката ми помогна да го надминам тој лош период”, кажа Коевска.

Мајка ѝ е лекар, а татко ѝ професор на правниот факултет, па не биле баш воодушевени кога решила музиката да ѝ стане професија. Но, денес ја има нивната безрезервна поддршка.

И додека нè водеше низ населбата Козле, каде што пораснала, раскажа за животот во Америка, каде што првпат слушнала госпел хор.

Нè одведе и во кик-бокс студиото каде што вежба повеќе од една година. А спортот ѝ оди толку добро, што сака да се пријави и на натпревар.

„Јас сум борбена, но никогаш не ги решавам проблемите со насилство, туку решавам да заминам ако се најдам во непријатна ситуација.

Внимавам што јадам, тренирам постојано и сакам да го имам најдоброто тело на Евровизија оваа година, или барем најдоброто тело што јас можам да го добијам со спортувањето”, рече таа и ни откри дека не носи често штикли, иако добро ѝ стојат.

Андреа Коевска преку видео порака се извини што го фрли македонското знаме за време на фотографирањето во Торино. Таа објаснува дека тоа било ненамерно и дека не сакала никого да навреди, преку видео порака во која вели:

-Здраво на сите, сакав да направам една кратка изјава овде од отварањето, затоа што видов што се пишува по медиумите иедноставно не ми се верува, затоа што последниве неколку дена единственото нешто што го правев- гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но, во момент, каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, бараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене, и јас одлучив во момент да го фрлам знамето.

Не беше од омраза, затоа што јас сум горда што доаѓам од тука, и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука за да ја претставам Македонија во најдобро светло, и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.

Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст, и се надевам дека можеме така да поминеме. Не ми беше никаква намера да навердам некој, ако го направив тоа, се извинувам, го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме навистина да поминеме со ова“, рекла Андреа.

По долго отсуство од социјалните мрежи, нашата претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, се огласи на Инстаграм:

,,Здраво, здраво, само сакав да ви кажам дека сè уште сум ЖИВА. Знам дека не бев активна последниве неколку недели ама искрено не се чувствувам како да сакам да се вратам целосно, посебно на социјалните мрежи.

Сè уште ги процесирам работите и уште откривам што навистина сакам. Најважната работа за мене моментално е повторно да се поврзам со моето постоење.

Па, во тој случај ве оставам да го слушате каверот на ,,Paramore’s Misguided Ghosts.” Ви благодарам за трпеливоста, напиша Андреа на својот Инстаграм профил на англиски јазик.

Previous articleТимчо Муцунски објави колку пари биле потрошени за кафеани и патни трошоци во 2021 пред тој да стане градоначалник
Next articleЛамбе иако му е одземен пасошот најде начин како да оди на летување со семејството, и тоа на ова прекрасно место (ФОТО)