Home Live По долго време, во јавноста се појави Росана Петревска, бившата на Коки...

По долго време, во јавноста се појави Росана Петревска, бившата на Коки од „Дуле и Коки“, еве колку добро изгледа и каде одмара

Портпраролката на АМСМ, Росана Петревска, порано Јанков, бепе доста актуелна во јавноста и по нејзината работа, како успешна деловна жена, и по разводот со виолинистот Коки Јанков со кого има ќерка.

„Во моите очи Дуле и Коки тие беа ѕвезди, а јас млада девојка која амбициозно си ја почнува својата кариера како хонорареец во МТВ. По неколку години на иницијатива на мојот братучед излеговме со него во дискотеката „Б2“ каде што свиреа Дуле и Коки.

Само што влеговме во диското, забележав едно многу убаво момче, ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед. Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав.

Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него. Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака: Здраво.

Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој. Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа точно 10 години, години кои ги поминувам со мојот љубен, во среќа, хармонија, пријателство“, раскажачла Росана за Коки додека биле во брак, пред 5 години во Женски магазин.

– Денот ми почнува со бакнеж од ќерка ми Лара и гушка од Макс (Бушон фризе, нашиот најсакан). Утринското кафе сакам да си го испијам сама, ако сум дома на тераса, а ако сум на работа со релаксирана музика и со моите почитувани колешки и колеги.

Кога утрински ќе го зграпчам денот со убава и позитивна енергија, летам со најголема посветеност кон работата. Во текот на денот знам да се напијам уште едно кафе заедно со тимот на АМСМ и да уживам.

Ме мотивира Лара, мојата среќа, но и животот и предизвикот во ова време невреме да испливам достоинствено кои моите цели. Мојот пат е трнлив и не секој го изодува, но мојата крајна цел е чиста и јасна.

Хороскопски дупла скорпија кога ќе постави цел, таа секогаш за многумина изгледа многу висока, но за мене е предизвик за да си докажам дека скалите од поглавје до поглавје треба да бидат што повеќе мотивирачки.

Знам дека најголемата поддршка и мотив ми е нана Убавка од Калифорнија која е редок пример на човек кој вешто си го чувам и негувам.

Агендата ја правам зависно од проектите кои ги работиме. Ангажираноста на мојот тим е голема, но голема е и желбата да успееме да ги убедиме да ни ја ко-финасираат кампањата за безбедност, за да можеме и локално да делуваме со истата.

Мојата посветеност, прецизност и професионалност се секогаш на ниво на задачата за тоа што во одреден период ми е фокус.

Во однос на приватниот живот, несомнено на прво место е Лара и тековните обврски поврзани со незиното школување и воннаставните активности. Секако, тука се и заедничките прошетки со Макс кои ни овозможуваат, мене и на Лара, секојдневно пешачење, но воедно и разговори и другарување меѓу мајка и ќерка.

Откако ќе завршат обврските се релаксирам со добра книга, со добра музика“, изјавила таа во истиот медиум.

Независен весник објави слики од Росана, која во последно време како да ја нема на социјалните мрежи и во медиумите. Росана одмара во Охрид и изгледс топ, според сликите објавени на овој портал.

Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) викендов можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата“, пишува Независен.

Повлечена целосно од јавноста, многу малку се знае за неа по разводот со музичарот. Често е отсутна од државава и ретко може да се види тука. Таа со ќерка си Лара оваа година патуваше низ Европа“, стои во текстот.

-Бескомпромисна сум и не прифаќам изговори од типот „немам време, имам премногу обврски, имам деца…“ Жената е дама од своето раѓање и не треба многу време ниту пари за тоа да дојде од израз.

Потребна е само желба. Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате“, рекла таа претходно во Независен.

-Како изгледа Росана сега, и што друго изјавила,можете да погледнете ТУКА.

Previous articleНора Шаќири опуштено во бикини ужива на плажа и раскажа што работи (ФОТО)
Next articleПо нарушеното здравје за кое искрено прозборе, водителот Ненад сега пак живее во полни гради, еве каде ужива со семејството