Home Live Соња Тарчуловска се подмлади, еве како целата блеска во прегратките на Јохан...

Соња Тарчуловска се подмлади, еве како целата блеска во прегратките на Јохан (ФОТО)

Соња и Јохан Тарчуловски неодамна објавија интересни слики на социјалните мрежи, како се на турнеја низ Италија, и тоа моторџиска, а често патуваат низ Европа со мотор.

Соња објави стори како се со Јохан се на мотор, и уживаат во нивните нови моторџиски авантури. Таа до оваа слика упати важна животна порака која гласи: Животот не е проблем којшто треба да се реши, туку стварност која треба да се доживее“.

Нашата позната фолк пејачка Соња Тарчуловска вели дека иако досега имал многу настапи, никогаш не била повозбудена и немала повеќе трема отколку во септември минатата година, кога ја гледаше својата ќерка Мелани како пее на голема сцена.

Мелани со своите 16 години беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, со песната „А ти“. Елегантна и шик, Мелани на сцената на „Долни Сарај“ одлично се претстави на Интернационалната вечер, а на прв поглед таа навистина изгледа како да е Соња, во помладите години.

Фолк-пејачката е горда на тоа што нејзината ќерка толку личи на неа. Често ме споредуваат со мајка ми врз основа на личниот опис и се согласувам дека е тоа така“, изјави Мелани по настапот во Женски магазин, а Соња ѝ беше голема поддршка на ќерка си од публиката.

Иако ѝ е главна поддршка на ќерка си во музичката кариера која е на самиот почеток, Соња своја авторска песна немаа снимено 9 години.

-Последниот настап ми беше со песната „Моја библија“ на фестивалот во Валандово. Музиката секогаш е присутна во нашиот дом. Тоа што јас не сум со ангажирана во моментов, не значи дека така ќе остане и понатаму.

Сега засега приоритет е Мелани. Целата моја професионалност ја насочив кон семејството. Тие се мојот мир и мојата најголема љубов“, ни изјави Соња.

Мелани е најстарото дете на Соња и на Јохан Тарчуловски. Тие ги имаат синот Младен кој има 15 години, а најмалата ќерка Јоана има 7 години ќе тргне во второ одделение.

Мелани, возбудена по настапот во Охрид, ги раскажала деталите за песната и за идните планови.

-Песната “А ти” беше снимена во студиото на Иле Спасев, којшто е и аранжер на песната. Сè се одвиваше доста брзо и спонтано, посебно бидејќи до мене имаше искусна личност за соработка како него.

Тука сакам да ја спомнам и Весна Малинова која беше меѓу првите кои ја слушнаа мојата прва авторска песна и ми беше голема поддршка.Песната носи многу јасна порака:

Кога сонце заоѓа, ја знам темнината во која ти ме убиваш, а немаш причина. Зад сцената атмосферата беше пријатна и опуштена исто како и на сцената.Сè беше онака како што очекував.

Моето семејство е мојата најголема поддршка отсекогаш. Мајка ми беше со мене до последната минута пред настапот“, раскажа Мелани и искоментира како е да си постара сестра на Младен и на Јоана.

– Да се има големо семејство е дар и голема среќа. Среќна сум што ја имам таа можност да сум сестра на две прекрасни дарчиња“, изјавила младата пејачка.

Таа учи во средното музичко училиште “Илија Николовски-Луј”, и вели дека училиштето ѝ помогнало во процесот на создавање на новитети на мизички план. Во слободно време, за неа пишувањето текстови и поезија е вистинско уживање.

Иако со музика активно не се занимава последниве години, Соња Тарчуловска секогаш сака да запее добра стара македонската народна песна.

Соња Тарчуловска, порано Величковска, во музичкиот свет остана запамепета по песната „Во бело“, која и денес се пее и до денешен ден на многу свадби.

Кога се врати дома по долги години, Соња на Јохан Тарчуловски му ја посвети песната „Добредојде“. „Вашиот маж треба да ја чува и негува жената.

Порака до мажите, ако вие ја покажувате и искажувате почитта кон сопствената жена, безрезервно таа ќе цвета. Не заборавајте, жената е покрај мажот ако тој заслужил.

Дали верувам љубов? Со сето мое срце и душа верувам во љубовта, и сакам да останеме до крајот на животот со Јохан“, кажа во едно интервју Соња.

Соња на Фејсбук ја сменила своја профилна слика, и на неа изгледа доста помладо и посвежо. Облечена е во отворен горен дел во розова боја, и целата блеска во прегратките на својот сопруг Јохан.

Соња во една прилика има изјавено дека таа и Јохан имаат поминато низ доста препреки, и сега се среќни заедно, што се гледа и на оваа фотографија. Инаку сликани се свадба, како што Јохан на Фејсбук претходно објавил.

Previous articleПеро Камиказа даде детална пресметка: 250 денари за билет за Меморија во Битола, и кога ќе се платат сите даноци, што останува за музичарите?
Next articleОва е мажот на Анета Наковска, Спиро кој има ќерки, на две нешта е особено горд во животот и доста има вложено (ФОТО)