Home News Тимчо Муцунски објави колку пари биле потрошени за кафеани и патни трошоци...

Тимчо Муцунски објави колку пари биле потрошени за кафеани и патни трошоци во 2021 пред тој да стане градоначалник

Една од мерките за справување со економската криза со која се соочува државата е и рационализација на трошоците.

Општина Чаир ќе купува луксузни сувенири во време на економска криза, пренесе минатата недела ТВ Алфа.

Објавила тендер за изработка на леени фигури ама само на албански значајни личности како „Скендербег“, „Мајка Тереза“, „Саат Кула“ и „Хасан Приштина“ – сите овие гравирани од алуминиум. И тоа не е се.

Во тендерот кој е објавен на веб страницата на општината, се бара да се купат и 1.000 столици, над 500 чаши и шишиња сувенири, сите гравирани со логото на општина Чаир. Но, не само тоа, на листата се и дрвени привезоци, украсни камења.

Во тендерот никаде не пишува колку пари на чаирчани ќе бидат потрошени за набавка на овие сувенири. Тендерот ќе биде отворен додека на него не се јави најповолен понудувач, пренесува Алфа.

Од друга страна, аналитичарот Боби Илиевски ги коментира реакциите на опозицијата за парите кои биле потрошени за прослава на рамковниот договор, а не си гледа во својот двор:

„Трошењето за прослава за Рамковен(70.000 евра) во време на криза е луксуз. Ок.

Што правиме со разните пастрмајлијади, пивтијади, ракијади на кои за гостувањето на една турбофолкпеваљка од Србија, се трошат повеќе пари, од колку за целата прослава на Рамковен.

Настрана што градоначалниците секој ден плачат и бараат пари од Владата“, пишува Илиевски.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денес на својот профил на социјалните мрежи, кажа дека тој за угостителски услуги и патни трошоци оваа година, потрошил нула денари.

Истовремено објави и колку трошеле неговите претходници:

„2022 – Година со НУЛА денари потрошени за угостителски услуги и патни трошоци во Општина Аеродром

За првпат од своето постоење, Општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши нула денари за репрезентација и патни трошоци.

За споредба, во 2021 година, до почетокот на нашиот мандат за угостителски услуги биле потрошени 167.279,00 денари, а за патни трошоци 155.941,00 денари.

Непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии немаат никаков директен бенефит за аеродромци. Затоа, ставаме крај на недомаќинското работење и ги отстрануваме непотребните трошоци.

Аеродромци се сведоци дека #ПроменитеСеСлучуваат, а ние продолжуваме со засилено темпо да работиме за интересите на граѓаните од Општина Аеродром.

Previous articleМедот ќе стане луксуз? Еве колкава се очекува да биде неговата нова цена
Next articleПо долго време се огласи Андреа на Инстаграм: Сè уште ги процесирам работите и уште откривам што навистина сакам