Home Live Во бела чипкана наметка на јахта, го снима синот како скија на...

Во бела чипкана наметка на јахта, го снима синот како скија на вода, Живкица знае како се живее

Нашата позата водителка Живкица Каленикова, мајка на три деца и сопруга на Зоран Калеников секогаш има што да каже во јавноста и е интересна за медииумите. Таа во една прилика, во Женски магазин зборувала за своите почетоци на ТВ.

– Се сеќавам како денес да беше, чувството на огромна исполнетост. И среќа секогаш кога ќе се спомнеше телевизија, а уште повеќе кога започнав да го живеам мојот сон т.е да станава полека реалност.

Колку и да звучи клише, навистина бев опседната со магијата на телевизијата и од мала сонував дека тоа е нешто што навистина сакам да го работам во животот.

Моите почетоци се поврзани со еден навистина инспиративен период, за дете кое ќе се најде меѓу докажани новинари професионалци, да се оправда дадената шанса, да се успее меѓу најуспешните.

Кога заминав од МТВ, ја основав и Но лимитс продукција, преку која реализирав проекти кои се емитуваа на Сител, па со лиценцираниот квиз „Најслаба алка“ бев дел од Алфа телевизија и потоа повторно дома.

Во периодот кога си заминав од МТВ, ја запознав и магијата на радиото. Имав можност да истражувам на едно ново поле, медиум, но сосема поинаков за мене. Во радиото ја немате магијата на сликата, туку само магијата на звукот, гласот.

Тоа се покажа како едно навистина одлично искуство. Траеше околу 13 години, почнувајќи од стар фм, Сити радио, па Метрополис радио мрежа.

Кој знае, можеби еден ден повторно ќе застанам зад радио микрофонот, но сепак во моментов, телевизијата останува моја прва љубов“, рече Живкица.

Таа прво ја водеше емисијата „Тунел“, а потоа „Жилет шоу“, каде што разговара со разни соговорници на социјални теми.

Работа, учење, посветеност, истражување, почит, ова се дел од лекциите на кои се темелат основите на моето првично телевизиско искуство.

Лекции кои би било убаво да се учат и денес, односно да се наметнуваат кај новите генерации.

Ние навистина работевме многу посветено, учевме дали и колку вистински ја сакаме работата во медиум или е само обичен хир. Морам да бидам искрена и да забележам дека и од тоа време не има навистина многу, кои сме дел од оваа работа и ден денес.

Сериозна е моќта на медиумите и навистина ми е жал што многу работи се искривија низ годините, кога се во прашање медиумите: Ова посебно кога имаме сведоци за едно навистина поинакво време за значењето на медиумите и работата во нив.

Да, точно е дека времето на превирања ме зафати и мене. Тогаш решив и да заминам од македонската телевизија, која навистина ја сметам за свој дом, место каде пораснав се изградив како водител и новинар и каде ја добив животната шанса.

Но, кога имате средина која ве оптоварува, подобро да си заминете отколку да изг инете. Тоа е барем мое мото“, изјавила таа. Неодамна, во епортер, Живкица прозборе за загубата на родителите.

Тоа не е момент кој се пребородува. Се научувате да живеете со една таква болка. Тоа што сум мајка, од друга стрна ми дава една друга сила, да се фокуссирам и да се насочам во животот, односно да ја собирам силата и енергијата за тие што се тука, како што некој бил за мене.

Утеха се моментите на среќа и исполнет живот којшто сте го имале, среќна сум што сум растела безгрижно, и што сум имала мајка особено лавица. Тука бил татко ми, но мајките мислам дека имаат дна друга улога во животот на децата, и нивното присуство е многу поразлично.

Беше исклучителна жена која навстина живееше за децата и за нејзиното семејство. И сум среќна што сум растела во таква средина каде што некој постојано ме мислел.

Многу ми помогнала за децата, двајцата мои родители, тројца беа, мали беа, во брзо време родени.

И исклучително бев благословена што ги имав во тој период од животот. Неизмерно ми недостасуваат. Но, веројатно, тоа е што велат- ова ме освести и созреа на еден друг начин. Она што го слушаме, циклус на живот, одиме, доаѓаме и така натаму, сега го сфатив.

И сфатив дека животот е вистина да се живее, да бидете со широко срце, да подаватев рака, да бидете тука за вашите блискуи, и да го дадете вашиот максимум во позитивна смисла нели, да ја остварите својата мисија овде на земјата.

Тие заминаа брзо, еден по друг, веројатно и таа енргија, и таа што велиме врзаност на две души, вистина е. Бидејќи тој не можеше без неа. И тие заедно беа од деца, од некои 16 години, и тоа веројатно имаше поврзаност во нивната приказна. Така да, веројатно немате избор, во тие ситуации.

Уште повеќе ме освести што замина во смисла на, утрото го правевме разговорот многу нормален и едноставен, до вечерта имате информација дека некого го нема. По чина од срцев удар за 15-тина минути. Потешко и поболно и по шо кантно е што не сте спремни.

Никогаш не сте спремни, но ова е еден друг ш ок и стрес кој е дополнителен во таа ситуација. Тоа веројатно ви прави една друга подготвеност, пак се враќам дека нема подготвеност. Знаете како, складирате по фолдери во вас, до каде, што како.

Си имате свои минути, свои моменти за да си ја исканализирате тагата која ја носите секој ден во себе, но пак ќе речам, имате одговорност како родител, имате одговорност кон вашите пријатели, среќа што како што поминуваат годините се разретчуваат пријателите, но јас сум среќна и благословена што ги имам оние вистинските“, изјавила Живкица.

Новата слика која Живкица ја објавила на Инстаграм е од море, и таа само кусо напишала: Мајка и син, создаваме спомени. На сликата, Живкица е во бела наметка од чипка, во костим за капење и на јахта.

Таа ужива додека нејзиниот син скија на вода, а таа го снима со насмевка на лицето. Живкица навистина знае како да живее и да ужива во летото, и секоја чест за тоа.

Previous articleЛамбе иако му е одземен пасошот најде начин како да оди на летување со семејството, и тоа на ова прекрасно место (ФОТО)
Next articleНора Шаќири опуштено во бикини ужива на плажа и раскажа што работи (ФОТО)