Home Live Дани Димитровска конечно го покажа дечко ѝ: Во прегратка со саканиот на...

Дани Димитровска конечно го покажа дечко ѝ: Во прегратка со саканиот на плажа

Даниела Димитровска или Дани Димитровска е македонска поп-пејачка и родена е на 4 јуни 1979 година во Скопје.

Димитровска ја започна својата кариера на музичкиот натпревар Макфест во Штип со песната Само ти ми требаш. Песната беше добро прифатена како од публиката, така и од новинарите.

Во 2000 година, таа се појави на националниот избор за Песна на Евровизија со песната А некогаш. Истата година, таа го роди своето дете, наречен Лазар.

По разводот, таа одлучи да земе пауза во кариерата, со цел да го одгледа нејзиниот син.

Песната Срца две беше нејзиниот големо враќање и тоа се смета за најголемиот хит кој беше број 1 на сите македонски топ листи цел месец, и # 4 на МТВ Адриа. Димитровска беше првата македонска пејачка која стигна да се запише на МТВ Адриа Топ 20 листата.

За Дани Димитровска времето како да застанало. Иако со различен имиџ, пејачката и денес изгледа одлично како на почетокот од кариерата, кога на „Макфест“ во 1999 година ја испеа песната „Само ти ми требаш“.

Во тоа време, Дани беше во брак со Јоцо, со кого го имаат  синот Лазар. За својот поранешен сопруг, таа претходно изјави дека ѝ бил најдобар другар, се знаеле од деца, и живееле во иста населба.

Се разделиле кога и двајцата сфатиле дека подобро им оди како пријатели“, објави во една прилика Женски магазин за оваа наша пејачка.

„Мајка ми и татко ми се глувонеми, па од таму љубовта за музиката, која, за жал, не секој може да ја чуе. Тие не ја слушаат, но ме научија да го сакам фолклорот оти одеа во фолклорно друштво за глувонеми“,изјави еднаш Дани во интервју за Репортер.

– Моите родители само имаат оштетен слух. Меѓусебното разбирање не секогаш побарува совршено здраво уво. Тоа ме учеа во детството. Фала богу што било така, преку нив научив да разбирам со срцето.

Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите. Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии.

Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат.

Денес како прави пензионери, кога ги посетувам, гледам остарени лица што играат карти во дневна со пиво на маса. Тие насмеани, јас уште повеќе“, рече таа за Женски магазин.

– Не сум доживеала исклучителна лична трагед ија за која подигнат глас би значел подигнување на свест! А во први редови сум за подигнување глас на оние на кои вистински им треба.

Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување.

Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира.

Со години живеам во хармонија со својот партнер во заедништво“, рече Дани во интервју за Женски магазин.

Во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, таа зборуваше за својот син Лазар кој студира во Холандија.

-Јас ги почитувам сите слободи на секој човек, вклучувајќи го тука и мојот син. Сум пробувала да инспирирам, никогаш да влијаам, меѓутоа тој со музика нема апсолутно никаква допирна точка, освен тоа што мајка му е музичар и ништо повеќе од тоа.

Сака музика, гитарата ја потсвирнува, меѓутоа никогаш не сакал да нурне длабоко во тој свет, веќе си е во некој свој. Јас тоа го почитувам, функционира супер. Втора година е на факултет, во Холандија, и тоа е тоа.

Секогаш за се, што и да одлучи дека сака да направи, јас никогаш нема да кажам дека тоа не треба и не смее“, рече Дани и одговори на прашањето дали Лазар коментира за нејзината јавна работа, за она што го сработила и за нејзиниот стил во јавноста.

Секогаш коментира, добро сепак е возрасен, за некој месец ќе наполни 21 година, и баш ми е некој вид на гласот на младоста, значи од генерација кои сега влагаат во овој возрасен свет. Коментира скоро секогаш, посебно на Инстаграм знае во инбокс да ми напише: Мамо, тргни ја сликава!

Има нешто што не му се допаѓа. Знае да даде и комплименти, меѓутоа, мислам дека се грижи, и е тука да даде некое си свое мислење, иако не сум го прашала за истото. Другарски ни е односот, и се е дозволено“, рече Дани.

Дани Димитровска, рокерката со уникатен стил е интересна појава на нашата естрада уште од почетокот на нејзината музичка кариера.

Дани е позната по многу хитови, интересен стајлинг, таа е мајка на Лазар, но никогаш јавно не зборува за својот приватен живот, всушност, многу ретко.

Димитровска сега конечно го покажа својот дечко Весел, кој е познат скопски угостител. Таа на Инста објави стори со својот сакан, како се прегрнуваат, а тој ја бакнува.

На друго стори, Дани објави убав морски пејсаж, што зналчи дека таа и Весел уживаат во заеднички одмор на море, но Дани не се означила каде се наоѓаат.

Previous articleФросина Ременски: Дали Цар Самоил бил Бугарин или Македонец?
Next articleГо покажа имотот кој му носи милиони, познатиот Ју пејач откри од што најмногу заработува