Home Live Денот кога се роди дознав што е вистинска, бесконечна и безусловна љубов:...

Денот кога се роди дознав што е вистинска, бесконечна и безусловна љубов: Елена Ристеска емотивно за својата најдрага личност

Иако изминатиов период е во некакво музичко затишје Елена Ристеска е повеќе од активна на многу други креативни полиња но и мошне успешна во сето тоа.

А како потврда дека е посебно успешна и во нејзината дваесетгодишна кариера мошне јасно говорат интернационалните награди кои згуснато се редат изминатиов период.

Ажурна и внимателна во градењето на кариерата но скоро брутално искрена во искажување на своите ставови ни открива што се‘ професионално ја окупира деновиве“, напиша Слободен печат на крајот од минатата година за нашата музичка ѕвезда Елена Ристеска.

После 20 години кариера природно е да се жнее она што било посеано и вродило со плод, да се собираат награди и признанија за претставување на македонската музика во светот.

Впрочем од самите почетоци ја претставував мојата земја на фестивали како “Сунчане Скале” во Црна Гора, “Голден стаг” во Романија, па потоа како претставник на “Евросонг” во Грција, “Радиски фестивал” во Белград, Србија каде бев прогласена за најдобар изведувач и победник според Радио ОСМ Пале-Република Српска, “Балтик Сонг фестивал” во Шведска итн.

Со тоа стекнав почит и фанови насекаде низ светот, особено после Евровизија“, пишува понатаму Слободен печат за Елена, а таа за овој медиум изјави:

– Последниве неколку години иако бев посветена на брендот за козметика, имав мал милион понуди за песни и соработки, и работев на нивна реализација, меѓутоа како проаѓа времето и годините станувам премногу пребирлива , токму заради таа одговорност што ја имам кон фановите.

Но, многу ми е важно да отпеам нешто што мене ќе ми ја отвори душата и ќе ми ја извади емоцијата, што мене пред се’ ќе ми се допадне, само на тој начин публиката ќе ја доживее пораката.

Текила и лимон” беше еден пример дека луѓето надвор од Македонија знаат да почувствуваат модерен призвук, но не и дел од луѓето во Македонија. За мене тоа беше навреда како музичар, да донесеш нов звук и цел Балкан да го копира и постира.

А луѓето во твојата земја да го критикуваат до толку што размислувам дали да се трудам на оваа земја да и донесам нешто модерно и ново преку мојата музика или да одам по принципот на “комфор зона” и да направам веќе чуена шлагерска мелодија.

Како и да е, имам неколку демо песни и дел од нив се мојот “ас во џебот” па наскоро ќе се потрудам да ги претворам во аудио и видео реализација“, изјавила Елена.

Елена Ристеска пред извесно време за „Бекстејџ“ сподели детали од нејзината животна приказна за јавноста. Разговорот почна со прашањето, дали е свесна дека веќе со години е главна мета на злите јазици, односно што од напишано и кажаното досега за неа е вистина, а што лага.

– Што и да зборуваат, не можат душата да ми ја земат. Што и да кажат, единствено чувство што ми предизвикуваат е сожалување бидејќи за да мразиш некој мораш претходно да го сакаш. Во случајов не ми грешат на мене, му грешат на Бога- кажа Елена.

Пејачката пред камерата на Бекстејџ, се потсети на последните денови кои ги поминала со својот херој татко, како што го нарекува таа, но со солзи во очите зборуваше и за предвременото раѓање на нејзината внука Делфина и неспокојот кој што го чувствувала додека чекала вести во болница за нејзината состојба.

– Кога ќе се осврнам кон минатото, единственото нешто што ме погодило биле траг едиите кои што ми се случиле. Мојата внука се роди предвремено, се роди буквално во седмиот месец од бременоста кој беше доста ризичен и за неа и за сестра ми, и само тоа може да ме погоди.

Емотивна, да , се уште можам да бидам кршлива, но само за најблиските и за неправдите генерално што се случуваат во Македонија“, изјави Елена за Бекстејџ.

Елена Ристеска обајви слика од својата сестра и внуката Делфина, која полни одум години и напиша: СРЕЌЕН 8ми РОДЕНДЕН на мојата внука Делфина. Денот кога се роди дознав што е вистинска, бесконечна и безусловна љубов. ТЕ САКАМ ТЕТИ МОЈА.

Елена често објавува емотивни објави за својата Делфина, а ова е една од нив.

Нека е жива и здрава убавицата на тетка. На сликата со нов е инаку и сестрата на Елена, мајката на Делфина.

Previous articleГо покажа имотот кој му носи милиони, познатиот Ју пејач откри од што најмногу заработува
Next articleЈорданка: Уште на 30 јули ви кажав и Вилма и Арафат – адио рагаци