Home News Фросина Ременски: Дали Цар Самоил бил Бугарин или Македонец?

Фросина Ременски: Дали Цар Самоил бил Бугарин или Македонец?

Информациите од заедничката бугарско – македонска историска комисија, кои вчера излегоа во јавност, покренаа многу реакции во јавноста.

Со свое мислење, на социјалните мрежи, се огласи и професорката Фросина Ременски.

-Прашање: Дали браќата Кирил и Методиј се Бугари или Македонци

Одговор: Не се ниту Бугари, ниту Македонци, туку се Византијци. Византија водела космополитска политика, признавајќи ги како Византијци (Ромеи во тогашниот речник) сите што говореле грчки и биле православни христијани.

Оваа политика придонела за брза асимилација на населението кое се доселувало на нејзината територија. Словенските доселувања на Балканскиот Полуостров започнале во шестиот век и кон крајот на седмиот тие го населиле целиот полуостров.

Староседелното население останало единствено на високите планини и покракј морскиот брег, а дел од него се населило на островите во Егејското Море, на Сицилија и Јужна Италија.

До крајот на осмиот и почетокот на деветиот век словенските доселеници биле Византијци, кај кои единствено опстанале елементи на културата, меѓу кои и нивниот словенски јазик.

Прашање: Дали јазикот што го употребиле св. Кирил и Методиј за превод на светите книги бил бугарски или македонски

Одговор: Не бил ниту бугарски, ниту македонски туку старословенски.

Преводот на светите книги не бил наменет за населението на Балканот, туку за населението на Моравска (денешна Чешка). А тоа што за тој превод, наменет за населението на Моравска, бил употребен јазик што се говорел на Балканот, е најеклатантниот доказ дека старословенскиот јазик сѐ уште не поминал низ процес на диференцијацита и оттаму сеуште бил јазик на целото словенско население – и она од Балканот и она од Средна и Истчна Европа.

Прашање: Која била целта на изумувањето на стрословенска азбука и преводот на светите книги на старословенски јазик?

Одговор: Целата била дел од империјалната политика на Византија. Византија имала амбиции да ги освои, или барем да ги стави под свое влијание, сите територии населени со Словени, но во 800-та година добила конкуренција.

Тогаш бил прогласен за цар Карло Велики, а тој веднаш искажал амбиции да ја прошири територијата на своето царство на исткок – на териториите населени со Словени.

Со оглед на тоа што со прогласувањето на Карло за цар била направена коалиција меѓу Франкиската држава и Папскиот престол, во конкурентски односи не стапиле само двете царства, туку и двете патријаршии – Римската и Константинополската.

Браќата Кирил и Методиј биле високодостојници на византиската црква, која била во подреден однос кон византиската власт и која играла улога на претходник во планираните освојувања.

Имено, прво се праќале свештеници за да го покрстат населението кое било цел на империјалното ширење, а потоа следувале другите освојувачки постапки. А бидејќи средна Европа му била поблиску на Карло отколку на Византијците, тие биле ставени во ситуација да измислуваат други средства за обезбедување на просторот што го имале зацртано како простор за наметнување на своето влијание.

Она што го смислиле, притоа, било словенското писмо и словенскиот превод на светите книги. Ова претставувало прекршување на табуто на тројазичието (прописот христијанството да се проповеда единствено на: хебрејски, грчки и латински јазик).

Да, Св. Кирил и Методиј ги поставиле основите на словенската писменост и затоа треба да ги славиме како сесловенски просветители.

Но притоа, не треба да изумиме дека целите на првото словенско писмо и првите словенски книги не биле просветувањето на Словените, и не особено оние што живееле на Балканот. Просветувањето било ненамерна (и веројатно непоскувана) цел на кирило-методиевската мисија во Моравска.

Прашање: Дали Цар Самоил бил Бугарин или Македонец?

Одговор: Бил Ерменец кој основал царство на територијата на географска Македонија и кој самиот се прогласил за бугарски цар, а за таков го сметале и неговите современици.

Во светската историја се споменува Василиј Втори, кој ја победил самоиловата војска во битката на Беласица, како Василиј Македонецот Бу га ро у би ецот.

Притоа, името Македонец е врзано за неговата припадност на македонската династија, која го добила името по основачот на таа династија Василиј Први.

А Василиј Први бил Ерменец, кој бил наречен Македонец затоа што неговите имоти биле на територијата на географска Македонија.

Така, би било соодветно цар Самоил да биде дел од заедничката – македонска и бугарска историја.

Учев од мојата духовна мајка проф.д-р Марија Ташева која е научник со бистар и продорен ум. Ова е вистината за која пишува таа, а јас знам дека е така.

Previous articleНашата водителка во фустанче на прерамки покажа со што располага и колку е згодна (ФОТО)
Next articleДани Димитровска конечно го покажа дечко ѝ: Во прегратка со саканиот на плажа