Home Live Голема промена во животот на Ване Маркоски- искрено раскажа на кои луѓе...

Голема промена во животот на Ване Маркоски- искрено раскажа на кои луѓе животот им мава клоци

Ване Маркоски е еден од најпознатите ТВ и радио водители во нашата државата. Долго време не забавува пред малите екрани со неговите емисии кои се со најразлични тематики, а важи и како голем љубител на животните.

Моментално е актуелен со утринската програма на Македонската радио телевизија, а води емисија и на Македонското радио. Тој е голем љубител на патувањата, што може да се види на социјалните мрежи, а исто така е и многу хумана личност.

– Животот ни носи голем број предизвици. Паѓаме, растеме, плачеме, се смееме, губиме луѓе, запознаваме нови луѓе.

Како што одминуваат годините, така се повеќе почнува да работи свеста. За среќа, некои луѓе тоа го користат да направат нешто повеќе за себе, за околината.

Не дека не сум бил избувлив, пребирлив, човек кој некого излажал, можеби некогаш некого изневерил, но ете, од минатата година, кога во животот ми се случија многу работи, решив да ја свртам таа фамозна нова страница.

Љубовта кон животните, мислам дека си имаше и свој голем удел во желбата да помогнам, таму каде што можам, не само материјално, некогаш и со совет, постапка“, рече Ване во едно интервју за Женски магазин и додаде:

-Имаме, и тоа многу голема свест. Греота е ако некој го тврди спротивното. Сведоци сме биле на голем број акции, каде од нас зависеле многу работи, акции кои завршувале успешно за само неколку часа.

Е сега, жал ми е што не многу кај нас е развиена, онаа спиритуална интелигенција, која работи на зголемување на колективната свест кај луѓето. Кај нас, прво нешто треба страшно да се случи, за да се разбудиме, а никако не ни текнува да превенираме. Тоа ми пречи.

Со оглед на мојата јавна професија, секојдневно се соочувам со сурови и со вистинити приказни, како на медиумите, социјалните мрежи, така и во пораките кои ги добивам на Фејсбук. Секогаш до мене премногу допираат оние приказни каде што децата се беспомошни.

Од 2020 година, Ване е среќен за новиот предизвик, утринското дружење со гледачите на МТВ 1. Ване од тогаш е дел од екипата на утринската програма „Македонија наутро“ како и од емисијата „Приказна“.

– Поодамна имав желба да бидам дел од јавниот сервис. Годинава одлучив дека е дојдено времето за промена. Знаев дека ќе се случи, само не знаев точно кога.

Потоа некако се поклопија коцките и еве сум сега во “Македонија наутро”, утринската на МТВ 1 и плус во радио 2.

Нова средина, искуства, луѓе, професионалци од кои може да продолжам да учам, да напредувам…. Со оваа идеја пристапив на желбата за промена“, раскажал тој за Женски магазин.

Секогаш го слушам внатрешниот глас и знам дека тоа ме води во вистинската насока. Промените годат навистина и ги охрабрувам сите да ги практикуваат. Секако дека имаше и потешкотии целиот овој период кога требаше да ја донесам одлуката. Не е лесно.

Одлука, нова средина, страв, трема, ама ако се издигнеш над сè, со искреност и си ја гледаш својата работа, без да наштетуваш на некој, тогаш сè си доаѓа на место“, раскажал Ване.

„До 2017 година мислев дека “се што лета, се јаде”. Работата во медиуми ја гледав многу поинаку од сега. Затоа периодов, досега, од мојот живот, можам да го поделам, пред и по таа 2017. Зошто? Ќе се вратам на првата реченица. Бев опкружен со многу луѓе околу мене.

Верував дека ако човек работи во медиум е кој знае што… и.т.н. Поради приоритет на се што се случува надвор околу мене, ја запоставив душата.

Со години сум ја труел со разни глупости, за да на крај завршам во болница, еден месец, но доволно да го поставам прашањето:

Дали јас знам што имам во себе и дали ова е веќе сигнал дека не правам нешто како што треба? Трагајќи по одговори, почнав да се повлекувам од луѓе. Мислев дека тоа е правилен чекор во таа моја фаза од созревање, се додека не сфатив дека всушност се борам со анксиозност.

Две години неможев на тоа да му погледам во очи, а бегајќи од себе и сите, мислев дека станувам подобар човек… Но, собрав храброст, се соочив со себеси…“, кажал Ване за momentt.mk.

Во една прилика, на својот Фејсбук профил, Ване раскажал дека ги открил своите грешки од минатото, тоест дека порано мудрувал и се оптеретувал со нешта кои се неважни, а сега веќе не е така.

– И јас порано “мудрував”, па и навре дував по коментари. Нервозен знаев да закачам статус каде не внимавав дали некого ќе повр едам со тоа. Знаеле да ме стават во круг каде озборувале или биле лицем ерни, не дека и сега не им успева, ама важно е да кренеш рачна на време.

Знам како се осеќав и живеев тогаш, знам каков ми е квалитетот на животот сега. Од оваа перспектива, навистина знам колку е тажен животот на тие што сеат омр аза и зл оба.

Тоа се навистина тажни луѓенца, иако навидум не изгледаат така. Не сакаат и они, едноставно животот им мава кло ци, бидејќи сами си се местат за така,“ напишал Ване на Фејсбук.

Previous articleНикогаш не сакаше да има деца, а го напушти овој свет поради лоша бoлecт- Тешкиот живот на омилената Ју актерка
Next articleСтевчо најави 1.5 милијарда инвестиции во Карпош