Home Live Огнен Јанески ја покажа мајка си за која напиша зборови како што...

Огнен Јанески ја покажа мајка си за која напиша зборови како што му доликува на еден син: ТЕ САКАМ, МАМО, е доволно за овој свет да биде уште поубав

Огнен на својот профил на социјалните мрежи, многу често споделува случки од неговото секојдневие, приватниот живот.

Новинарот Огнен Јанески од ТВ 24в е горд на својот роден град Прилеп. Tој на својот Фејсбук профил објави дека е среќен што е направен мурал на Блаже Конески во неговиот роден град.

-ЕДНИОТ И ЕДИНСТВЕН – БЛАЖЕ КОНЕСКИ НА МУРАЛ СО ПОЧЕСНО МЕСТО ВО ПРИЛЕП.

Прилепчани за Конески, тој – Џинот од Небрегово! Тој – кодификаторот на македонскиот јазик!

Сега, кога ни е најнасушен, како тогаш – кога бил уште посуштествен со неговата книшка, „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ издадена во 1948 година, која како сињак болскаше децении за денес повторно гроза на лишките да им создава.

Прегорд сум на сестра ми Јана, зет ми Горан (и двајцата како координатори преку најстарата ликовна колонија во Југоисточна Европа – Центар за современа ликовна уметност – Center for contemporary art),

а особено горд на пријателите и академските ликовни уметници Сања ЈЕЗДИЌ, Ферди БУЛУТ и Александар ЏИНГО кои го оживеаја Блажета со оџагарен поглед кој ѕуни над минувачите, а штурка во сечие уво, обнадежувајќи го да му милее „… јазикот, кој заправо е единствената наша комплетна татковина.“.

Овој мурал е вториот од двата, нацртани во рамки на проектот за изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов.“, напиша новинарот.

Огнен неодамна доживеа немила случка. Имено, тој се здоби со повреди додека паднал на своето рабптно место, а целата случка тој ја опиша на Фејсбук:

-Исклучителна благодарност сакам да изразам до д-р Ведат Бектеши, сестра Суеља и дежурниот тим на Универзитетската клиника по хируршки болести ,,Св. Наум Охридски” – Скопје, што попладнево со брза реакција ми санираа повреда која заврши со четири конци на левата шака, откако паднав на работа, излегувајќи од студио.

Благодарност многу и за сите пациенти кои чекаа ред, а ме пропуштија пред нив, особено зашто крвавењето не запираше.

Љубов до моите најдраги Искра (струшкиот Шумахер), Лидија, Тони, Весна, Никола и Влатко, а и дежурните колеги на работа за грижата.

А да и Тина со која монтиравме по телефон додека бев на болница, за да може утре во вестите во 20 часот да го гледате најновото интервју од рубриката ,,Разговори за Конески”, со проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, на Телевизија 24.

Огнен, на својот профил на социјалните мрежи се потсети на денот, кога ја напишал првата колумна за „Утрински весник“.

-Пред 10 години, на 14 јули 2011 ја напишав првата официјална колумна за ,,Утрински весник” под категоријата ,,Саботни муабети со Огнен од Јаневци” во ,,Саботен магазин”, по покана на главната и одговорна уредничка Соња Крамарска, а со уредување на Јасминка Павловска, којашто соработка и љубов траеја во следните скоро пет години.

Оваа фотографија е од вечерва, во Свети Николе, пред зградата на општината, точно под истото дрво, на истото цокле каде што и го пишував текстот на лап-топ кој не држеше батерија,

па ми зајмија од сендвичарницата која сè уште функционира во едно од најпрепознатливите дизајнерски решенија на поранешна Југославија за трафика – Киоск K67, дело на познатиот словенечки архитект и дизајнер Саша Махтиг.

За интернет морав да отидам во интернет-кафулето спроти, за да ја испратам на редактура. Два дена подоцна, на 16.7.2011 беше објавена.

Прекрасно чувство и возбудливи спомени кои се создаваа во еден куп земји, како Грција, Кипар, САД, Австрија, Србија, Бугарија… На здравје.

Огнен лани за првпат ја покажа својата мајка Гордана која прослави роденден, и напиша емотивна посвета за неа.

Мајката Гордана денеска слави роденден! Да не ми беше еднава рака онеспособена за пишување, сигурно ќе имав ферман.

Но, поради тоа, сфатив дека едно огромно ТЕ САКАМ, МАМО е доволно за овој свет да биде уште поубав, додека ни е ѕвезда-водилка во животот.

Previous articleСтевчо најави 1.5 милијарда инвестиции во Карпош
Next articleЉубчо Георгиевски: Тие што сега се чудат, треба да се запрашаат дали некој ги учел лажна историја