Home News Љубчо Георгиевски: Тие што сега се чудат, треба да се запрашаат дали...

Љубчо Георгиевски: Тие што сега се чудат, треба да се запрашаат дали некој ги учел лажна историја

Четири години откако е формирана Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, за првпат вчера беа објавени првите препораки за заедничко чествување и за промена на учебниците по историја.

Станува збор за пет препораки што се однесуваат за учебниците за 6-то одделение во Македонија и за 5-ти клас во Бугарија, како и за заедничко чествување на четири личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

„Не ни е работа да бришеме историски факти или да менуваме историја“, порача копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев, додавајќуи дека целта била со усогласените текстови да се ослободи историското образование од националистички и шовинистички предрасуди и да не се користи за мапинулација на младите за политички цели.

Тој повторно нагласи дека текстовите за заедничкото чествување се идентични за двете држави, дека примената е реципрочна и дека останува на двете влади да решат дали ќе ги прифатат и дали ќе ги применат.

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евроатланската интеграција.

ВМРО-Народна партија сака да потсети на техничкиот дел од договорот дека овие заклучоци што ги гледа сега македонската јавност се договорени пред повеќе од две години, за жал тогаш бугарската страна тоа го оцени како премалку и стави вето.

„Секој што се занимава со висока политика во Македонија претпоставуваме дека треба да го знае тој факт затоа што беше кажуван и од претседателот на државата и од претходниот премиер како и од претседателот на нашиот дел од комисијата, затоа изненадува чудењето кое сега одредени политички лидери го искажуваат.

Што се однесува до содржината ВМРО-Народна партија смета дека во заедничкиот договор се изнесени многу добро познати факти за целата светска и балканска византологија и медиевистика, а тие што гласно се чудат треба да се запрашаат не за фактите туку за тоа што некој ги манипулирал и ги учел со лажни податоци. Прашањето е дали некој сака да се соочи со фактите или да живе во лаги“, соопшти ВМРО-НП.

„И конечно сакаме да ги потсетиме сите загрижени дека во времето на десетгодишната антиквизација на македонската историја и петте личности, Св. „Кирил и Методиј“, Св. „Климент и Наум“ и Цар Самоил беа комплетно омаловажени и обесмислени во нивното дело и некако вооопшто не ги спомнувавме.

Имено ако имаме континуитет со Античка Македонија тогаш зошто е славата на овие светци за христијанизирањето и описменувањето ако сето тоа го имаме неколку века пред нив, а да не зборуваме за Цар Самоил дека во најмалку десеттина книги на античките експерти беше прогласен за бугарски цар, а притоа не повикуваа да го славиме Василиј втори.

Сите тие кои тогаш молчеа и го поддржуваа тоа искривување на историјата денеска критикуваат.

Затоа можеме и да кажеме дека ова е враќање на Св. Кирил и Методиј на Св. Климент и Наум на Цар Самоил во македонската историографија“, се наведува во соопштението на ВМРО-НП.

Previous articleОгнен Јанески ја покажа мајка си за која напиша зборови како што му доликува на еден син: ТЕ САКАМ, МАМО, е доволно за овој свет да биде уште поубав
Next articleНашиот познат автор ја покажа сопругата, па порача: Ако сакаш да имаш убави раце, подавај ги често да кренеш некој што паднал