Home Live Ми репнаа казна пред зграда каде што имам стан во Охрид –...

Ми репнаа казна пред зграда каде што имам стан во Охрид – никого не известија дека почнало зонско паркирање

– Денешниот ден го збогатуваме со уште една убава вест. Од денес на Кеј Македонија започнуваат да функционираат хуманитарните паркинзи“, напиша охридксиот градоначалник Кирил Пецаков на својота Фејсбук страница на 20 јули.

Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.

За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина нашата цел е проширување на повеќе локации низ градот.

Охрид е правата општина во Македонија која воведува хуманитарни паркинг места“, стои во оваа објава која медиумите ја пренесоа и граѓаните многу ја пофалија.

Оваа наша денешна приказна е поврзана токму со паркингот во Охрид. Еден наш читател ни пиша што му се случило во овој град. Тој има свој стан во центарот во градот, и до пред неколу дена таму не функционирало зонското паркирање.

-Имаме стан во центарот на Охрид, близу до факултетот за туризам. Паркингот на оваа улица со години наназад, речиси 20 колку што го имаме станот, бил бесплатен. Пред неколку години, таму се поставени табли за зонско паркирарење.

Но, тие табли не функционираа, се досега. Секогаш уредно се распрашував во околината кога ќе дојдев, дали можеби зонското е почнато, ми рекоа дека таблите стојат но порака не се праќа.

И навистина, автомобилот го остававме пред зграда или близу до зградата, зависи каде има место. Не само јас, туку и моите соседи кои живеат во истите згради, без оглед дали се од Охрид или се од други градови, и имаат стан во Охрид.

Мој пријател, пред да се паркира пред мојота зграда, тргна да праќа порака за паркинг, но го спречија соседите. „Не праќај, тука за џабе стои таблата, не се плаќат, сто посто, биди си раат“, му рекоа соседите кои беа во блискиот маркет.

Така и јас. Стасав во Охрид со семејството, првите неколку дена се паркирав како и обично, кога по 4-5 дена, се симнувам утрото пред зграда, и гледам казна од 800 денари, не сум пратил порака за зонско паркирање.

Веднаш се јавив во ЈП Билјанини извори, и од таму му рекоа дека започнало зонското паркирање, и дека ако сакам да остане казната на 800 денари, треба да платам веднаш, и со тоа ќе имам бесплатен паркинг 24 часа.

Ако не платам веднаш, ако оставам за утредента, казната ќе биде 1.000 денари. Затоа, си реков дека ќе побрзам, ама пред тоа да се распрашам што точно се има случено.

Потоа ги прашав зошто никој не не известил за оваа промена, тие молчеа. Ги прашав, постои ли месечна надокнада за паркинг, или годишна. Ми одговорија вака: „Месечна имат, за вас скопјаните 1.800 денари!“

Потоа се запрашав, ако за нас скопјаните е 1.800, колку е за охриѓаните? И го прашав човеков од паркинзи: Добро, ако уплатам месечно, дали некој ми гарантира дека ќе имам место пред мојата зграда среде сезона?

Тој ми одговори, таа карта ви важи за целата зона, а тоа се 26 улици. И си реков: Која е поентата за плаќам 1.800 денари кога не ми се гарантира место? Отидов, си ја платив казната од 800.

И не уплатив месечно, зашто сум во Охрид само две недели, па пак ќе дојдам некој викенд, некој празник, не се исплати кога не сум ни цел месец тука. Сега се снаоѓаме за паркиг како знаеме и умееме.

Откако ја платив казната, барав известување за оваа промена, ама не најдов. Отворив на сајтот на ЈП Билјанини извори, и никаде нема информација дека во делот каде што имаме стан почнало зонското паркирање.

Последна вест е за хуманитарнито паркинг што беше објавена на стрраната на градоначаникот на Охрид, и тоа стои како најнова вест, пред речиси еден месец.

Требаше да бидеме известени за ова однапред. И уште не знам, ако за скопјани е 1.800, колку е за охриѓани? И за тоа никој не ме извести.

Инаку, имам јас многу пријатели охриѓани со кои одлично си живеам. Овој текст што ви го праќам не е за нив“, ни раскажа овој читател.

Previous articleПо нарушеното здравје за кое искрено прозборе, водителот Ненад сега пак живее во полни гради, еве каде ужива со семејството
Next articleГолема радост во семејството на Сашо Мијалков – познатата пејачка прва ја обајви веста (ФОТО)