Home Live Нашиот познат автор ја покажа сопругата, па порача: Ако сакаш да имаш...

Нашиот познат автор ја покажа сопругата, па порача: Ако сакаш да имаш убави раце, подавај ги често да кренеш некој што паднал

Писателот Драган Таневски е еден од најпопуларните на социјалните мрежи и неговите цитати често се споделуваат, особено кај женската публика. Тој неодамна порача:

,,Кога ќе најдеш човек со убави очи, не го испуштај душичке. Дека во убавите очи се е убаво, па дури и неубавото. И оние ситните фалинки на тебе што толку ти сметаат, на убавите очи им изгледаат најубави, душичке.

Човек со убави очи и тебе ќе те прави целата убава, елегантна и грациозна, па кај и да одиш ќе се загледуваат во тебе восхитувајќи се на твојата езотерија.

Човек со убави очи кога ќе најдеш, не го испуштај душичке. Дека убавите очи се очи на надежта. Не гледаат во тебе тоа што си сега, туку тоа што можеш да станеш.

Приближи им се на убавите очи и погледни се во нив како во огледало… гледаш ли што можеш да бидеш душичке?

Чуда ќе направат од тебе убавите очи. Во нив секогаш ќе бидеш млада и убава… дури и кога за сите други очи ќе бидеш грда. Ќе бидеш посакувана и важна.

Најважна на свет ќе бидеш душичке, дури и кога на никого веќе нема да му требаш. Убавите очи ќе те одржуваат свежа дури и кога за сите други ќе овенеш.

Затоа, кога ќе најдеш човек со убави очи – грабни го и бегај душичке. Дека се поретко ги прават такви.”

,,Можеш да наредиш алки и прстени колку сакаш.. некои со многу светкави камења, со многу карати… можеш да платиш најскап маникир, мајстор за нокти… ама тоа нема да ти ги направи рацете убави кукле.

Ако сакаш да имаш убави раце, подавај ги често да кренеш некој што паднал… некој што под товарот на животот клекнал на колена.

А човек не е створен да живее на колена, иако многу така одлучиле. Но ти сепак, крени ги таквите кукле, за да се потсетат како е да се биде човек.

Ако сакаш да имаш убави раце, давај на оние што немаат. Нека не ти затрепери раката кога го правиш тоа. Дека тоа што ти ќе го дадеш, во срцето на луѓето се умножува, па започнува еден круг на добрина, кој сигурно некогаш повторно ќе се заврти накај тебе, само многукратно.

Ако сакаш да имаш убави раце, прегрнувај со нив кукле. Ама не само затоа што сите тоа го прават, туку за да осетиш со рацете каде се луѓето скршени, па да ги составиш. Дека тежок е животот, и крцнува нешто во човекот.

Ти биди исцелителот на таквите луѓе. Ако сакаш да имаш убави раце, гали со нив често. Бабичка, некоја измачена душичка на која тоа можеби ќе и биде единствената милост што ќе ја види тој ден.

Дека тие најмилите бабички и деденца се најчесто потшутнувани, дури и од најблиските. Погали детенце, кутренце, животинче.

Осети како живите суштества благодарно реагираат на твоите допири и прегратки. Ако сакаш да имаш убави раце, работи вредно со нив кукле.

Вештите раце ќе те однесат пред кралеви и никогаш нема да се посрамиш. Убавите раце се украс кукле. Дури и кога на нив нема грам злато. И на крај, на убавите раце не им ни треба злато. Дека се што тие ќе допрат се претвора во злато.”

Во интервју за Хибрид.мк, тој изјави:

,,Јас сум некој верувач во вистински вредности, и најодговорно тврдам дека ги има во СЕКОЈ од нас. Но, борбата за егзистенција, борбата за престиж и повисоко место во општеството ги ставила вистинските вредности во втор план, и некако ги успала.

Но, тие се вградени во човекот од многу моќен извор, од Творецот лично, и не можат да се уништат трајно. Верувам дека постои начин да се разбуди тој џин што може изгубените да ги врати на исправен пат.

Да се сака жената е исправен пат. Жената да си го сака мажот е исправен пат. Кажи ми дали има нешто поисправно од тоа?”

Авторот на Колекционер, Драган Таневски ја покажа својата сакана, понежна половина со која го дели животот многу години наназад.

,,Дa се пријавиме само”, беа зборовите на писателот под фотографијата.

Previous articleЉубчо Георгиевски: Тие што сега се чудат, треба да се запрашаат дали некој ги учел лажна историја
Next articleОва е ќерката на Драгана Мирковиќ по која сите лудуваат за нејзините облини: Еве што кажа пејачката за тоа