Home Live Откако беше на одмор со Катарина Ивановска во Турција, Перо Антиќ пак...

Откако беше на одмор со Катарина Ивановска во Турција, Перо Антиќ пак на летување, сега во поинакво друштво (ФОТО)

Нашиот познат фитнес тренер Мирко Петровски, сопственик на теретаната Проект Фит, објави слика од нашата позната манекенка Катарина која била на утрински тренинг во неговиот центар, кој важи за наjреномиран во метрополата.

Во Проект фит вежбаат најпознатите луѓе од Македонија, од светот на естрадата, бизнисот, модата.

Една од нив е и топ моделот Ивановска. Секоја чест за Катарина, која ревносно се грижи за своето тело и изгледа секогаш фит.

Но, Катарина не била сама на тренингот. Во фазата на истегнување, друштво ѝ правел малиот Вања, нејзиниот син, а Мирко Петровски тоа го објасни на овој начин:

Утринскиот тренинг на нашата Катарина Ивновска го разубави и направи поинтересен малиот Вања, за кого вежбањето на мама беше многу забавно.

Катарина Ивановска е една од најубавите жени кај нас, што се однесува до јавните личности, и таа може да се пофали со кариера и надвор од нашите граници, во Европа, но и во Америка каде што таа има живеено, поточно во Њујорк.

Таа е мајка на две деца, има ќерка и син, Вања е постар, а ќерката Кира е помала, и во една прилика, во Слободен печат, Катарина зборуваше за своите деца и за тоа како се организира помеѓу децата и работата.

– Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Потоа, таа зборуваше за промените кои ни ги донесе пандемијата: „Кира е многу мала за да е свесна за промените, а на Вања моравме да му ги објасниме новонастанатите околности. Голем дел поминуваме во природа, а тоа за децата е, сепак, и најзабавно и најздраво.

Потоа Катарина ја прашаа врзано за нејзината добра форма и линија: И во текот на бременоста бевте физички активна и имавте совршена линија. Колку вишок килограми добивте во бременоста и како ги елиминиравте?

– Немав што да елиминирам, бидејќи немав масни наслаги и килограми што се над потребното за здрава бременост. Мојата генетика и овој пат беше мој сојузник. Инаку, морам да ви признаам дека најгурмански се однесував во првите денови од бременоста“, одговори таа.

Во јавноста веќе одамна се зборува дека кошаркарот Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска се во врска, и досега ни едниот ни другиот тоа го немаа потврдено, освен еднаш Катарина во Бекстејџ.

Живеев десетина години во Америка, и тоа патував постојано поради моите модни ангажмани, се вратив во Македонија и имам две прекрасни дечиња.

Не жалам за ништо, но сега кога си размислувам, мислам дека можев уште неколку години да останам во белиот свет па да се вратам“, рече таа во емисијата Жешко столче. Потоа зборуваше за соработката со светскиот бренд Victoria’s Secret.

– Не знам какво е чувството да си ангел на Victoria’s Secret. Ќе ги прашаш ангелите, затоа што за жал никогаш не сум била ангел, но имав можност, на мое големо задоволство, снимав за нивниот каталог.

Катарина потоа раскажа дека никогаш не добила непристојна понуда ни во Македонија ни во странство, и рече дека со секој Fashion week манекенството и модната индустрија во Македонија одат во нагорна линија.

Ивановска потоа го коментираше прашањето за филмот „Трето полувреме“ и дека одлично знае да глуми. Изјави дека филмот „Трето полувреме“ е за неа едно убаво и големо искуство и раскажа дека никогаш не би пропуштила да отиде на уште некоја аудиција за филм ако ѝ се укаже можност.

Потоа зборуваше и за тоа дека за жал, поради пандемијата со вирусот таа сега не работи и најмногу ужиива што е родител, но и вежба тенис и се дружи со пријателите и толку. Рече дека не е многу строга мајка, но сака ред. „Во девет во кревет е моето мото. Не сите, но им исполнувам желби на децата“.

Можеби кошарка ти е омилениот спорт“, праша водителот. “Не, зошто?“, одговори Катарина.

– Се шушка дека во последно време најудобно си се осеќала во дресот со бројот 6“, беше следното прашање на Никола, а Катарина на ова му го одговори следното:

„Леле, не знам што е број шест“, и тоа го кажа низ многу смеење. Перо на слично прашање одговори на друг начин.

-Единствена девојка којашто ја прошета јавно по разводот е девојката којашто одеше по модните писти. Дали е вистина дека каде што има чад има и оган“, го праша водителот Перо, алудирајќи на муабетите дека е во врска со Катарина Ивановска.

– Кај што има чад има секогаш оган, ама не знам за кои писти збориш. За модните? Мислам, пратам мода, колку што можам пратам мода, се носам со модата, во Америка живеев“, рече Перо, а водителот искоментира дека Америка е центар на модата“, рече Антиќ.

Потоа, Катарина за Бекстејџ потврди дека се заедно, а се имаат појавено заедно и на концерт на Тамара Тодевска минатата година. Катарина и Перо објавија слики од заеднично летување од Турција, каде покажаа дека уживаат во љубовта заедно.

Откако се изнаужива со Катарина во Бодрум, па потоа објавуваше слики од неа во Скопје како уживаат во заеднички излегуања, сега Перо е во машко друштво, и замина пак на одмр, во Бар во Црна Гора.

Антиќ, ставил стори како ужива со своите другари во ова познато црногорско летувалиште и напишал: Братство!

Previous articleГолема радост во семејството на Сашо Мијалков – познатата пејачка прва ја обајви веста (ФОТО)
Next articleОва е најстарата ќерка на Наум Петрески од првиот брак, Сања- еве колку е блиска со својата сестра Македонка, ќерката на Зуица