Home Live Ова е најстарата ќерка на Наум Петрески од првиот брак, Сања- еве...

Ова е најстарата ќерка на Наум Петрески од првиот брак, Сања- еве колку е блиска со својата сестра Македонка, ќерката на Зуица

Златното грло или нашиот познат пејач Наум Петрески, е легенда која со години ги гали срцата на нашиот народ со својата песна. Неодамна, тој прослави 35 годишен јубилеј и имаше два концерти, во Битола и во Охрид.

Тој за „Фокус“ раскажува дека кој не сака да слуша македонска музика, што се однесува до него, може да си слуша странска, и е изненаден што дошло време кога, како што вели, е напаѓан поради тоа што цел живот инвестирал во домашната музика.

-Повеќе не ги читам лошите коментари во кои ме напаѓаат. Никогаш не сум сакал да се експонирам, ниту пак ми требал публицитет, но многу бргу се заборава кога човек помагал, донирал, пеел хуманитарно.

Средствата одобрени од државата како помош на естрадните работници ги донирав. Донирав систем за нуркачкиот клуб ,,Охрид” од Охрид и детергенти за манастирот Света Пречиста во Кичево.

Секогаш донирам во кујната за сиромашни и бездомници во Света Петка. Тоа го правам од се срце и мислам дека нема зошто јавно да го кажувам и потенцирам, но ете кај нас, очигледно има народ кој едвај чека некого да нападне. Чесните со векови страдаат од таквите – вели Петрески.

Додава дека бил кр водарител околу 35 пати, а исто толку години е и дел од сцената.

-Ја давав мојата к -рв, како што и целиот мој живот го дадов за македонската музика. Колку што сум помогнал во овие 35 години, не може ни да се напише, нема толку страници во тетратките“.

Наум дал интервју за Женски магазин и таму зборувал на многу теми, за неговиот јубилеј, 35 годишен, за почетоците на кариерата, кога се родила „Има ли песна“, но и за сопругата, децата, како и за внуците.

-Кога се случи “Има ли песна” телефонот не престана да ѕвони сите сакаа да честитаат и да го искажат воодушевувањето. Во домот ретко кога немаше гости. Јас сепак мислам дека си останав истиот, а популарноста во секој случај годи.

На секаков начин се поддржуваме со Зуица и во избор на песни и во поделба на обврските, како велат и во добро и во лошо“, кажал тој за Зуица а потоа раскажал и за децата и за внуката и внукот од ќерката Анастасија.

Анастасија веќе изгради своја кариера и своја препознатливост. Сите се музикални и убаво пеат, Сања е физиотерапевт и пее за своја душа и ќеиф.

Македонка е на факултет посветена на класичото пеење, тоа и го изучува, а Стефан засега свири гитара и тој убаво пее, но што ќе избере понатаму останува на него да си реши.

-Анастасија веќе изгради своја кариера и своја препознатливост. Сите се музикални и убаво пеат, Сања е физиотерапевт и пее за своја душа и ќеиф.

Македонка е на факултет посветена на класичото пеење, тоа и го изучува, а Стефан засега свири гитара и тој убаво пее, но што ќе избере понатаму останува на него да си реши.

Чувството да се биде дедо е неописливо и само ми жал што немам повеќе време за да уживам со малите Андреа и Лука“, кажал Наум во Женски магазин.

Сања Петреска е ќерката на Наум од првиот брак, тоест неговата најстара ќерка, која е родена сестра на Анастасија Петреска, познатата пејачка. И Сања пее прекрасно, што може да се види на снимки на Јутјуб.

Една од снимките на Јутјуб е од емисијата „Зајди зајди“, а Сања ја пее песната „Што ќе ми живот кога те немам“. Таа не е многу активна на социјалните мрежи, а она што може да се забележи е дека личи со Анастасија, нејзијата сестра, познатата фолк-пејачка која е исто така ќерка на Наум од првиот брак.

Сања е блиска и со Македонка, ќерката на Наум и на Зуица Лазова. Како што е познато, Наум има четири деца, од прввиот брак Сања и Анастасија, а со Зуица синот Стефан и ќерката Македонка.

На една објава, која е постара, Сања ѝ честитала роденден на својата сестра Македонка, и напишала: Среќен роденден даденце, што ја докажува блискоста на двете сестри од ист татко.

Инаку, Анастасија Петреска и Владимир Поповски, по вторпат станаа родители. На овој свет, во нивниот семеен дом дојде син, и тоа во јули годинава.

Среќните родители веќе ја имаат ќеркичката Андреа, која наполни три години. Наум е среќен татко на четири деца и дедо на двајца внуци.

Previous articleОткако беше на одмор со Катарина Ивановска во Турција, Перо Антиќ пак на летување, сега во поинакво друштво (ФОТО)
Next articleНикогаш не сакаше да има деца, а го напушти овој свет поради лоша бoлecт- Тешкиот живот на омилената Ју актерка