Home Live Нашата водителка во фустанче на прерамки покажа со што располага и колку...

Нашата водителка во фустанче на прерамки покажа со што располага и колку е згодна (ФОТО)

Доста време работев и уште работам на себе, градам многу поинакви ставови за животот, создавам нови уште подобри и постабилни вредности и кога ќе бидам спремна ќе објавам слика овде, започна Спенџарска кога за првпат пред неколку денови проговори за љубовниот живот.

,Многу луѓе гледам дека наоѓањето на партнер го сметаат за животно достигнување. Јас НЕ! Секако, преубаво е да имаш некој до себе со кого заедно ќе растете и создавате,

некој со кого ќе си бидете и љубов и најдобри пријатели. Но гледам дека денеска тоа се прави по секоја цена, како луѓето да не сакаат да останат сами и наоѓаат нило кој колку само да споделат некој дел од себе со некој.

НЕМА ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ, тоа ми е муабетот. Женети мажи очајни по други жени врие во градот, а и обратно! ‘Верни’ дечковци кои јавно се во врска, а пишуваат и се гледаат со други, исто има колку сакаш…

I’m sick of it! Да бидам искрена, мислам дека долго време го давав најдоброто од себе на погрешни личности кои мнооогу посакував да бидат вистински, а длабоко во себе знаев дека не се.

И одлучив дека ми треба време да бидам сама, да се запознаат подобро, да станам посвесна за тоа која сум и што точно сакам од мојот следен партнер…

Јелена Спенџарска, нашата позната водителка од Утринсаката програма на Канал 5 телевизија неодамна сподели фотографии од одморот во Хрватска без грам шминка и напиша:

,,Аnd just like that…… со разлетана коса, сол на потемнета кожа, опкружена со луѓе кои го вадат најдобро од тебе, ослободена од шминка, ефекти and other people’s opinions ….

мојот живот се претвори во филм во кој секој нареден ден е подобар од претходниот…буквално!!!

Јас дури не се чувствувам како истата личност…. се е ×100 подобро и поубаво, толку многу работи се променија, толку нови идеи се родија и кога ќе го почувствувате тоа богатство-нема враќање назад!!!!!

Ништо не е поважно во животот од сопствената среќа, од тоа да ја делиш таа среќа со луѓето околу тебе, да се ослободиш од секакви очекувања и само да се препуштиш на што и да е пред тебе- зашто СЕ Е ЗА ТВОЕ ДОБРО!”

,,Не ми се верува дека овој одмор заврши

Седам дома веќе неколку часа, си ги гледам сликите си ги враќам спомените и одбивам да поверувам дека никогаш повторно нема да ги доживеам истите авантури на истото место со истите луѓе…

Тоа е тој момент кој всушност секогаш ме растажува кога мислам на нешто најубаво кое ми се случило, но научив дека ми останува да се надевам на уште подобри денови, кои знам дека се пред мене и дека Хрватска е само ново поглавје во мојот живот (кој си го обожавам до лудило )

To many … many more !” напиша Спенџарска.

Јелена сподели спомени од Фејсбук каде всушност објавија слика со слаткар од спотот на ,,Олабави ме”.

-Oва е сцена од мојата трета улога која ми беше доделена во спот на @slatkaristika.official. По огромниот успех на ШОПИНГ, ме побараа да се појавам и во видеото за песната ФМ (бившата од карши),

а брзо потоа добив повик и за снимање на ОЛАБАВИ МЕ, показна за враќање назад кон почетоците на Слаткар кога се бараше девојка за главна улога во ШОПИНГ

и нормално, тоа мораше да бидам јас. Многу се радувам на овие спомени и посебно сум горда што на некој начин бев дел од целото тоа патување на Слаткар во тоа време.

Да работиш со таков тим како неговиот беше priceless верувајте, затоа и успехот му беше НЕИЗБЕЖЕН !!!, напиша Спенџарска на Инстаграм.

Спенџарска на секоја нејзина фотографија на инстаграм изгледа се’ поубаво и поубаво. Таа облече црвен краток фустан на прерамки кој беше многу елегантен.

Всушност, самиот фустан како фустан не би стоел на никој подобро, како што и стои на нашата позната водителка која изгледаше феноменално во него и покажа колку е згодна.

,,Какво чудо може да направи тесен црвен фустан, па тоа е хаос”, напиша водителката.

Previous articleОва е ќерката на Драгана Мирковиќ по која сите лудуваат за нејзините облини: Еве што кажа пејачката за тоа
Next articleФросина Ременски: Дали Цар Самоил бил Бугарин или Македонец?