Home News Д-р Нико Беќаровски со предлог како да се заштеди 12 проценти од...

Д-р Нико Беќаровски со предлог како да се заштеди 12 проценти од сметката за електрична енергија во училиштата

Кризата со високите цени на енергенсите ги тресе речиси сите земји во светот, секако и нашата. Состојбата се очекува да стане покритична есенва, а особено следната зима.

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15% во однос на истиот период од претходната година, а за таа цел министерството за економија донесе сет препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична енергија за безбедна зима, соопшти министерот Крешник Бектеши.

– Прогнозите се дека ќе преживееме една од најтешките зими, не само ние, туку и во регионот и во Европа. Со цел да имаме непречено снабдување со струја и пониски сметки. Препораките се поделени во повеќе категории.

За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки, а за инстутциите се предвидени конкретни задолженија.

Целта е да се постигне 15% помала потрошувачка во однос на истиот месец од претходната година. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат санкции за институциите – рече тој.

Државните објекти кои се во сопственост на централната власт се задолжени да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина.

Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење не повисоко од 20 степени.

– Кратко и интензивно проветрување, исклучување на осветлувањето, да се исклучат сите компјутери по завршување на работата.

Да се печатат само неопходни документи, редовно да се менуваат филтрите на грјените тела, се препорачува менување на ПВЦ-прозорци каде што е можно.

Ќе треба институциите да имаат ангажирано лица кои ќе се грижат дали ова ќе се спроведува.

Раководителите секој месец ќе достсуваат извештаи до Владата за потрошувачката на енергија. Овие задолженија ќе стапат на сила од 1 септември 2022 се до 31 март 2023 година – додаде тој.

Во делот на јавните патишта треба да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти.

Професор Нико Беќаровски, денес на својот профил на социјалните мрежи, со предлог како да се заштеди на сметките за струја, во училиштата во земјава:

<15% ПОМАЛКУ ЕНЕРГИЈА

„Да започнеше новата учебна година 1 недела порано и во јуни да се продолжи за една недела, зимскиот распуст ќе може да трае од 24 декември до 1 февруари.

Со ова училиштата ќе можеа да се затворат и да заштедат многу, многу, многу повеќе струја, гас, мазут, дрва од сите препораки за заштеда на струја кои ги слушнавме денес.

Грејната сезона во училиштата трае околу 120 дена, вака би траела 105, односно 12% пократко.“

Previous articleКлиника Жан Митрев: Како одговор на последните случувања, ги зајакнавме мерките за грижа на пациентите
Next articleСе огласи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков: Ова е cpaмна одлука