Home Live Еве како денес изгледа нашата позната новинарка која ја водеше нajпопуларната емисија...

Еве како денес изгледа нашата позната новинарка која ја водеше нajпопуларната емисија за Скопје, по долго време Зафирова се појави во јавноста (ФОТО)

На Ана Зафирова не ѝ треба многу претставување. Се сеќаваме на неа од нејзините ТВ почетоци: оган-девојче кое без трема, со отворен поглед кон камерата и соговорниците ги водеше разговорите во Утринската програма на МТВ.

Потоа ја гледавме, слушавме и читавме и во многу други медиуми, за сега да ги следиме нејзините видео приказни на Дојче Веле (DW)“, стои во едно интервју на Еспресо.мк.

Ана Зафирова е фриленсер новинар и модератор кој активно работи од 1997 година. Кариерата ја минува низ различни медиумски платформи, телевизија, радио и печатени магазини.

Професионален белег се авторскиот телевизиски магазин „Врти сучи тоа ти е Скопје“ и уредничката позиција во магазинот „ТЕА Модерна“ која од додаток во дневен весник, ја изнесува на пазар како независен медиумски производ.

Зафирова е обучувач и на теми како реторика и јавен настап и односи со јавност. сушност, Ана е најпозната по емисијата „Врти сучи тоа ти е Скопје“ која порано ја водеше а потоа како да ја снема од јавноста. Сега таа има две деца и е мажена.

– Во Скопје проблемите се стари, ама луѓето се нови. Темите се стари, ама има нови приказни за нив. А има и новитети во старите приказни и насобрани проблеми на купче. Сега градов, иако е мој, како веќе да не ми е по мерка.

Непотребно расте, се шири, а не знам кој ќе живее во сите оние згради набоцкани на секое празно зелено место, кога државата ни се празни.

Го чувствувам како се гуши, од некултура, од валканост, од лични интереси и лоши одлуки, од некадарни луѓе кои го водат сигурно во пропаст (има исклучоци, ама тие некогаш беа стандардот, а сега се скапоцено камче).

Како да се решат проблемите? За почеток ќе ги поканам одговорните да се симнат од социјалните мрежи, нека прошетаат по градот, по општината.

Во Скопје треба да се живее на улица, а таму е „топлотен остров“ од проблеми. Градот не смее да го води ПР службата. Не можам да сфатам како може секој следен градоначалник на Скопје да е полош од претходниот.

Отидоа курбан дрвјата на „Климент Охридски“, „Орце Николов“, „Васко Карангелевски“, „Рузвелтова“; отиде курбан Чаршијата, а некогаш хајка се водеше за куќата на Иснифарис Џемаили која отстапуваше од визурата на Чаршијата.

А ерата на бетонизација допрва доаѓа… Не сум ич оптимист, иако тоа ми е карактерна црта. Единствено што сè уште се надевам дека обединети можеби ќе спасиме делови од Скопје. И се надевам на феникс табиетот што го носи, го чекам да нѐ изненади“, рекла Ана во разговор за Еспресо.

– Јас и сега сакам да зборувам за градот и за сеќавањата во сегашно време, затоа што така ги чувам живи и моите предци и спомените.

Раното детство ми е на споменикот и клупите во Жена парк, со баба ми и дедо ми, турите со точак од Аеродром до Градски парк и назад ми се со татко ми и сестра ми, саботите за шопинг ми се по ГТЦ и „Мавровка“ со мајка ми.

Основното училиште го минав во „Аеродром“, „спалната соба“ на Скопје, која тогаш беше изградена, населена со млади семејства. Замислете врвулица од деца кои играа сѐ и сешто на пространите плочници и тревници: жмурка, грабни стапче, игри без граници, плочка, правевме избор на мис во зграда, игравме „Династија“…

Фуфо редовно нѐ частеше пица од неговата прва пицерија „Дал Фуфо“ (јас живеев во таа зграда), а секогаш ни даваше и вода кога, задишани од трчање, ќе се наредевме пред излогот за да земеме здив“, додала таа.

Новинарката и поранешна водителка на емисијата „Врти сучи тоа ти е Скопје“ во 2018 година го роди вториот син. „Од денес тројца витези го имаат моето срце.

Добредојде синко. Сега сме детелинка со четири листа“, напиша Ана на својот фејсбук профил.

Синот, на желба на родитeлите се вика Јосиф и сега има речиси четири години, објави Женски маагзин. Ана и сопругот Поликрап, имаат уште еден син, осумгодишниот годишниот Михаил.

Зафирова долго ја нема во јавноста, а вчера се појавила на отварањето на познат моден бренд во Скопје, и покажала дека изглед исто како во времето кога ја водеше оваа пзоамата емисија, всушност изгледа топ.

Previous articleРосана конечно пак се фати за микрофон и запеа, само овие двајца мажи можат да ја натераат на тоа (ВИДЕО)
Next articleКолку си личат со мајка и – еве како ќе изгледа Цеца кога ќе подоcтари (ФОТО)