Home Live Еве колку тажно денес изгледа најпознатата охридска плажа- запуштена и полна со...

Еве колку тажно денес изгледа најпознатата охридска плажа- запуштена и полна со ѓубре и пајажина (ФОТО)

Минатата година, со демонтирање на платформата во езерото пред плажата „Куба либре“ почна уривањето на нелегалните објекти долж Охридското крајбрежје.

Ова следи откако локалната власт најави дека ќе бидат остранети сите објекти од плажите на кои им истекле концесиите.. Уште пред една недела се почна со поставување на механизацијата, а вчера сите објекти беа и исклучени од системот со електрична енергија.

Акцијата почна со засилено полициско обезбедување, но се одвива без никакви проблеми. Сепак Општината и стопанствениците на плажите имаат различни ставови околу уривањето.

Од општината тогаш рекоа дека со ова конечно се става крај на самоволието и хаотичното стопанисување со плажите.

-Повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми, кои без договори за концесија и надвор од сите законски процедури граделе објекти и узурпирале државно земјиште,

Со што нанеле значителни штети во строго заштитената зона на езерото, се наведува во соопштението од Општина Охрид. Од друга страна пак концесионерите со низа забелешки за целата постапка:

„Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од Општина и држава. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме.

Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми.“ истакна Маријан Маловчев, менаџер на плажата.

Од општина Охрид најавуваат дека акцијата ќе ги опфати сите пет плажи од источниот брег опфатени со Генералниот урбанистички план,( односно „Куба Либре, „Кадмо”, „Бела Виста” како и „Канео”„ и „Потпеш.”)

Инаку дивоградбите се една од клучните забешеки на УНЕСКО, поради која Охрид ги исполнува условите да биде ставен на листата светско наследство во опасност.

На актуелната информација со интересен коментар се огласи Тина Достин, која напиша дека „Куба Либре“ била едно од најкултните места во Охрид и за младите и за повозрасните:

„Најкултното место во Охрид за уживање во последните години за сите генерации – Куба Либре.

Ајваните и жабите крастави назад, за да биди вратено местото култно во “првобитна состојба” – така раат ќе си постелваме пешкирчиња по камчињата бисерни. Жалосен менталитет!“

Денес, познатата плажа и ресторан изгледаат тажно. „Еве ја Куба либре, се сеќавам каква беше, а каква е денес. Од мака да си пукниш“, ни напиша наш читател кој е инаку од Охрид и ни испрати слики од плажата.

-Овде луѓе се уште доаѓаат да си попливаат, вакви убави природни сенки нема никаде како тука. Детското игралиште си работи,

па ќе видите некој баба и дедо како си го шетаат внучето, луѓе кои трчаат и возат велосипеди, се рекреираат…

На местото како место си врват луѓе, ама плажата, тоест ресторанот Куба Либре изгледа тажно. Не го отворија уште еве села година и кусур. Внатре ѓубре, пајажина, запуштено…

А кога ќе се сетам дека тука најубавите журки, па свирки, коктели имаше. Уништија едно култно место за Охрид, а можеа да се догоровар ако сакаа. Жално е многу“, ни напиша читателот.

А инаку, платформата која беше спорна е сега тргната, а железата се фрлени на страна, на тревата, веднаш до трим и велосипедската патека каде што луѓето спортуваат.

Previous articleКомбинезон во дреч боја во кој доаѓаат до израз нејзините облини: Мими од „Ѕвездите на Гранд“ пријатно изненади
Next articleМу седна во скутот и покажа колку го сака, познатата пејачка од Скопје се пофали со својот маж