Home Live Комбинезон во дреч боја во кој доаѓаат до израз нејзините облини: Мими...

Комбинезон во дреч боја во кој доаѓаат до израз нејзините облини: Мими од „Ѕвездите на Гранд“ пријатно изненади

Мими Јовановска од „Ѕвездите на Гранд“, е младата велешанка која ја освои публиката од целиот регион откако пееше во музичкиот натпревар Звезде Гранда во минатата сезона на ова познато шоу.

– Со пеење се занимавам од најрана возраст, најпрво во училишните хорови, а потоа продолжив во средното музичко училиште во Штип. Мојот талент за пеење го откри мојата мајка, која секогаш била моја поддршка“, рече во една прилика Мими.

Нејзин ментор бешеЏенан Лончаревиќ, и таа во „Хаштаг“ за него изјави: „Џенан е еден пред сѐ прекрасен човек. Тоа што тој ми го пренесува неговото знаење е одлично. Чест ми е што соработувам со него и секако што е мој ментор.

Цело време сме во комуникација со Џенан, заедно ги бираме песните со кои ќе се претставам во наредниот круг“, рече Мими за Џенан.

Пред да го заврши натпреварувањето во Звезде Гранда, Мими прво ја отпеа македонската народна песна „Зошто си ме мајко родила“, а за втора песна ја одбра „Кажуј крчмо“.

Од жирито доби 5 гласа, и и беше истакнато дека запонала како аутсајдер, а дека до овој 5 круг се развила и подобрила многу со своите изведби, пеење и стајлинг. Но, за жал во баражот Мими испадна, не е избрана за да го продолжи понатаму натпреварувањето.

Во интервју за ммс.мк Мими откри каков е ментор Џенан. Таа вели дека соработката со познатиот пејач е многу успешна и дека е горда во неговиот тим.

Исто така, Мими вели дека немала прилика да ја запознае Јелена Карлеуша, но нејзините кандидати коментирале дека зад камерите е пријатна личност и секогаш е тука за нејзините натпреварувачи.

Јовановска освен што има талент за пеење, изгледа прекрасно на сцената и често добива позитивни коментари. Таа вели дека нема да ја користи својата убавина за да успее во кариерата.

„ Секој треба да го даде тоа што го има.Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разголување, сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината“, вели Мими за ммс.мк.

Убавата пејачка минатата година во агвгуст се вери и многу нејзини пријатели, блиски, обожаватели ѝ честитаа на социјалнитре мрежи. Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот избраник, Филип.

До фотографијата на која се фотографирани Мими и Филип, со букет рози и прстен на раката на пејачката стои: „Ми рече ДА“. Инаку, парот настапува заедно, односно Филип е дел од бендот со коj соработува младата и талентирана Мими, познат како Филип Нуне од браќата Нуне.

Мими отсекогаш била многу убава и средена девојка, но откако реши да се мажи со Филип Нуне, таа ептен се разубаве.

Сменета боја на коса, па малку поинаков стил на облека, појака шминка- Мики како созрева така се разубавува а сигурно дека токму Филип Нуне е причина за оваа нејзина среќа.

Викендов Мими и Филип го кажаа судбоносното ДА и ја направија својата свадбена веселба. Иако невестата потекнува од Велес, по невеста се одело во Скопје, од заедничкиот стан во кој Мими и Филип веќе живеат, од каде тргна и целата церемонија…

А како поинаку ако не со музика и свирачи!“, објави Вистина.

Заклетва пред Бога на вечна љубов млафдите дале во црквата Св. Димитрија лоцирана преку Камениот мост, на влезот во Старата скопска чаршија.

Свадбената веселба во еден од напознатите и најатрактивни скопски локали во центарот на градот, каде најблиските, роднините и пријателите на младите и нивните семајства ја прославија венчавката.

Мими и Филип за првиот танц од нивната свадба одлучиле да создадат своја песна. Сопствена музика, стихови, аранжман, па песната самите ја отпеала Мими, ја снимиле и… Еве ја нејзината премиера на нивната свадба. Изведена во живо, отпеана и отсвирена од нив двајцата за првиот свадбен танц!

Мими и Филип гостуваа во емисијата „Магазин“ на Тв Сител, и ова е всушност нивното прво гостување заедно откако се брачен пар. Тие во емисијата зборуваа за својата работа, но и за она што сите ги интересира, а тоа е свадбата.

-Ние ги почитуваме традициите, и ги сакаме, но свадбата тргна од местото каде што ние двајцата веќе две години заедно живееме. Немаше одење по невеста во Велес“, рече Мими.

Водителот на ова се пошегува дека ги избегнале патарините. „Со оглед на тоа дек Мими е од Велес, а две години живееме заедно во Скопје, немаше одење по невеста“, изјави Филип.

-Прво направивме веселба еден час со најблиските во нашиот дом, потоа во црква, а на крајот забавата продолжи во рестотранот“, откри Мими.

„Еве, сега последен пат за ова лето носам бело“, рече тазе невестата која инаку за во емисијата носеше бело фустанче.

Интересно е дека всушност, Мими и Филип настапувале на две други свадби, пред нивната. „Ние сме професионалци, и нашата свадба беше закажана една година однапред. Исто така свадбите на кои пеевме беа закажани однапред.

Нашата свадба беше во неделата, на 17 јули, а на 15 и на 16 пеевме на други две свадби. Тоа е момент кога ќе си речеш дека треба да си ја завршиш работата, а потоа се релаксираш и се фокусираш на твојата свадба.

Бевме спиени 2-3 часа, и нашата свадба беше супер. Однапред беше се подготвено,“ рече Нуне, а невестата на тоа се надворза. „Невестата не беше спиена ич“, откри Мими на Сител.

Мими откако поминаа гужвите со свадбата, сумирањето впечатоци, гостувањето по ТВ емисии по тој повод, повторно им се врати на своите настапи. Таа знае да објави интересни слики на Инста, по кои има доста реакции од оние кои ја следат.

Па така, објави слика од хотелот „Панорама“ во Крушево, кој е еден од најлуксузните кај нас, а облеќена е во бел фустан, со шлиц, и рекациите беа позитивни дека на Мими овој фустан супер ѝ стои.

Но, изненади и со една слика во жолт комбинезон, кој е тесен, со дреќ боја и ги истакнува нејзините облини, и за оваа слика со која Мими изненади доби само пофални реакции.

Previous articleРомантична сопруга, еве каква љубовна порака му упати Сања на Слкаткар (ФОТО)
Next articleЕве колку тажно денес изгледа најпознатата охридска плажа- запуштена и полна со ѓубре и пајажина (ФОТО)