Home Live Росана конечно пак се фати за микрофон и запеа, само овие двајца...

Росана конечно пак се фати за микрофон и запеа, само овие двајца мажи можат да ја натераат на тоа (ВИДЕО)

Нејзините хитови кои ги отпеа со својата сестра Маријана дури и пред неколку децении, и ден – денес се актуелни, а на социјалните мрежи неретко обожавателите знаат да и порачаат – Росана, врати се на сцената!

Околу тоа како решила повторно да застане на фестивалската сцена минатата година на „Макфест“ со песната „Спомени“, за ,,Фокус” таа раскажува дека се се случило спонтано, без претходни планови и неочекувано дури и за неа.

На своја иницијатива се повлеков од сцената поради повеќе причини. Долга приказна е тоа… Поради мојата скромност и почит кон истата сцена, јас молчев…

Секојдневно слушав прашања и коментари, зошто ме нема, како недостигам на сцената, сфатив дека луѓето ме сакаат, а поголемо од тоа нема! Но, гледајќи ги нештата последните години, како функционира нашата естрада, едноставно не се пронаоѓав таму.

Росана беше дел од легендарното музичко дуо, сестрите близначки Маријана и Росана. Сестрите се немаат видено од минатото лето.

Маријана долги години живее во Австралија, а Росана во Скопје. Маријана беше последен пат на посета во родниот крај минатото лето.

“Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме со нашите другарчиња. Но, таа секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома.

Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана”, рече Росана во едно интервју.

Маријана стана баба на Велигден оваа година од синот Филип. Снаата на Маријана, Анастасиа, ја роди Ива, а Маријана не пропушта да се пофали со слика од својата мила внука.

И Росана е баба на Ноа, внукот од ќерката Ивана и од зетот Џејмс кој е англичанец. Тие имаат уште еден внук од минатата година, а тоа е малиот Матео, за кој Росана рече дека ќе биде песнопоец на баба.

Двете баби се горди на внуците и споделуваат спомени, додека не се сретнат пак. „На баба и на дедо, сонце наше, наша душа мила. Крофна наша“, знае да рече Росана за внукот кој ѝ е голема љубов и гордост.

Познато е дека Росана е во среќен брак со Трупче долги години, нашиот познат актер Ѓорѓи Тодровоски.

На седми мај, Росана Сариќ- Тодоровска и Ѓорѓи Тодоровски- Трупче прославија, 33 години од свадбата. Нивната љубовна приказна, започнала во 1988 година, а актерот на многу необичен начин се обидел да ја освои фолк-пејачката, објави Женски магазин.

Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година. Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви. Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него.

Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам.

А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присети Росана на почетоците од нивната љубов.

Ѓорѓи додава дека ја очекувал да го побара, но без оглед што тоа не се случило, тој се надевал на нова средба со Росана. Желбата му се исполнила многу брзо, на еден караван на „Детска радост“, на кој тој бил во улога на актер и на промотор на книги, а Росана настапувала со Маријана.

„ Од таа турнеја за која велам дека е судбинска, почнавме интензивно да се дружиме. Јас глумев во детска претстава, промовирав книги, а Росана пееше.

Дружбата за кратко време ни орерасна во љубов, а веќе следната година и во брак“, открива Трупче. Росана пак се сеќава на нивната свадба, на 7 мај во 1989 година.

„Имавме и успони и падови. И кога сме имале и кога сме немале, се трудевме да ги сочуваме човечките вредности и скромноста на која ја научивме и нашата ќерка Ивана. Некогаш се прашувам дали е тоа добро или лошо, но Ивана израсна во прекрасна жена, одговорна мајка и добра сопруга“, вели Росана.

Росана Сариќ – Тодоровска, е позната по својата скромност, ненаметливост и едноставност. Долги години наназад работеше како комерцијалист и во продажба нема настапено на фестивал.

Иако долго не е акитивна во музиката, Росана пак ѝ се врати и запеа. На Фејсбук страната на Дац и Александар е обајавено видео како тие заедно со Росана ја пеат песната „Признавам“, еден од најголемите хитови на Маријана и Росана.

Оваа песна се пее и денес, а Росана супер ја испеала на свирката со Александар и Дац. Само овие двајца мажи можат да ја натераат Росана да запее со нив, и алал да им е за тоа!

Синоќа со Росана беше ФАНТАСТИЧНО! Кој бил, знае. А кој не, може да погледне дел од атмосферата што ја направивме“, напишале Дац и Александар до ова видео. Инаку, тие направиле нова верзија на песната „Едно срце имам душо“ која Росана порано ја има пеено со Маријана.

Previous articleТања Кочовска за првпат го покажа внучето, уживаат на ова убаво место- среќна баба (ФОТО)
Next articleЕве како денес изгледа нашата позната новинарка која ја водеше нajпопуларната емисија за Скопје, по долго време Зафирова се појави во јавноста (ФОТО)