Home News Се огласи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков: Ова е cpaмна одлука

Се огласи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков: Ова е cpaмна одлука

Маратон во Охрид, кој традиционално се одржува при крајот на август, оваа година нема да има.

По средбата меѓу претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Националната пливачка федерција, Горан Стојановски, е соопштено дека оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски маратон.

Охридскиот маратон кој важи за една од најважните спортски манифестации во Македонија со 60-годишна традиција, оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ја потврдија средбата со претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски и соопштија дека маратон нема да има.

„На средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот Пендаровски.

Проблемите за кои зборувал Стојановски се однесуваат на долгогодишната битка во македонското пливање во која од другата страна беше Александар Маленко.

Минатата година се одржа јубилејниот 50ти Охридски пливачки маратон. Во 2020 немаше маратон поради пандемијата на ковид-19, претходно маратонот се одржуваше 28 години по ред.

Пред малку, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и ја прокоментира вакавата одлука за неодржување на годинешниот маратон:

„Драги мои охриѓани, но и почитувана македонска и светска јавност,

Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија.

Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки.

Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.

Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.

Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер.

Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија.“

Previous articleД-р Нико Беќаровски со предлог како да се заштеди 12 проценти од сметката за електрична енергија во училиштата
Next articleСнеже Велков ја кажа вистината за гужвата на отварањето на новиот моден бренд во Ист гејт мол: Шампањ, црвен тепих, прегласно озвучување