Home Live Снеже Велков ја кажа вистината за гужвата на отварањето на новиот моден...

Снеже Велков ја кажа вистината за гужвата на отварањето на новиот моден бренд во Ист гејт мол: Шампањ, црвен тепих, прегласно озвучување

Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро.

Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M.

На површина од над 2.300м2 шведскиот моден бренд ќе и се претстави на македонската потрошувачка публика со најновите колекции за деца и тинејџери, мажи и жени“, објави Независен весник.

Возбудени сме што конечно можеме да му посакаме добредојде на H&M во семејството на Ист Гејт Мол.

Од денес Скопје се наоѓа на мапата на светските метрополи каде H&M има свои продавници. Ќе биде прекрасен ден на отворање на првата и единствена продавница на H&M во Македонија, изјави извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

Многу познати лица, новинари, водители, инфлуенсери се сликаа на отварањето на овој моден бренд, и со тоа беа преплавени социјалните мрежи.

Исто така, реки од луѓе заминаа на отварањето на овој моден бренд. Снеже Велков исто така беше дел од нив и на Фејсбук напиша свое видување на оваа тема.

– Коментар на ВИП отварањето на H&M. СКОПЈЕ 16.8.2022. Приказната почна со ВИП пречек уште од паркингот- со редари кои од возилото ве спроведуваат до лице место, односно терасата на молот од каде беше и влезот во продавницата, па имате чувство дека влегувате на сосема друга локација а не во East Gate Mall-

Оти ги избегнувате подвижните скали ,белите ходници и сиви лифтови-синоним на сите молови. Црвениот тепих мек. На самиот влез на дуќанот хостеси кои учтиво јасно и прецизно ви даваат инструкции, ви ставаат нараквица и ја оставате поканата (знам ќе им биде евиденција да се пребројат кој дошол)

На врата „Welcome and enjoy„ ни посакаа одговорните странци за „македонскиот огранок„ на Н&М А внатре!Убави урбани ликови- повозрасни сериозни со одела и мажи и жени, но и претставници на младата бунтовна нова генерација следбеници на трендовите кои доаѓаат.

Заклучувам внатре имаше-Доволно многу луѓе за да биде полно ,доволно малку за да не биде гужва и турканица. Настап на Тамара по околу еден час од официјалниот прием.

Два вида пијалоци-Шампањ и вода- сосема на место Храна т.н. finger food. 4,5 вида која ја служеа келнерите. Луѓето:Насмеани,весели,не напнати,не исфрустрирани,не политизирани,не искомплексирани гости.

Да си ги сретнеш познаниците што не ги гледаш често оти и ги нема по социјалните мрежи. Да си направиш муабет со луѓе од твоја бранша и луѓе кои не се од твоја бранша.

Да се насмееш и споделиш убава енергија и секако планови за’ Кафе да пиеме деновиве.

Отидовме во 19:00 се прибрав во 21:30 сосема доволно. Единствено малку беше прегласно-озвучувањето не кореспондираше со просторот. Се друго.Чиста 10. И знам кои се организаторите за нив е таа чиста 10.

А тие Организаторите знаат дека во суштина не продаваат производ туку поентата е БРЕНДОТ да пробуди емоции и чувства.Па ќе им кажам дечки- КУПЕНО. Оти направивте да биде на ниво.

Оти напрвивте да биде се под конец. Оти сте внимавале на деталите. Оти напрвивте да ни биде убаво. Да се почувствуваме привилегирано и почестено. Добре дојде Н&М во Скопје и Македонија.Долго те чекавме и заслужи баш ваков прием.

За цените:Пристојни како и во другите држави,за изборот мислам дека е нешто измеѓу летна и есенска колекција…Сè на сè ќе биде топ шопинг за сите генерации. П.С На одење ни дадоа поклон комплетно смислено.

Новчаник да си ги ставиш парите кои ќе ги потрошиш кај нив во дуќан. Убаво.На ниво. Фала ви“.

Previous articleСе огласи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков: Ова е cpaмна одлука
Next articleИспливаа слики од Ирена Спасовска со дечко на јахта – фолкерката вљубено гледа во мажот со капетанска капа