Home Live Тања Кочовска за првпат го покажа внучето, уживаат на ова убаво место-...

Тања Кочовска за првпат го покажа внучето, уживаат на ова убаво место- среќна баба (ФОТО)

Во една прилика, во Женски магазин, нашата позната актерка и пејачка Тања раскажа како го запознала својот сопруг Предраг, и исто така откри една синболика која е поврзана со датумот на нивното венчавање.

– Ние студиравме заедно, а тој имаше многу долга врска со една девојка, женичка, си излегувавме на исти места каде што излегуваа сите глумци во тоа време, и така се дружевме.

Кога јас отидов во Театар за деца и младинци, и тој се вработи таму, и онака, на „здраво“ бевме- службено.

Ниту јас го гледав како човек што ми се свиѓа, ниту тој мислел да ми се удвара, зашто ме гледал како некој кој е популарен во моментот, и сигурно мислел дека ме чека кола со шест врати и се забавувам со некој шеик.

И кога почнаа да го загледуваат дел од женскиот персонал во Театарот за деца, така почнав и јас да го загледувам. Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме.

Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да. Мислев дека со дете тешко дека ќе можев да се омажам.

Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме.

И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели:

Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час. И почнавме да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа“, е приказната која во една прилика ја има раскажано Кочовска.

Таа е инаку мајка на две деца, од бракот со Владимир Ендровски го имаат синот Александар за кој таа неодамна објави дека ќе се жени. А од бракот до Предраг ја имаат ќерката Нела, а таа е исто така глумица.

Тања оваа година полни 55 години, и затоа на Фејсбук објави една доста оригинална фотка. На сликата е со двајца мажи, поранешниот и сегашниот Владимир Ендровски- Љац со кој претходно беше во брак, и со Предраг Павловски, нејзиниот сегашен сопруг.

Игор Џамбазов гостувал во Златна Бубамара и по тој повод оддржа незаборавен говор кој за тие што не присуствувале ќе можат да го слушнат за неколку денови на ТВ екраните.

Меѓу другото, тој раскажал интересна приказна за неговата пријтелка Тања Кочовска:

„Три часот наутро, скопски таксист завршува со смена, и влегува во такси Тања Кочовска, пиштол го ла. На неа нема ни влечки, ни ташна, ни чадор, ништо.

Седнува напред, таксистот ја гледа, таа му објаснува: До Влае, трета лево овде. Потоа, таксистот ѝ вели: 147 денари. Немам ништо, му вели Тања. Како немате? Имате нешто поситно, ја прашува таксистот”, раскажа Џамбазов.

Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац. Таа во интервју за „Репортер“ раскажа за односот на синот со ќерката Нела, која ја има од вториот брак со актерот Предраг Павловски. Нела е исто така успешна млада актерка.

„Многу се блиски. Тие не се гледаат секој ден, Александар живее сам со девојката, а Нела живее со нас. Меѓутоа не давам да се оддалечат. Ќе направам сè да се борат еден за друг, да се сакаат и почитуваат.

Најпрво меѓусебно и нас да нè почитуваат, а потоа сè околу. Никогаш нема да дозволам да се скараат, особено не за имот“, вели Тања. Сега Александар се занимава со угосителски бизнис, а тоа е сендвич бар кој се вика „Да бе да“.

Тој на својот Фејсбук профил објавил видео каде што евроамбасадорот Дејвид Гир зборува за неговиот бар кој се наоѓа блиску од ЕУ инфо центарот, и вели дека често доаѓа кај него на чорба.

Потоа, Ендровски напишал: Драги Фејсбук пријателциња, повелете на прекрасна и највкусна чорба во градов, приготвена од “златните ми куварски рачиња” Амбасадорот ќе ви каже Кај се наоѓаме.. Изволте у првиот арт сандwич бар во Скопје!

Бесплатна достава до “Брисел”!!! Повелете на највкусната чорба во градот! *Меџикабула или вегански зен од срце за секој џентлмен!“, стои во објавата.

Тања потоа објави дека нејзиниот син, Александар Ендровски се оженил со неговата избраничка Моника Саздовска. Таа до сликата од младенците напишала шеговит коментар: Да бе да, бидна!

Тања Кочовска во мај годинава стана баба. Имено нејзиниот син Александар и снаата Моника добија син кој ќе се вика Јоаким. Да бе дааа, баба. И предраг дедо, Јоаким се роди, напиша Тања на Фејсбук, и објави две многу интересни слики од неа.

Тања објави слика како лежи пред болницата Аџибаден Систина, од среќа што нејзиниот син има потомок, а на другатра слика таа е во костум од претстава. Тања се во животот прави на оригинален начин, па и веста дека стана баба ја соопшти така.

Тања објавила слика од својот внук Јоаким како со него си ужива во Струга, Елен камен. На сликата, Кочовска е многу радосна, а внукот го држи во бебешка торба и насмеана до уши, како и секоја среќна баба.

Previous articleИспливаа слики од Ирена Спасовска со дечко на јахта – фолкерката вљубено гледа во мажот со капетанска капа
Next articleРосана конечно пак се фати за микрофон и запеа, само овие двајца мажи можат да ја натераат на тоа (ВИДЕО)