Home Live Три познати острови за едно летување- Сузана Турунџиева реши да се опушти...

Три познати острови за едно летување- Сузана Турунџиева реши да се опушти и да се потроши летово

Сузана Турунџиева на својот Инстаграм и фејсбук споделува мудри и инспиративни мисли, кои се и интересни за нејзините следбеници.

Пејачката, водителка и писателка минатата година промовираше нова книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разговор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

Познато е дека Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, со која станаа како сестри.

Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.

„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана. Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.

„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори… Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…

Секоја година ми носи нов “матерјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:

– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!

– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…

– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.

– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!

– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“.

Уште еден нејзин статус е до срж искрен. Во него има и малку хумор, но Сузана како со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.

„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…

Колаченцата ( Кои искрено ми е жал да ги јадам) ги направи една од тие супер жени, родена на ист ден како мене… Жане, те сакам“, објави Сузана за својата пријателка.

– Ако срцето ти било долго време изгладнето за љубов, можно е да си го изгубил осетот… И вкусот… Но не и “апетитот”… Затоа не дозволувај гладта да ја задоволуваш со “трошки”, наместо со љубов…

Она што најмногу боли и повредува се “љубовните трошки” на кои понекогаш (не)свесно им се препуштаме, страдаме, се тешиме, целосно несвесни дека заради тие трошки не само што нема да го “излажеме” гладот, туку и ќе го “уби-еме” и тој малку апетит кој ни останал, колку да се потсетиме дека не сме умр+ени…

Од глад… Туку дека сме живи, и заслужуваме да бидеме сакани, почитувани, па и обожувани… Дека не заслужуваме “трошки”, туку полна порција љубов!

Дека не постои “утешна љубов”, туку постојат луѓе кои се спремни да љубат безусловно, и луѓе, кои никогаш нема да можат да љубат… Затоа, прифати СЕ или НЕ!“, напиша Сузана на Инстаграм.

Сузана за Женски магазин раскажала дека летово не била на еден туку на три острови со ќерката Матеа. Била на Лефкада, ама ги посетила и Кефалонија и Итака, едни од најпознатоте острови во Грција.

-Ова лето заедно со мојата помала ќерка имавме предизвик да го посетиме островот Лефкада и за среќа успеавме во реализација на идејата. Чистата тиркизна вода, долгите песочни плажи, многуте лагуни и бисерно белите камчиња ме купија за цел живот.

Лефкада е 3 во едно: море, планина и село. Имавме можност да реализираме и некое крстарење и да ги посетиме Кефалонија и Итака“, рекла Турунџиева која летово решила да се опушти и да се потроши.

Previous articleМу седна во скутот и покажа колку го сака, познатата пејачка од Скопје се пофали со својот маж
Next articleМесто журка, Карлеуша за роденденот кидна од Србија, еве каде ќе слави