Home Live Илина раскажа како го мотивира Игор Џамбазов и како го направила нов...

Илина раскажа како го мотивира Игор Џамбазов и како го направила нов човек

Јавноста секогаш ја интересира приказната како Игор Џамбазов се запознал со Илина Арсова, познатата планинарка и уметник. Тој има раскажано дека во 2020 година, година, за време на карантинот, таа го поканила да остане кај неа во Дојран.

-Го најдов нејзиниот број преку заеднички пријатели и кога ми рече „Ало“, се претставив и ѝ кажав дека сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да се запознаам со неа.

Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг, сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот.

Знаеш, на мои години, јас тоа подоцна го сфатив, ама среќен сум што барем го сфатив, дека сепак парите не се најбитни.

Јас видов во животот дека можам да ги заработам, и тоа многу повеќе отколку шо е вообичаено за ова наше поднебје, но веќе престана таа моја трка по пари – раскажа Џамбазов во Бекстејџ.

Нивната врска е секогаш во центарот на вниманието, ана крајот на минатата година во емисијата Еден на Еден, заедно ја раскажаа нивната љубовна приказна…

Игор Џамбазов и Илина Арсова имаат интересна љубовна приказна. Од сите јавни личности, годинава токму нивната пробуди најмногу интерес. Џамбазов вели дека толку ја сака Илина, што таа побарала од него да ја сака помалку.

Оваа приказна, тој му ја раскажа на Жаре во „Еден на Еден“, во специјалната новогодишна емисија со Илина и Игор во 2020 година.

„Како е тоа возможно? Дали некому му успеало? Дали воопшто некој некому на планетава му побарал да го сака помалку?“, му рекол Џамбазов на Жаре и ја испеал новата песна.

„Таа сака, да ја сакам помалку. Таа само сака да сум ја сакал помалку“, се дел од стиховите на оваа песна. Игор ќе раскаже и за тоа дека оваа година, која сите по лошо ќе ја паметат, за него била најубава, и оти верува во судбина, која му ја пратила Илина.

Исто така, Џамбазов раскажа дека се плаши да ја гледа Илина како се качува по карпи.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани.

Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди. Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјавил Џамбазов.

Илина Арсопва, отворено за Игор зборуваше во едно свое интевју за Репортер, каде што ја раскажа љубовта со Игор, како тие всушност функционираат заедно, што е убаво, но исто така и што и пречело на почетокот од нивната врска.

-Јас последниве години, пола од времето го поминувам во Македонија, пола надвор. Патувам, работам, учам. Јас имам проблем тука, бидејќи некако средината многу не кочи за да напредуваме, особено за оние работи за кои јас сакам да се надградувам.

Се сеќавм во Турција имаше на почетокот, не сум удрила срценце, не сум му ставила лајк кога ми пишал, и одма лут дечкото. А јас од сабајле пуна агендата. Станувам, вежбам доручкувам, вежбам, одам на карпа, работам, пливам, јадам нешто на брзинка, и легнувам уте пана.

Ама, нормални луѓе, имаме малку повиоко ниво на свесност, за брзо време да ги сконтаме тие работи, како што на него му е чудно тоа мое постојано движење и патување, мене ми е чудна неговата пасивност.

Па, некој пат кога не ми е јасно во врска со тоа како неговиот живот е организиран, си го преслушувам вашето интерву тука што го имате, баш тоа беше непосредно пред ние да се сретнеме, и тука си го преслушувам од време на време, ако нешто не ми е јасно, може од време на време ќе ми се открие.

Тогаш рече дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа. Тоа беше во декември, а ние се сретнваме во април во Дојран. А се имаме сретнато во Охрид чисто другарски, и нели целиот тој сплет на околности не спои.

И веќе, во однос на птретходното прашање и мојот номадизам модередн што си го нарекувам, имам сега целосна поддршка, значи минатиот пат бев три месеци отсутна. Јас му кажав на него: Па, не знам злато, еден месец ваљда.

Ама, бидејќи немав други обврски коишто ме врзуваат за Македонија, целата работа си ја носев со мене, бидејќи тој период од годината бев ангажирана да работам повеќе со сликарството, и бидејќи ми беше убаво секаде каде што патував, постојано имав некои ангажмани…

Игор изненади со уште една објава,љубовна а е посветена на Илина Арсова која е сега далеку од него, тоест таа е замината на ново планинарење.

-Љубов е… Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдушувам од нејзината омилена маичка за спиење.

Илина на Инстаграм стори ги повикала своите пријатели да ѝ постават прашање. Едно од прашањата кои таа ги обајви беше: го мотивираш ли и Игор да почне да вежба? Таа објавила слика од неа и од Игор каде што се гледа дека нашиот познат актер е доста ослабен и напишала:

-Па, зарем не се познава? Инаку, Игор во една прилика има кажано дека Илина го натерала да вежба и да планинари, и тој заедно се има качено на Водно, поточно на Марково крувче, што беше објавено на неговиот Инстаграм профил.

Откако е со Илина, Игор е нов човек, ослабен, подмладен, во топ форма, и се гледа дека женска рака има влијание на него, секако позитивно.

Previous articleОва е сестрата на Лидија Вукиќевиќ- еве како познатата актерка ја претстави и колку си личат (ФОТО)
Next articleТони Науноски: Ова ли е држава, дозвола ми бараат за мои дрва да сечам, а дрварите 5 илјади кубик ги продаваат