Home Live Ирена Спировска се потсети на убав момент од минатото: Во друштво на...

Ирена Спировска се потсети на убав момент од минатото: Во друштво на водителот Ненад, бившиот на Кристина Димитри, Викторија Лоба и Јоце Панов (ФОТО)

Ненад Ѓоргиевски порасна пред камерите, тој е долги години водител на телевизија и на радио. Во многу Тв проекти сме го гледале, а последен беше „Нешто се крчка“, каде што готвеше со познати личности.

Водителот инаку на Канал 5 телевизија ги водеше некогашните „Екстра Ексклузив“ и „Само кеш“, а беше домаќин и во Отвореното студио на „Ѕвездите на Гранд“, пред неколку години.

Тој три години беше дел од водителскиот тим на телевизијата, а одлуката да си замине од таму ја донел поради преголемите обврски наметнати од телевизијата и несогласувањата околу неговиот ангажман.

Освен работата како телевизиски водител, тој е сопственик и генерален менаџер на маркетинг агенција во чиј склоп се и неколку познати веб-портали како и првото комерцијално интернет Радио Хит.

Пред да работи во Канал 5, Ненад долги години беше препознатливо лице на А1 телевизија, а која телевизиска куќа во иднина ќе биде неговиот дом останува да видиме.

Познатиот водител и неговата сопруга Горана по 11 години брак, најмногу се горди на нивните деца Иво и Љупка, кои се близнаци и сега се првачиња. Додека беа мали, Ненад за децата раскажа дека сега имаат сосема поинаков ритам.

Нивниот свет сега се врти околу близнаците Љупка и Иво. Токму тие им беа инспирација да ја реализираат детската емисија „Мини вест“, која се емитуваше додека беа мали, каде што децата одлично се снаоѓаат во улога на професионални презентери и репортери.

Ненад е сега дел од Тв Телма каде што ја води утринската програма, и во своето најново интервју вели дека одлично се вклопил таму и му се доапаѓа тимт и атмосферата.

– Првиот впечаток, повеќе од одличен. Со најголемиот дел од екипата се знаев и предходно, па воопшто не ми претставуваше проблем да се вклопам. „Телма“ е телевизија во која се ангажирани врвни професионалци, секој одличен во својата област.

Многу важно за мене, а го почувствував уште на првите состаноци кога се подготвуваше утринската е позитивната енергија која владее и одличната комуникација која ја имаме сите водители меѓусебно.

Она во што сум сигурен е дека таа енергија ќе се пренесе и на многу гледачи на “Утринска на Телма“.

Нудиме убави теми, корисни муабети и совети. Концепт кој меѓудругото ќе одвои простор и за здрав начин на живот, спорт, култура, екологија.

Впрочем да не објаснувам опширно, следете нè секој работен ден на Телма во 6.55 часот“, изјави Ненад во Женски магазин и откри и една семејна приказна:

-Она што ме прави особено горд како родител, е што буквално сами со сопругата се грижиме за нашите близнаци. За жал, нашите мајки се покојни, па моравме како знаеме и умееме да се снаоѓаме. Напорно и доста често хаотично беше додека беа помали, сега е сè полесно.

Олеснителна околност е што Горана има флексибилно работно време, па најчесто нејзина обврска се училишните активности на близнаците. Љупка и Иво на 30 ноември ќе наполнат седум години.“

Ирена Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина“, објави skopje24.mk во една прилика.

Тоа што сепак посебно мора да се истакне е нејзината појава. Таа е дефинитивно пример за жена која на, верувале или не, 48 години години изгледа прекрасно како однадвор, така и одвнатре. Ирена секако изгледа барем десет годни помлада од своите години.

Таа долго време е во среќна врска со Душко Исајловски. Со партнерот ја врзува љубовта кон спортските активности.

„И двајцата го сакаме спортот и секогаш преферираме активен одмор исполнет со разни спортски активности, а не одмор кој ќе го поминеме во лежење на плажа“, рече Ирена за својот партнер.

Ирена често објавува слики на своето стори на Инстаграм и познато е дека има колегијални односи со Ненад Ѓоргиевски.

Водителката објави спомен фотографија од далечната 2015 година со Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, Ненад Ѓоргиевски и Јоце Панов со хаштаг #tbt.

По фотографијата може да забележиме дека Спировска се нема променето во изминатите 7 години.

Да потсетиме, Спировска и коментираше на новата слика на Кристина Димитри, бившата на Кајмакоски. На новата слика на Инста, Кристина е повторно со дј Боно, и сликани се на скали.

Она што може да се забележи на прва е фустанот на Кристина и шлицот. На сликата, делува како да не носи долна облека.

Нејзината убавина ја поздрави Ирена Спировска, која ја ја коментираше оваа фотографија и до неа напиша: Најзгодната Македонка.

Previous articleЗоки Фаци ѝ призна на Хелена Роза колку била во право во врска со Македонија
Next articleЕмотивна исповед на докторка од клиниката Жан Митрев: Тоа дека докторот се криел во подрумот од зградата е лага, ние вработените знаеме