Home Live Лила и другарките го здрмаа инста со фотката од плажа (ФОТО)

Лила и другарките го здрмаа инста со фотката од плажа (ФОТО)

Нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Стојановска, во една прилика, за време на пандемијата даде многу интересна изјава:

– Мене карантинот ми дојде како еден одмор и ми овозможи убаво да се одморам од сите ангажмани после долги години“, изјави во една прилика нашата најпозната Тв водителка.

-Едноставно уживав во уметноста на неправење ништо. Средив многу работи за кои претходно немав време, прочитав многу книги, изгледав многу филмови и серии и конечно го најдов времето кое сакав да му го посветам на мојот мачор Рагнар.

Карантинот ме научи и на една нова работа, а тоа е дека можам без многу работи за кои претходно мислев дека не можам!“, изјави Лила во Женски магазин а потоа доби прашање: Кој период од животот Ви бил најтежок?

– Периодот кога го изгубив човекот кој ми беше најголема поддршка во животот – мојот татко! И ништо не се споредува со тој губиток, иако знам дека сега тој е мојот ангел чувар“.

Како што кажав и предходно, тоа беше мојот татко, но сега тоа е син ми Филип, како и неколку блиски драги луѓе. Не се многу, но се вистински пријатели на кои можам секогаш да се потпрам и се до мене кога ми се најпотребни!“ Таа за својата работа зборуваше во интервју за hybrid.mk.

-Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.

Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.

Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално. Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Тоа значи дека мене сите овие години што поминаа, точно 23 како сум пред тв екраните, интензивно работам и повеќе или помалку секоја година имам проект“, рече познатата водителка и инфлуенсерка.

– Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен. Проектот секогаш зависи од гледаноста, што претставува навистина голем товар да почнеш и да одработиш нешто и да знаеш дека мора да биде гледано.

Сосема е нормално во оваа работа, ако емисијата не е гледана да биде укината. Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот.

Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно“, изјави Лила.

– На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така. На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, рече таа за Хибрид.

Лила во една прилика објави ептен фенси слика, на која е облечена само во дуксер, и тоа со Мини Маус. Сликана навечер на скопските улици, водителката на квизот Се или непо напиша: Можеби ќе можеме да уживаме во животот, вечерва.

Лила објавила слика од одмор, а таа е инаку често на плажа во летниот период. Овој пат, сликана е со своите другарки, а меѓу нив е водителката Јована Стојменовиќ.

На сликата, која од која е поубава, и Лила и Јована и другарките изгледаат топ, секоја чест!

Previous articleЕмотивна исповед на докторка од клиниката Жан Митрев: Тоа дека докторот се криел во подрумот од зградата е лага, ние вработените знаеме
Next articleСе омажи ли пак ќерката на Гоце Тодоровски- еве кој е зетот на нашиот познат актер (ФОТО)