Home Live Сани напиша емотивна посвета од која потекуваат солзи: Го паметам моментот кога...

Сани напиша емотивна посвета од која потекуваат солзи: Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат, да знаеш само како ми чукаше срцето

Сите ја знаат Сани дека е многу забавна и често знае да се шегува со нејзините следбеници. Таа во една прилика истакна дека ќе се мажи по третпат, што всушност не беше вистина, туку само сакаше да покаже накит од една наша продавница.

Имено, на тој начин на сите им го привлече вниманието, а кога беше во Австралија тоа го направи пак. Сани објави фотографија како се бакнува со статуа од мајмун, па додаде во описот: ,,Во врска”.

Трајче Толевски, другарот на Сани од групата Скопски боеми, објави видео во кое Сани му меша, а на снимката, таа е облечена како „трбушна плесачица“.

Додека Сани меша, а Трајче меша со неа, тој напишал интересен наслов до ова видео.

Имено, Трајче, кој е познат по својот хумор, и е секогаш подготвен за добра забава, напишал: Плесна група Бардовци.

Таа зборуваше и за фолкерот Аца Лукас, но и за тоа дали има направено естетски корекции.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше.

Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ вели пејачката за Бекстејџ.

Во интервјуто таа вели дека до сега нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но во блиска иднина има план да направи корекција на устата.

Сани објави слика на Инстаграм од својата ќеркичка на која вчера и беше роденден. По тој повод, напиша емотивна порака и го опиша моментот кога таа се родила.

Таа во една прилика раскажа како го запознала бившиот сопруг Мартин, во Слободен печат но пред да даде изјава рече дека медиумите, ниту луѓето не би требало да ги интересира нејзиниот приватен живот кој како и секој друг, не е бајка.

– Како да им објаснам на сите дека понекогаш не е интересно толку транспарентно јавноста да добива секакви информации за мојот приватен живот.

Мојот сопруг е идеална комбинација за предизвик. Него го запознав на една добра свирка… хаххаа на мојот настап во една скопска кафеана.

А за запознавањето можам да кажам дека се уште ни трае. Ние секојдневно си откриваме нови улоги што ни ги наметнува животот и обврските. Идеалност не постои. Затоа бајките се приказни за мали деца.

Ајде да уживаме во времето и да оставиме целата јавност да ужива во она што јас го работам. А сопругот ? Тој е моја обврска и така нека остане – изјави познатата пејачка.

Знаеме дека Сања Гроздановска или популарната Сани важи за еден од најдобрите македонски забавувачи кога се фолк пејачките во прашање. Нема кафеани каде што пее Сани, да нема супер штимунг и добра атмосфера.

Од друга страна, атрактиувната кумановка исто така е позната по својот смисол за хумор. Сани речиси редовно споделува досетливи коментари, шегобијни цитати или зјадливи поговорки и тоа најчесто – на своја сметка. Но, кога ќе ја „чепнат“ каде што не треба, шегобијната фолкерка и тоа како знае да се налути.

По фотографијата може да се забележи дека Сани и ќеркичката многу си личат една со друга.

,,Драга моја ќерко, Колку брзо лета времето … Како да беше вчера, кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат – да знаеш само како ми чукаше срцето … Како те држев во рацете, ти беше толку мала и кревка, а толку прекрасна и совршена.

Се сеќавам како растеше со секој изминат ден, првиот твој збoр, првите твои чекори, првиот ден на училиште.

Да, ќерко, времето лета многу брзо. Ти растеш пред моите очи, но за мене секогаш ќе останеш мојата мала ќерка.”

Previous articleПознато е кој се обидел да ги смири Душко и Карлеуша – адвокатот на Тошиќ објасни што се случува
Next articleЗоки Фаци ѝ призна на Хелена Роза колку била во право во врска со Македонија