Home News Тони Науноски: Ова ли е држава, дозвола ми бараат за мои дрва...

Тони Науноски: Ова ли е држава, дозвола ми бараат за мои дрва да сечам, а дрварите 5 илјади кубик ги продаваат

Во услови на економска, пред се енергетска криза, каква што светот не видел со децении, граѓаните се загрижени, како ќе изгледа престојната грејна сезона.

Особено иритираат информациите дека во некои делови од Македонија, масовно се краде струја и за тоа никој не одговара.

Од друга страна, на чесните граѓани кои задоцниле со плаќањетои на две или три сметки, им се исклучува електричната енергија.

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион.

Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, објави порталот МКД.мк.

ЕВН како компанија со години се обидува да го унапреди системот за ефикасна наплата на сметките за струја, од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново…

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%.

Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%. Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%.

Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Политичкиот аналитичар Тони Науновски, потсетува на уште еден парадокд во нашето општество. Тој во статус на својот профил на социјалните мрежи, објаснува за што се работи:

„Подобро за народот е да нема држава отколку ваква држава, во која дрвата од ,,Македонски шуми’’ се продаваат по само 2900 денари кубик а по дрварите е накај 5000 денари кубик.

Директно од подружниците нема дрва, не можеш да купиш, овој директоров да си провери, освен ако не лаже свесно. Дополнително, има долготрајна и сложена процедура за да си исечеш свои дрва, од свој приватен имот, плус да им платиш на ,,Македонски шуми’’!! За свои дрва.

Имам мој имот, наследство од татко ми, ниви, на кои има дрва. Прашувам за тоа дали може да ги исечам и си ги однесам дома – бидејќи во дрварите е ненормално скапо, и нема – и дознав дека треба да одам некаде во ново Лисиче во некоја зграда од ,,Македонски шуми’’, со обемна документација, па таму да поднесам барање, па некој си шумар да дошол да проверува и да одобри, итн. А тоа е мој приватен имот. Мој дрва.

И сега треба да плаќам на државата, некој џаболебари таму, да чекам некојси шумар и да губам време со него и чекам некаква си дозвола за мој приватен имот, или да богатам некои профитери со дрвари кои купуваат по 2900 денари а продаваат по скоро 5000 денари.

Оваа држава, за оваа работа, е против народот. Во кризна состојба итно владата мора да ги суспендира сите закони и процедури за набавка на дрва, посебно од приватен имот, и јавно да определи највисока цена на дрвата во приватните дрвари.

И сега, наместо каминот, треба на инвертер да се греам и бислим да го читам. Или да го исечам големото дрво на улицата пред мојот двор и да се расправам со т.н. шумска полиција, непотребна институција која мора веднаш да се укине. Одвратно, лоша држава, лани и минатите години не беше вака.“

Previous articleИлина раскажа како го мотивира Игор Џамбазов и како го направила нов човек
Next articleОва се најевтините места за летување во Грција во Септември