Home Live Водителката Јана се огласи по повод згаснувањето на охридскиот маратон- браво, стоечки...

Водителката Јана се огласи по повод згаснувањето на охридскиот маратон- браво, стоечки овации!

Водителката Јана Серафимова е популарна поради својата професионалност кон соработниците и посветеност на работатa, но актуелна е и по други нешта, нејзиниот приватен живот. На Јана и оди во работата, но таинствена беше што се однесува до љубовта.

Една од нашите најубави водителки, Јана Серафимова е и една од домашните најпопуларни водителки, особено откако направи два Тв трансфери. Прво беше во Тв 24, потоа во ТВ Сител како водителка на емисијата Магазин, а сега води спортска емисија на ТВ Телма.

Во едно интервју за Среќа.мк, откри некои нешта за себеси.

-Да, би се согласила дека е најтешко да се опишеме себеси, на сам старт ми давате тешка задача.

Сакам енергијата која што природно ја носам кога не сум пред камери – да ја пренесам и тогаш кога камерите се вклучуваат, па навистина сум среќна доколку гледачите ја чувствуваат таа моја позитива.

Сепак би рекла дека сум личност што не се “расфрла“ со својата енергија, зошто давам максимум љубов и посветеност таму каде што јас избирам, а тоа се: работата и луѓето чија што енергија ми одговара, ми значат и искрено ги сакам.

Сакам музика, сакам и следам спорт (најмногу фудбал), па еве таман да кажам дека една од поголемите маани ми е што не можам да се натерам редовно – рекреативно да спортувам.

Голем е бројот на нештата што можат да ме направат среќна. Среќа е што имам супер семејство и неколку вистински пријатели и тие ми го прават секој ден поубав.

За мене е многу голема среќа кога во нечии очи ќе видам дека јас сум причината што во нив се гледа среќа.

На едно од прашањата кое гласи: Во што би се пронашла освен во водителството, таа рече:

Сигурно дека тоа би била музиката, затоа што тоа е и мојата вистинска професија.

Јана во јули правела свадба со Горан Петровски. Убавата новинарка која е вљубена во спортот и на „Телма“ ја води емисијата „Ферплеј со Јана“, направи свадба со својот сакан“, објави Женски магазин.

Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак минатата година, и уште лани, Јана за Женски магазин рече дека стрпливо ќе чека да попуштат рестриктивните мерки, а големата забава ја планира за на лето.

-Си поминавме најубаво на целиот свет, журката беше супер, дури и над нашите очекувања, благодарение на веселите гости.

Пере од Нокаут ни е пријател, па со задоволство прифати да ни ја отпее ,,Мене ми припаѓаш” за првиот танц, а во текот на целата вечер ,,Тумбао Салса Бенд” не дозволија ни минутка да седнеме, игравме – сите!

Пресреќни сме што нашите драги роднини и пријатели кои живеат во странство, најдоа начин да дојдат и да прославиме заедно, меѓу нив и брат ми кој, единствено викендов немаше професионални обврски во клуб или репрезентација.

Меѓу присутните секако беа и моите драги колеги од Тв24 и ТвТелма .“, раскажала Јана за Женски магазин.

Од вчера е актуелна веста дека по долги години се прекинува уште една спортска традиција. Уште една одлука повеќе од жална за македонското пливање кое, се чини, во моментов е на своите најниски можни граници.

Една од најпрепознатливите домашни спортски манифестации, Охридскиот пливачки маратон годинава нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата, и финансиски недоследности на претходното раководство. За да на крај, цената ја платат спортот и пливачите!

По денешната средба на претседателот на државата, Стево Пендаровски со претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, од кабинетот на претседателот проследија до јавноста информација дека светски признатиот Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи“, објави Екипа.

Oхридскиот маратон ќе згасне од повеќе од трагикомични причини: блокирана сметката на федерацијата и поради недоследно финансиско работење на претходното раководство“, стои во објавата.

По повод згаснувањето на охридскиот маратон, Јана која води спортска емисија на Телма, се огласи на својот Фејсбук профил и напиша:

– Ма браво! Стендинг овејшнс! Зошто да постои една од најстарите и најпрепознатливи спортски манифестации во Македонија? Бодеше и ова делче од традицијата и идентитетот, па мораше и овој трн од очи да им го извадиме на “повредените”.

А другиот трн поодамна е решен, нема Македонска пливачка федерација, Национална е. БРА -ВО“ напишала Јана на Фејсбук.

Previous articleХелена Роза стана модел во Нов Зеланд, еве колку години полни и што рекламира нашата позната водителка (ФОТО)
Next articleВодителката Ведрана денес има посебен повод да слави со дечкото: Кој сака нека честита! (ФОТО)