Home Live Водителката Ведрана денес има посебен повод да слави со дечкото: Кој сака...

Водителката Ведрана денес има посебен повод да слави со дечкото: Кој сака нека честита! (ФОТО)

Ведрана Ѓорѓевиќ која наполни 34 години, е во топ-форма и импонира со својата висина од 183 см, елоквентност и атрактивност.

Иако смета дека естетските операции се веќе секојдневие и кај нас, страст и се тетоважите кои ги покажа како манекенка- невеста на Саемот на венчавки во Скопје.

јавноста ја запозна како модел, во моментов ја води емисијата „Г карпет“ заедно со Миро Кацаров на „Канал 5“. Ведрана за себеси вели дека е спортски тип, и приватно никогаш не се облекува како во студио и на јавни настани.

Кариерата на ТВ ја започна како презентерка на временската пргоноза, а овој анагажман соврешно се вклопи со нејзиното име- кога времето е ведро.

Она што малкумина го знаат за Ведрана е дека има завршено безбедност, има лиценца за брокер, за туристички придружник, а работи и како маркетинг агент.

Со манекенство почнала од 17 години на првата Модна недела која во тоа време се одвиваше на Скопски саем, но повеќе работела како модел и снимала реклами и каталози.

Вели, во секој случај е убаво искуство но не се живее во Македонија од манекенство. Се уште работи како модел и често пати се случува да снима реклами. Последно нешто што снимала е реклама за ребрендирањето на А1, а потпишала и договор за бренд амбасадор на интернационална фирма.

Женски магазин неодамна ги објави сите нејзини професии во прилог во кој таа зборувала за својата убавина.

– Секое утро прво чистење на лице, потоа серум со хијалуронска киселина и крем за лице. Од неодамна поцнав да користам Embryolisse, по препорака на Шурбе, најдобро знае што ѝ одговара на мојата кожа.

Не можам да користам секакви козметички препарати, од причина што и лицето не ми ги прифаќа. Но моментално ја користам оваа крема и совршено ми одговара.

Сè уште немам ставено ботокс или филери во лицето, сметам дека можам со третмани да се одржам уште неколку години“, рекла Ведрана.

– Првата тетоважа ми се букви ,,Independent“ или независна… Тоа не се промени до ден денес. Многу ми е важно да сум независна и слободна, сепак сум Риба а рибата е најсреќна само кога може слободно да плива. Втората е „Be yourself“ со пердув која што на некој начин е продолжение на независна.

Што и да правиш во животот и за што и да се одлучиш да го живееш животот биди тоа што си, и немој да се изгубиш себеси во процесот на растење и живеење. Третата ми е Карт ана -светот на стапалото, едноставно е….

Обожавам да патувам, со секое патување сум се побогата, а овие стапала ќе го прошетаат светот.

Четвртата и последна за сега тетоважа ја направив пред 6 месеци, уште не сум ја промовирала.Направив крила на долниот дел на грбот, веројатно како локација немаше никогаш да го изберам тоа место.

Меѓутоа покрај тоа што сакав да го разубавам телото со тетоважа, сакав да ги покријам и стриите кои ми излегоа од нагло растење во пубертет токму во тој дел“, рекла Ведрана во 2020 година за своите тетоважи.

Пред неколку месеци Ведрана на Инста објави видео од Малдивите каде што одмара со својот дечко. На романтичната снимка, Ведрана со дечкото ужива на рајска плажа.

Вљубените чекорат прегрнати по вода, а Ведрана на една од снимките ја покажа тетоважата на грбот, но и тaнгaта која одлично ѝ стои.

Ведрана прослави една година со својот сакан и по тој повод на Инстаграм напишала интересна и оригинална честитка: Овие двајца глупсовци слават една година заедични глупости. Кој сака нека честита!“, напишала Ведрана до оваа објава.

Previous articleВодителката Јана се огласи по повод згаснувањето на охридскиот маратон- браво, стоечки овации!
Next articleИмам само една кујна и еден душек: Спенџарска се сели и раскажа како почнува од нула