Home Live Зоки Фаци ѝ призна на Хелена Роза колку била во право во...

Зоки Фаци ѝ призна на Хелена Роза колку била во право во врска со Македонија

Водителот Зоран Васливески кој е познат како Зоки Фаци, се налути зошто на Инстаграм не му ставаат лајкови, па на оние кои го следат а не го лајкуваат на Инста стори ги нарече „Клоша-ри провидни“.

Зоки тоа на овој начин го објасни:

– Кло-шари провидни. А тоа иде вака: Зоки, шо правиш? Абе, да не имаш илјадарче до први? Јас: Срцка, зашто ме игнорираш на Инста? И одма имаш 30 лајка…“, напиша Зоки.

Зоки – Фаци е познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на пропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се’ од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

-Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам.

Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се’, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се’.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се’ ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата.

Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери“, рече тој.

Неодамна во интервјуто со Стефан Лазаров на Јутјуб, тој кажа: Работам во „Фламинго“, таму сум маркетинг и ПР, работам во „Ми каса“, работам на Инстаграм, свашта правам.

Минатата година, Фаци не само што ја напушти нашата држава, туку го напушти и континентот и замина далеку, во арапскиот свет. Имено тој уживаше во Обединетите Арапски Емирати каде што ужива во убавините на Дубаи.

Ниту ситуацијата со вирусот не го спречи Зоки Фаци да замине преку границите. Тој на својот профил на Инстаграм секојдневно објавува во каква убавина ужива.

Откако ги спакува куферите и тоа во поголем број и ја напушти Македонија, па со лет од Софија замина во арапскиот свет едноставно го споделува секој момент од престојот во Дубаи.

Зоки Фаци на Инстаграм постојано објавуваше што прави, фотографии и видеа од плажа, од хотелска соба, од шопинг, од ресторани, како шета. Нормално, тој со своите објави предизвика големо внимание, па има многу реакции од своите фанови и пријатели.

Во Репортер, Зоки Фаци емотивно се соголи и раскажа за неговата голема животна битка, за кан церот кој го имал, и тоа го раскажа на овој начин:

– Како што нагласив, ние сме сите во себе материјалисти. Ни фали добра кола, ни фали добар апартман, добра гардероба, скапи саати, скапи патики. Но, ништо од тоа не е важно кога ќе ти соопштат дека имаш кан цер во тебе.

Јас имав канцер на ногата, 750 грама, го извадија целосно, среќа што не е мета стазиран, среќа од добриот кан цер е. Јас оваа прилика би сакал да ја искористам да се заблагодарам на сите доктори во Државна болница кај штом лежев јас.

Сега сме тука, сега сум жив, тоа е некоја епизода од мојот живот што така требало да биде, така решил Господ. Кратко време ми требаше да се опоравам, после две недели веќе искочив од дома, сосема нов јас“, изјави Зоки за Репортер.

Зоки Фаци и’ честиташе роденден на Хелена Роза која е негова долгодишна пријателка. Преку видео порака тој и’ посака:

,,Денес е посебен ден за мене, на Хелена Роза и е роденден. Хеленче, поздрав од Македонија, да си поминеш најубаво на свет денес, го заслужуваш најдоброто, затоа што јас многу те сакам.

Криво ми е што не те послушав кога рече дека Македонија е токсична земја, но меѓутоа јас верував дека не е, ама ти си во право.

Среќен ти роденден од Ми Каса од Скопје до Нов Зеланд, помини си најубаво на свет, замисли си желба и те чекам да дојдеш кога сакаш, изјави Зоки, а потоа Хелена го објави неговото видео.

Previous articleСани напиша емотивна посвета од која потекуваат солзи: Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат, да знаеш само како ми чукаше срцето
Next articleИрена Спировска се потсети на убав момент од минатото: Во друштво на водителот Ненад, бившиот на Кристина Димитри, Викторија Лоба и Јоце Панов (ФОТО)