Home Live Атиџе нема за огрев за да ја помине зимата во новата куќа...

Атиџе нема за огрев за да ја помине зимата во новата куќа во Дорфулија- нова хуманитарна акција за нашата позната пчеларка

Сузана Турунџиева ѝ ги исполнува сите желби на медената Атиџе Муратова, и нивната дружба е веќе добро позната. Иманео, две заедно снимија албум со песни кои од срце ги испејаа.

Албумот со осум песни, на македонски и на турски јазик се промовираше вчера во Скопје, а самите Атиџе и Сузана се и автори на дел од песните. Песните се снимани во студиото на Роберто Поп- Димитров „Кентаур“, кој е исто така дел од авторите.

Познато е дека Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм „Медена земја“ многу се зближија, и јавноста е запознаена со секојднените обиди на Сузана да ѝ помогне на својата нова пријателка за која рече дека се чувствува како да ја знае цел живот.

Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија.

– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет).

Со една единствена цел – да ѝ овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна. Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни.

Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија“, објави Сузе пред да се изгради куќата на Атиџе која сега е веќе готова, и Атиџе ужива во неа.

– Ние навистина имавме чувство како да се знаеме цел живот, иако мене Атиџе никогаш претходно не ме видела. Во Беќирлија нема струја, ниту електричен апарат, освен едно мало радио.

Но, за мене таа слушна подоцна од луѓето во Дорфулија, кои биле воодушевени од мојот гест, дека сепак и покрај сите околности и неможност лесно да стигнеш до Беќирлија, покрај сите пречки сум успеала да стигнам до кај неа заедно со малолетно дете со ранецот на грб.

Од денот кога се запознавме, силно се гушнавме, запеавме и не престанавме да комуницираме. Ништо не си ветивме, ама нема ден да не се слушнеме и да не разговараме за секоја нејзина желба, потреба или немир кој таа и брат ѝ го имаа“, рече таа.

Благодарение на хуманоста на многу пријатели на Турунџиева, Атиџе и нејзиниот брат Феим сега се преселени во новата куќа во селото Дорфулија.

-Малку поплакав кога се селев од Бекрирлија, седев на скалите на старата куќа и плачев. Ми падна жал за моето село, таму сум го поминала целиот живот. Сега сум преселена во новата куќа. Многу ни е убава куќата“, изјавила Атиџе за Женски магазин.

-Се надевам дека веќе нема да се селам. Нема никогаш да се преселам од Македонија“, раскажа Атиџе пред гостите на промоцијат на албумот.

Атиџе, иако се пресели во новата куќа во Селото Дорфулија, има потреба од уште средства за да ја досреди, а ѝ треба и за средување на дворот, но нема ни за дрва за огрев за да ја помина зимата што доаѓа.

Инаку, Атиџе таму живее со својот брат Феим на кој Сузана Турунџиева му помогнала да го поврати видот заедно со д-р Наум Трпеноски.

Таа, заедно до медената и брат ѝ се фотографирани пред приватна ординација која му помогнала на братот на медената да си го врати видот, да може да живее нормално.

„- Те гледам Атиџе, ее сега те гледам! – биле зборовите на Феим – братот на Атиџе после операцијата.

Сузана Турунџиева покрена нова акција за помош на својата добра пријателка. Тоа се декоративни камења кои таа ги цртала, како и садови и сега ги продава, а од продажбата на овие убави уметнички дела, ќе се донира за помош на Атиџе.

Камењата и садовите се со мотив на пчела, во стилот на Атиџе, а Сузана објавила слики од нејзината рачна изработка и на својот Фејсбук профил го упатила овој апел:

– Мислам дека не треба да потенцирам кој(а) ми беше инспирацијата за овие камења?! Атиџе се разбира – жената од која можевме многу да научиме, ама за жал ништо не научивме.

Чест на исклучоци кои покажаа дека се луѓе од збор и луѓе со срце и совест. Мисијата за Атиџе продолжува, следен предизвик е обезбедување на огревни дрва за претстојната зима, средување на дворот, оградување на истиот и изградба на летниковец…

За сите кои сакате да се вклучите во мисијата и да го убрзаме процесот на реализација пред почеток на зимата, пишете ми во инбокс“, стои во објавата на Турунџиева.

Previous articleПрепораки за штедење струја од една домаќинка: Заборавете ја превосмукалката и печете пипер на сонце !
Next articleРосана патува низ Европа, а Коки, нејзиниот поранешен маж со интересен статус (ФОТО)