Home Live Качена на стол, Стојне Николова се „размавна“ во мини фустан и раскажа...

Качена на стол, Стојне Николова се „размавна“ во мини фустан и раскажа кое е нејзиното најголемо задоволство (ВИДЕО)

Како што е познато, нашата пејака на фолк музика Стојне Николова, долго време пееше во Мерак меана, познатата емисија на Сител за народна музика. Мерак меана е нејзина стара љубов, како и на многу наши пејачи од фолк естрадата.

Но, откако оваа емисија ги емитуваше последните епизоди, Стојне сега ја гледаме на друга фреквенција, тоест има нова љубов, а тоа е ТВ Алфа, и пее во емисија која е слична Мерак меана и се вика „На здравје“.

Останува да видиме дали Стојнето од есен ќе пее и на двете фреквенции, или пак ќе ја гледаме само на една. Но, како и дa биде, од нејзината убавина, глас и песни никогаш доста.

На својата најнова слика на Фејсбук, таа е во хеланки и со тесна маица, и вака стегната изгледа супер како и секогаш.

Стојне Николова, мпред извесно време гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта.

Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, се упoкои таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме. Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано.

Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимум, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

– Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп. Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе.

Навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам“, рече таа во Женски магазин, во една прилика.

Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други.

-Јас постојано работам на нови проекти и постојано имам планови што понатаму, што следи, што треба обожавателите да слушаат ново од мене. Веќе имам една многу интересна песна, јас и во претходното интервју нешто најавив.

Се работи за една многу интересна тема, за еден дует со мој колега Манчи, тој е моментално во Австралија, поздрав до него и неговата екипа. Песната се вика “Камионџија”, една тема за која што мислам дека никој се уште не отпеал на македонски.

Во песната свират Џамбо, Мишел, една убава екипа и песната излезе навистина убаво, можам слободно да кажам и очекуваме што поскоро да го реализираме и видеото.

Се работи за голем проект и вложено е многу љубов, труд и во самата песна, а секако дека така ќе биде и за видеото кое ќе се снима тука и во Австралија.-откри Николова минатата година за гледачите на ИН ТВ.

Стојне објави видео како пее на свадба, и се гледа колку таа ужива да ги весели луѓето, а со тоа се весели и таа самата. Стојне замеша на столче заедно со невестата и со младоженецот, облечена во виолетов мини фустан и напиша:

– Задоволство е кога ја работиш работата што ја сакаш и нема поубаво чувство од она кога кај луѓето гледаш задоволни лица. Ви благодарам драги мои на довербата,огромна подршка и позитивна енергија што секојдневно ми ја дарите. Мал дел од синоќешната преубава свадбена веселба.“

Previous articleНоне ужива на Јадранското море во бикини кои повеќе откриваат отколку што покриваат (ФОТО)
Next articleКате од група „Соната“ згодна во купаќи, еве какви слики објави од домашен терен и од плажа (ФОТО)