Home Live Нашата позната новинарка ги објави реалните цени во Грција, еве колку платиле...

Нашата позната новинарка ги објави реалните цени во Грција, еве колку платиле за обилен ручек за тројца (ФОТО)

Во популарната група Live from Greece, наидовме на исповед од Грција, кој навистина го привлекува вниманието:

-Добро вечер драги луѓе, еве да се најавиме од Пефкохори и да ги кажеме нашите впечатоци.

1. Според наше мислење, ова место е извикано, никаде не ја видовме таа прекрасна песочна плажа за која сите зборуваат.

Има делови од плажата каде има песок и мали камчиња, но по само неколку метри има камења. Медузи нема фала богу.

Водата е топла, може да биде и поладна за мој вкус, но ниту мене не ми пречи вака, важно е да се пробањаме.

2. Ова нема врска со самото место, но ако одите преку агенција, размислете добро и видете преку кого одите.

Дојдовме со сопствен превоз, се јавивме на бројот кој што беше наведен на ваучерот, но бројот беше недостапен!

Се јавивме и на други броеви од тие кои беа наведени за да добиеме информации – сите беа непостоечки. Дури откако се јавивме во агенцијата, добивме точни информации за собата.

3. Баравме час и половина паркинг, никаде нема место за паркирање, каде и да застанеме, лутите Грци ни викаа и ни велеа дека паркирањето е забрането.

4. Цените на лежалки се високи, бевме на две места, за вториот и третиот ред потребно беше да платиме вкупно 20 евра вториот ред, 30 за првиот, па од утре ќе си лежиме на нашите лежалки.

5. Јас ги сакам Грција и Грците како да се мои, секогаш се чувствувавме удобно и добредојдени, но овој пат за прв пат наидуваме на проблем.

Климатизацијата, која е вклучена во цената, не работи веќе втор ден. Откако го молевме газдата, од трет пат се јавува кај мајсторот кој тврди дека со клима уредот е се во ред и дека е само до горештините.

Целиот кат има клима, работи за секого, но не и за нашата соба. Првата ноќ непроспиена, сега сме поуморни отколку кога пристигнавме.

Газдата наводно ќе купи нов клима уред утре (во што многу се сомневам) и не знае кога ќе може да го инсталира, а дотогаш треба да издржиме и да се снаоѓаме, додека газдата никогаш не дојде во собата да погледнете како навистина е внатре.

Температурата во просторијата е повисока отколку надвор и се чувствува невообичаена влажност во воздухот.

Елем, досега сме биле во Неи Пори, Паралија, Пефкохори и Закинтос и за сите овие години никогаш не наидовме на проблем и насекаде плажитето, море и услугата беа далеку подобри.

Секое лето на шала се тера темата за „патлиџан туризам“, но ова лето, се чини доби на интензитет.

Секако, за ова е заслужна и кризата за храна и енергенси, која се очекува да се засили следната есен.

Оваа тема е причина за многу сериозни кавги меѓу луѓето од овие простори на социјалните мрежи.

Лавина коментари, предизвика една фотографија на Твитер, за која не е познато дали е од годинава и каде е точно сликана, но контекстот на муабетот е тој.

Имено, една твитерџика, која, судејќи по името на нејзиниот профил е од Црна Гора, објави фотографија на која се гледа „основната опрема“ на едни „парадајз туристи“ и со тоа предизвика лавина од коментари на социјалнуте мрежи.

На фотографијата се гледа парче леб, исечен домат и паштета на крпа со поглед на море.

„Сезоната започна“, напиша таа со емотикони од смеа до солзи.

Како што можеше да се очекува, на нејзина сметка почнаа низа остри коментари и навреди, но и на сметка на сместувањето и гостопримството во Црна Гора (се смета дека фотката е од Црна Гора), а многумина истакнаа дека на плажа нема ништо послатко од паштета и домати.

„Кога си мал и никаков, а животот ти е неостварен, па ставаш туѓи фотографии само за да сееш омраза. Какви се овие комплекси? Дали се лечат?“ „А смешно е кога некој нема пари, тоа ли?”

„Која година е ова точно? А каде е точно? Бидејќи фотографијата е постара од твојата кариера на Твитер и нема никаква врска со нашето крајбрежје,

Многу ме интересира што јадеш ти?, -ова се само дел од некои од многуте коментари под објавата.

Во популарната група „Live from Greece“ една жена ја прокоментира оваа фотографија и симболично напиша:

Јас сум жената што јаде сендвичи со паштета и домати на плажа, а објасни и зошто.

„Да чекав да имам пари за да летувам во „Риц“, веројатно немаше да отидам никаде.

Да чекав да имам доволно пари за јадење во ресторан во текот на целиот одмор, никогаш немаше да отидам никаде.

Да не гледав како да заштедам пари, никогаш немаше да отидам никаде.

Ако не правев компромиси и не одвојував приоритети, никогаш не би отишле никаде.

И сега кога не мораме – подготвуваме едноставни оброци за патувањата. Си носиме сендвичи на турите. Ние носиме храна дури и во авион“, стои во објавата.

Нора Шаќири на Фејсбук објавила колку чини еден ручек за тројца во Олимпијада во Грција. Ова село е сместено на североисточниот брег на Халкидики, на патот кон полуостровот Атос, и опкружено со бујни, зелени планини и се смета за привлечно крајбрежје.

Нора напишала на Фејсбук: Обилен ручек ма преобилен за тројца, и ја објавила цената. Цената е 42.5 евра, а колку што може да се види на сметката, нарачно се главни јадења, салати и пијалоци.

Previous articleЕве во какви односи е Дарко Лазиќ со неговата поранешна Марина- овој бакнеж кажува сè ! (ФОТО)
Next articleВодителката на „Бекстејџ“ на базен, на вакво деколте и Цеца би позавидела (ФОТО)