Home Live Росана патува низ Европа, а Коки, нејзиниот поранешен маж со интересен статус...

Росана патува низ Европа, а Коки, нејзиниот поранешен маж со интересен статус (ФОТО)

Музичарот Коки Јанков пред четири години се развeде од неговата сопруга Росана Петревска, портпаролка на АМСМ.

Љубовниот живот на Коки е како холивудска филмска приказна.

По разводот, Коки се исели од станот и се смири со поранешната девојка, адвокатката Маја Перговска. По гласините дека Коки тајно се оженил, тој откри дека не станува збор за никакаква свадба.

„Маја и јас сме во брак веќе извесно време. Немаше свадба, само склучивме граѓански брак. Забавата за која многумина мислеа дека е свадба, не е никаква венчавка, и нема зошто било што да криеме.

Маја славеше роденден, забавата беше по тој повод. Траеше од 21 часот до полноќ, и која е логиката да правам свадба која трае само три часа, и зошто би била тајна“, изјави виолинистот.

„Бекстејџ“ потоа ги објави гласините дека Никола Јанков Коки кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ се разведува и од втората сопруга, по бракот со Росана.

Нивниот развод помина без поголеми проблеми, а Коки откако се разделија се отсели од нивниот стан.

Тој набргу потоа замина да живее со Маја со која беше во врска пред да се ожени со Росана.

Тие по 11 години повторно се сретнале, а по некое време решија да ја крунисаат нивната љубов со брак.

Тие склучија граѓански брак и не направија голема веселба, иако некои медиуми објавија дека направиле интимна свадба.

Коки овие информации тогаш ги демантираше и изјави дека не била во прашање свадба, туку прослава на роденден.

Бекстејџ објави дека Коки немал среќа и овој пат, со неговата нова сопруга, па по неколку месеци решиле да се разделат и во тек е бракоразводна постапка.

Како што објави Бекстејџ, тие решиле да се разделат по низа расправии и несогласувања на кои сведочеле и соседите.

А неговата поранешна сопруга Росана? Таа за тоа време мудро си молчи. Росана уживаше во улогата на бренд амбасадор на моден бренд, и ужива да се фотографира насмеана, дотерана и да објавува слики од гостувањата на ТВ.

Росана ги сака и прошетките во природа со ќерката и дружбите со пријателите. Изгледа дека разводот навистина ѝ годи. Или можеби пак, има некој што ја прави многу среќна и исполнета.

Откако медиумите објавија дека по долги години врската ја прекинале хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, а се разведе и милијардерот Бил Гејтс, но заврши и љубовта помеѓу Кање Вест и Ким Кардашијан, на Фејсбук се огласи Ина Многуфина:

Не можам више да пофатам кој све раскина и се разведе, Грашо и Данијела, Ким и Кање, Бил и Мелинда…

и све објавуваат навечер да се вознемириме и да си помислиме боже само немој Брена и Бобо кој ќе ги трпи вестите крофни ќе ни ги напраат.

На овој нејзин пост, коментираше токму Росана Петревска, поранешната сопруга на Коки која се пошегува со својот развод и на Ина ѝ напиша: Повлеков нога!

Независен весник објави слики од Росана, која во последно време како да ја нема на социјалните мрежи и во медиумите.

Росана одмара во Охрид и изгледс топ, според сликите објавени на овој портал.

Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) викендов можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата“, пишува Независен.

Росаана дала изјава за Женски магазин овој пат таму пипшува дека важи за жена која во секоја прилика внимава на својот имиџ. Во јавноста позната како лице за односи со јавност, заштитно лице на модни брендови.

Иако далеку од очите на јавноста, Петревска собира позитивни искуства од патувањата низ Европските метрополи.

Често отсутна од државава секогош во друштво на нејзината ќерка Лара, Петревска плени со насмевка и носи нови модни трендови“, стои во објавата.

Росана даде свое мислење за тоа како една дама треба да изгледа во летниот период, на плажа.

– Секогаш складен костим за капење кој ќе одговара на силуетата, шапка (шешир, капче) заштитен фактор, прикладна наметка, убав пешкир, чанта се во склад на боите и модниот стил / тренд кој го сакате“, кажа таа во Женски магазин.

По овој текст, на Фејсбук се огласи Коки, нејзиниот бивши маж кој ја сподели песната „Liberta“, која е позната песна на италијански јазик и значи „Слобода“, а ја пеат Al Bano и Romina Power.

Коки само ја сподели оваа песна за слободата и напишал: „И пак“, ама токму на денот кога неговата бивша се појавила во јавноста.

Previous articleАтиџе нема за огрев за да ја помине зимата во новата куќа во Дорфулија- нова хуманитарна акција за нашата позната пчеларка
Next articleЕве во какви односи е Дарко Лазиќ со неговата поранешна Марина- овој бакнеж кажува сè ! (ФОТО)